Забава
(Видео) Жена што работеше со Лајвли ја обвини актерката: „Таа сакаше да го искористи Балдони“
Талија Спенсер, член на екипата на филмот It Ends With Us, поради кој почна целата драма помеѓу Џастин Балдони и Блејк Лајвли, ја коментира нивната врска за време на снимањето.
Спенсер застана на страната на Балдони во шоуто „60 минути Австралија“, а таа немаше многу убави зборови за Лајвли. Таа, всушност, рече дека актерката сакала да го искористи Балдони за да ја преземе контролата врз филмот.
„Мислам дека Блејк ја намириса неговата добрина и ја помеша со слабост“, истакна таа.
Таа за Балдони рече дека тој бил еден од ретките режисери со кои соработувала, кој бил љубезен и пристоен. Таа нагласи дека ѝ е жал што филмот го одбележал конфликтот меѓу Џастин и Блејк и дека се надева оти вистината ќе биде откриена.
„Треба да се докаже невиноста на оние што не се виновни“, заклучи таа.
Да потсетиме дека претходно друг актер од филмот се сврте против Лајвли. Адам Мондшајн, кој го глумеше доктор Данбар, се осврна на нејзините тврдења дека неговиот пристап за време на снимањето на сцената на пораѓање бил „инвазивен и понижувачки“.
„Мислам дека е непотребно да се каже оти моето искуство со работа со неа значително се разликуваше од она што таа го опиша во својата тужба. Всушност, бев изненаден од нејзиниот опис на сцената. Никогаш не се пожали, ниту рече дека ѝ е непријатно бидејќи ништо необично или несоодветно не се случило. Сѐ беше целосно професионално“, изјави тој за „Дејли мејл“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
