Контакт

Забава

(Видео) „Длабока вода“: Бен Афлек, Ана де Армас во забавен еротски трилер

Објавено пред

„Длабока вода“, со Бен Афлек и Ана де Армас во главните улоги, е еротски трилер од некогашниот мајстор на ваков вид филмови: британскиот режисер Адријан Лин, човекот зад „Девет и пол недели“, „Фатална привлечност“, „Непристоен предлог“ и „Неверни“ – популистички класици од 80-тите, 90-тите и 2000-тите, што ja истражуваа раскрсницата на моралот и сексуалноста.

dobivaj vesti na viber

Лин сега има 81 година, но „Длабока вода“ – неговиот прв филм по 20 години – сè уште го наоѓа како ѕирка низ истите замаглени прозорци. Сценариото на Зак Хелм и Сем Левинсон е адаптирано од истоимениот роман на Патриша Хајсмит.

Афлек го игра Вик ван Ален, а Де Армас е неговата сопруга Мелинда – богат пар од Њу Орлеанс, родители на малата ќерка Трикси, чиј брак е распаднат поради неверство. Вик на почетокот изгледа задоволен со тоа што ѝ дозволува на сопругата да се гледа со други мажи. Тој го трпи тоа – како што се гледа во раните сцени кога ќе ја види Мелинда како се бакнува со згоден млад русокос на забава.

Дали таа го прави тоа намерно за да го провоцира? Дали се тоа игри со умот? Дали и двајцата се откажуваат од оваа извртена отворена врска? Настаните стануваат уште помрачни кога ќе се појави телото на еден од пријателите на Мелинда, само неколку дена откако Вик се пошегува дека го убил.

Одеднаш сите жители на градот почнуваат да веруваат дека Вик е убиец. Семејниот пријател Лајонел Вашингтон (Трејси Летс) станува особено убеден во неговата вина и не се плаши да ја каже.

Во споредба со претходната работа на Лин, „Длабока вода“ е класа подолу според некои критичари, кои тврдат дека овој филм го нема истиот шмек на „Фатална привлечност“. Но, има нешто пријатно во ова дело, иако е далеку под очекувањата, а тоа ќе ги воодушеви љубителите на еротските трилери и романите на Хајсмит. Секс, пари и убиство – старите фаворити се преобразија во возбудлив поглед на модерните сексуални обичаи.

„Длабока вода“ ќе почне да се стримува на „Амазон прајм“ на 18 март.

Забава

Канје Вест ја редизајнира амбалажата за храна на „Мекдоналдс“

Објавено пред

Канје Вест тврди дека го редизајнира пакувањето на храната на „Мекдоналдс“.

dobivaj vesti na viber

Раперот (44) ова го соопшти во своето враќање на Инстаграм оваа недела откако му беше забранет пристап до платформата поради објавување расистички говор.

Канје, кој неодамна го смени името во ‘Је’, објави фотографија од новиот дизајн на Мекдоналдс со порака: „Је се здружува со легендарниот индустриски дизајнер Муџи Наото Фукасава за да го редизајнира пакувањето на Мекдоналдс. Следната недела ќе биде помфритот“.

Компанијата „Мекдоналдс“ сè уште не ја коментирала соработката на нејзините профили на Твитер или Инстаграм.

Амбалажата доби пофалби како чиста и минималистичка, што го одразува неговиот бренд на облека „Јизи“ (Yeezy).

Раперот претходно го покажа своето восхитување од „Мекдоналдс“ во песната McDonald’s Man.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Кан 2022: Рецензии за јужнокорејскиот трилер „Лов“, режисерско деби на ѕвездата на „Сквид гејм“

Објавено пред

Иако е ѕвезда речиси 30 години во јужнокорејските филмови, Ли Јунг-јае неодамна стекна меѓународна слава на сосема друго ниво како ѕвезда на телевизискиот феномен „Сквид гејм“. Oва ќе го зголемат интересот за Hunt („Лов“), филм во кој тој не само што глуми, туку е и продуцент, ко-сценарист и режисер, филм кој штотуку ја имаше својата светска премиера на Канскиот филмски фестивал.

dobivaj vesti na viber

Воведните рецензии  за овој шпионски трилер, кој  беше премиерно прикажан на Канскиот филмски фестивал минатиот четврток, нудат необична спротивставеност.

Режисерското деби на Ли ја фикционализира корејската историја и уфрла двојни агенти, закопани тајни и многу скршени раце.

„Првата карта во филмот на Ли Јунг-јае укажува дека ова е измислена приказна и каква било сличност со вистински личности, итн. Но, веднаш потоа следат неколку карти што ја прикажуваат политичката историја на Јужна Кореја во 1970-тите и 80-тите: воениот удар во 1979 година по атентатот на претседателот, и како лидерот инсталиран од тој пуч на крајот ја презеде претседателската функција и започна репресии врз печатот и сите што не се согласуваа со него,“ пишува Стив Понд, уредник на TheWrap и автор на бестселерот на „Лос Аџелес тајмс“ за валкани зделки зад сцената на „Оскарите“.

Започнува со осуетен обид за атентат на новиот претседател, при што атентаторот е убиен додека вика: „Само следев наредба!“ вели Понд. „Значи, што е Hunt? Измислена приказна или тенко прикриена приказна за тоа што се случи откако новиот претседател, кој е неименуван во филмот, дојде на власт?“

„Клучот, можеби, е да не се грижите за секој детал, и да му дозволите на овој возбудлив филм да ве вози.“

Ли го потретира Парк Пјонг-хо, офицер од највисок ранг во Корејската централна разузнавачка агенција (КЦИА). По неуспешниот обид да донесе пребегнат севернокорејски нуклеарен научник, тимот на Парк е осомничен дека бил инфилтриран од крт испратен од Пјонгјанг.

Рецензиите во „Саут Чајна морнинг пост“ се доста поразлични од оние на западните критичари. Според авторот на текстот во весникот, филмот на Ли Јунг-Јае e бомбастичен и конфузен.

Hunt ќе остане запаметен како филм кој во своите фанови ќе ги вброи зависниците од историја и љубителите на хардкор акциони филмови. А за сите останати,  шпионскиот трилер на јужнокорејскиот актер и ѕвезда на Squid Game, Ли Јунг-Јае, е претерано бомбастичен и конфузен.“

„Во својство на продуцент, режисер и член на актерскиот тим, Ли се чини пеколно наклонет да ги исфрли сите историски референци, заглушувачки пиротехнички средства или наративни пресврти што може да ги донесе на екранот и да види што ќе остане.“

„За жал, нема многу. ‘Лов’ на крајот е соборен од своето неуредно раскажување на приказната, што ќе ја збуни меѓународната публика – како оние што го гледаа филмот на Канскиот филмски фестивал минатата недела – без основно разбирање за политичката ситуација во Јужна Кореја во доцните 1970-ти и раните 80-ти, кога е поставено дејствието на филмот.“

Извлечен од различни историски инциденти од реалниот живот – како што е атентатот на авторитарниот владетел Парк Чунг-хи од страна на неговиот сопствен супершпион во 1979 година и обидот за убиство на Чун во Бурма во 1983 година – „Лов“ е најнов во долгата низа филмови кој се обидува повторно да се осврне на овој трауматичен период од историјата на Јужна Кореја.

Прикажи повеќе...

Забава

Крис Прат и Кетрин Шварценегер го објавија раѓањето на втората ќерка

Објавено пред

Крис Прат и Кетрин Шварценегер Прат го дочекаа своето второ дете.

dobivaj vesti na viber

Актерот од Jurassic World Dominion и 32-годишната писателка и ќерка на Арнолд Шварценегер објавија дека во неделата се родила нивната ќерка, на која ѝ го дале името Елоиз Кристина Шварценегер Прат.

Во објавата – графика со името, датумот на раѓање и розова лента – што ја споделија на своите профили на Инстаграм, Кетрин и Кис напишаа: „Толку сме возбудени што можеме да го објавиме раѓањето на нашата втора ќерка, Елоиз Кристина Шварценегер Прат. И мама и бебето се добри.“

„Се чувствуваме повеќе од благословени и благодарни. Со љубов, Кетрин и Крис.“

Двојката го доби своето прво дете заедно, ќерката Лејла, во август 2020 година, додека Крис го има и деветгодишниот син Џек со поранешната сопруга Ана Фарис.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет10 минути

Убиецот пред масакрот во Тексас и’ испратил порака на непозната девојка: „Имам мала тајна“

Осумнаесетгодишниот Салвадор Рамос кој уби најмалку 19 ученици и двајца учители во основното училиште Роб во Тексас, пред масакрот на...

Топ43 минути

Четиринаесетгодишник со нож ѝ се заканувал на аптекарка, го одзел прометот и ја удрил со тврд предмет

Скопското обвинителство до кривичниот суд во Скопје достави Барање за поведување подготвителна постапка против дете поради разбојништво. На 23 мај,...

Свет1 час

Познат идентитетот на децата убиени во масакрот во Тексас

Неколку часа по масакрот во основното училиште во Тексас, почнаа да пристигнуваат информации за жртвите. Полицијата потврди дека загинале 19...

Свет1 час

Сорос предупредува: Русија можеби го означи почетокот на Третата светска војна, нашата цивилизација можеби нема да опстане

Американскиот милијардер и филантроп Џорџ Сорос се обрати на Светскиот економски форум во Давос, предупредувајќи дека руската инвазија на Украина...

Свет2 часа

(Видео) Ова е напаѓачот кој уби 18 деца – објавена е снимка пред да го започне масакрот

Вооружен напаѓач уби 18 деца и наставник во основно училиште во Увалде, Јужен Тексас, објави гувернерот Грег Абот, пренесоа АФП...

Свет2 часа

Наставничка е првата идентификувана жртва од масакрот во Тексас – се обидела да ги заштити децата од напаѓачот

Голема трагедија се случи вчера во САД, кога 18-годишниот Салвадор Рамос уби најмалку 21 лице, меѓу кои 19 деца, ученик...

Свет2 часа

Испукани три балистички проектили во Северна Кореја откако Бајден го напуштил регионот

Јужнокорејската војска соопшти дека Северна Кореја истрелала три балистички ракети рано утринава. Властите во Сеул соопштија дека проектилите биле истрелани...

Свет2 часа

Бајден по крвопролевањето во Тексас: Мора да направиме нешто, децата како да се на бојно поле

Американскиот претседател Џо Бајден и се обрати на нацијата неколку часа по големото крвопролевање во основното училиште во Тексас, каде...

Европа14 часа

(Видео) Орбан прогласи вонредна состојба во земјата

Унгарската влада денеска прогласи вонредна состојба, соопшти премиерот Виктор Орбан. Причина за прогласување вонредна состојба е војната во Украина, а...

Македонија15 часа

(Видео) Пендаровски од Давос: Политиката на отворени врати не треба да важи само за НАТО, туку и за ЕУ

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на Годишниот состанок на Светскиот економски форум во Давос, денеска се обрати на...

Топ18 часа

Од водите на Вардар извлечен маж и итно пренесен во болница

Mеѓу зградата на МРТ и Железничкиот мост од водите на реката Вардар во Скопје бил изваден маж од Скопје, кој...

Македонија21 час

Ковачевски: Автокефалноста на МПЦ– ОА е историска вест и автентичен дел на македонскиот идентитет

Голем е денешниот ден, историски, кога ги чествуваме Светите браќа Кирил и Методиј, да ја добиеме и автокефалноста на нашата...

Македонија22 часа

Архиепископот Стефан: 55 години седевме и чекавме во тремот, сега имаме кој да ни нацрпи вода

Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан се заблагодари на Српската православна црква и српскиот Патријарх Порфириј за признавањето на автокефалноста...

Македонија23 часа

(Видео) Патријархот Порфириј упати Томос за афтокефалност во Вселенската патријаршија за МПЦ

Патријархот Порфириј на заедничката литургија во Соборниот храм во Скопје упати Томос за афтокефалност во Вселенската патријаршија на Македонската православна...

Економија1 ден

Грција одлучи да го плати рускиот гас во рубли, објавија агенциите

Сите грчки компании кои увезуваат руски гас се префрлија на нова процедура за плаќање на „Гаспром“ во рубли и нема...

Македонија1 ден

Пендаровски по повод 24 Мај: Сѐ уште има такви кои си земаат за право да имаат ексклузивитет врз заедничките добра

Денот посветен на солунските браќа, кои не само што ги поставија темелите на духовноста и на писменоста кај словенските народи...

Европа1 ден

СЗО за мајмунските сипаници: Нема да биде потребна масовна вакцинација

Од Светската здравствена организација осврнувајќи се на проблемот со мајмунски сипаници во неколку земји, наведуваат дека не веруваат дека епидемијата...

Европа1 ден

Зеленски: Единствениот руски функционер со кој би разговарал е Путин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера се обрати на Светскиот економски форум во Давос. Во своето обраќање преку видео врска, Зеленски...

Европа1 ден

Бајден: Ова е мрачен момент во нашата заедничка историја

Американскиот претседател Џо Бајден синоќа имаше воведен говор на самитот во Јапонија, на кој присуствуваа лидерите на Индија, Австралија и...

Македонија1 ден

СПЦ и МПЦ со нова заедничка литургија во Скопје

Во соборниот храм „Свети Климент Охридски” во Скопје се одржува божествена литургија со која чиноначалствуваат поглаварот на МПЦ-OА г.г. Стефан...