Контакт

Бизарно

(Видео) Ужас во Тајван: Во окото под капакот ѝ нашле четири мали пчели кои се хранеле од нејзините солзи

Објавено пред

Доктори во Тајван кај некоја жена пронашле четири минијатурни пчели кои живееле во нејзиното око под капакот и се хранеле со нејзините солзи. Иако прво мислеле дека се работи за тешка инфекција на окото, жената, која медиумите ја нарекуваат Хе, открила дека несвесно станала домаќин на четири минијатурни пчели со големина од 4 милиметри.

29-годишната Хе побарала помош од докторото поради неподнослива болка во окото. Докторите биле изненадени со откритието. Тие под капакот на окото, со микроскоп виделе дека нешто се движи, по што утврдиле дека се работи за пчели.

Тие се отстранети, а овој медицински случај е опишан како прв таков во светот, пишува Индепендент.

„Под микроскоп видов нешто што изгледаше како нога на инсект. Полека почнав да ги извлекувам инсектите и тоа едно по едно, да не ги оштетам нивните тела“ рекол доктор Хунг Чи Тинг, шефот на офталмологијата на Универзитетската болница во градот Фојин.

Жената рекла дека извлекувала плевел на гробот на нејзините роднини кога почувствувала дека нешто ѝ влегло во окото. Прво мислела дека се работи за песок или прашина и го измила окото. Но болката станала се посилна, а до вечерта окото ѝ било многу отечено и цело време ѝ солзело. Докторот прво помислил дека е воспаление на рожницата, но по прегледот под микроскоп видел живи инсекти во окото.

Малите пчели, се познати како Halictidae, се лепат за потта на луѓето за да ја впиваат истата.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Бизарно

Грчки полицаец си го заборавил службениот пиштол во кафуле

Објавено пред

Грчки полицаец во атинско кафуле си ја заборавил чантата во која се наоѓал службениот пиштол, па сопственикот на кафулето преку бројот за итни случаи на полицијата го пријавил настанот и побарал да го најдат полицаецот, објавија грчките медиуми.

Според нивните информации, полицаецот не само што го заборавил службеното оружје во кафулето во центарот на Атина туку не се ни вратил да го побара.

„Ве молам, ќе можете ли да го најдете и да го известите полицаецот што си ја заборави чантата со службениот пиштол овде, да дојде да ја земе?“, рекол сопственикот на кафулето во телефонскиот повик до полицијата.

Медиумите пишуваат дека ова е еден од неколку случаи на изгубени или украдени службени пиштоли на полицајци во изминатиот период.

Прикажи повеќе...

Бизарно

(Видео) Тепачка за ,,Патики на Исус“ со мирис на темјан кои чинат 3 000 долари

Објавено пред

MSCHF, компанија со седиште во Бруклин, на пазарот пушти во продажба патики кои ги нарече Jesus shoes (Патиките на Исус), кои и покрај високата цена на продажба од 3.000 долари, се распродадоа за рекордно време.

Станува збор за преработена верзија на патиките Најк Air Max 97s со христијански симболи – крст и света вода. Тие имаат света вода од реката Јордан и се осветени од свештеник, пишуваат медиумите. Крстот, пак, е ставен врвките на десната патика.

Патиките имаат и мирис на темјан, еден од подароците што тројцата свети кралеви му ги донеле на Исус кога се родил.

Прикажи повеќе...

Бизарно

(Видео) Огромен питон тргна агресивно кон туристи во Јужна Африка

Објавено пред

Туристи кои како дел од својата тура патувале кон одморалиштето Балито во Јужна Африка биле изненадени кога на нивниот пат се појавила џиновска змија.

Медиумите јавија дека огромен јужноафрикански питон запрел неколку автомобили што се движеле кон Мозамбик.

Веднаш штом возилата запреле, змијата се сoкрила под чамец кој бил нa еден од автомобилите.

Кога туристите се обиделе да ја повлечат змијата од под чамецот со лесно влечење за опашката, таа се качила на џип во кој имало луѓе, по што настанала општа паника, а ситуацијата е регистрирана и на видеозапис.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ34 минути

Откриена 14-члена криминална група која организирала криумчарење на 400 мигранти од Грција

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Сектор за криминалистички истраги, Национална единица за сузбивање на криумчарење мигранти и...

Македонија1 час

Кривични пријави против Меѓународниот сојуз, „Томато продукција“ и „БМЈ медија груп“

Против Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски – Боки 13, против „Томато продукција“, каде што беше сместена телевизијата „1ТВ“, и против...

Економија2 часа

Владата ја зголеми минималната плата на 14.500 денари

Владата ја зголеми минималната плата на 14.500 денари, објави на владина седница премиерот Заев. Тој истакна дека е постигнат договор...

Македонија3 часа

Заменик-министерот за здравство, Асим Муса, поднесе оставка

Заменик-министерот за здравство, Асим Муса, денеска, на прес-конференција, соопшти дека се повлекува од функцијата. Неговата одлука за повлекување следува по...

Македонија4 часа

На судењето за ТНТ вештак тврди дека и со „нокиа 3310“ може да се прислушува

Во Кривичниот суд утрово продолжи судењето за предметот ТНТ на СЈО. Беше сослушан вештакот Орце Симев, предложен од обвинетите. Вештакот,...

Македонија4 часа

Пендаровски до ЕУ: Дајте ни шанса и дозволете ни да покажеме дека сме подготвени

Македонскиот претседател, Стево Пендаровски, денеска очекува одлука од Европската Унијија, а не сигнал. Тој во интервју за австрискиот весник Die...

Дијаспора5 часа

Македонски организации во Бугарија: Ја повикуваме Софија да го запре говорот на омраза

,,За жал не може да се каже дека прифатената позиција на Владата и парламентот на Република Бугарија изненадува – таа...

Македонија5 часа

Поранешни вработени во „Охис“ на протест пред Собрание, бараат неисплатени плати

Вработени во „Охис“ ја блокираа улицата пред Собранието. Бараат исплата на 24 неисплатени плати. Велат дека протестираат секој вторник и...

Европа6 часа

(Видео) Се судрија полицијата и демонстрантите во Барселона

Илјадници каталонски сепаратисти излегле на улиците во Барселона и се обиделе да го блокираат барселонскиот аеродром по пресудата на деветмина...

Регион6 часа

Пожар во бегалски камп на Самос, се евакуираат мигрантите

Грчките власти евакуираат преполн прифатен центар за мигранти и азиланти на егејскиот остров Самос, каде избувна голем пожар по судир...

Македонија6 часа

Османи во итна посета на Луксембург и Брисел на консултации со ЕУ

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска, патува за Луксембург и Брисел на последни консултации и разговори...

Спорт17 часа

Ајакс со еколошки гест – до Лил ќе патуваат со воз наместо со авион

Холандските шампиони, Ајакс, се решија за еколошката опција за патувањето за следниот меч во Лигата на шампионите против францускиот Лил,...

Македонија19 часа

Пронајден затвореникот кој утрово им побегна на затворските чувари додека купувале сендвич

Полицијата го пронајде и уапси затвореникот кој утрово успеа да им помогне на затворските чувари додека купувале сендвич. Од МВР...

Македонија21 час

Димитров во Брисел: Европа да ја согледа важноста и да донесе визионерска одлука

Во рамки на првиот ден од работната посета на Брисел, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, за првпат се обрати...

Македонија21 час

Утре состанок на историчарите на Македонија и Бугарија, Владата останува посветена на Договорот

Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска имаше средба со нашите историчари, членови на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и...

Топ22 часа

Маж пронајден починат покрај локален пат

Вчера напладне покрај пат во селото Рогачево, Тетовско, бил пронајден починат маж од Скопје. Се работи за лице на 67-годишна...

Македонија22 часа

Бојан Јовановски повторно пренесен во болница поради проблеми со желудникот

Oбвинетиот Бојан Јовановски, познат како Боки 13, повторно е пренесен во болница поради проблеми со желудникот. Јовановски бил пренесен на...

Македонија23 часа

Бактеријата мрса се шири во градинка во Кисела Вода

Бактеријата мрса, која е отпорна на антибиотици, била пронајдена кај три дечиња и кај воспитувачка во градинката „Весели цветови“ во...

Економија24 часа

„Еуромакс рисорсис“ поднесе тужба на решението за рудникот „Иловица-Штука“

„Еуромакс рисорсис“ поднесе тужба до Управниот суд против решението на второстепената државна комисија од 5 септември, со кое ја одби...

Македонија1 ден

Плевнелиев: Македонија заслужува членство во ЕУ, Макрон греши

Го поддржувам пристапот на Македонија и на Албанија во Европската Унија, изјави поранешниот претседател на Бугарија, Росен Плевнелиев, за БГНЕС....

Досие