Контакт

Забава

(Видео) Жизел Бундшен и Том Брејди ја намалија продажната цена на својата луксузна палата од 900 квадратни метри

Објавено пред

Вилата на Жизел Бундшен и Томас Брејди во Масачусетс сè уште не е продадена, а агентот за недвижности сподели снимка од просторот каде што славната двојка живеела со години.

Виртуелната обиколка на палатата од 900 квадратни метри исто така вклучува и поглед на главната спална соба на познатата двојка и на собите на нивните деца.

Том и Жизел се родители на седумгодишната Вивијан и десетгодишното момче Бенџамин. Брејди од бракот со актерката Бриџит Мојнахан има син, Џон.

Видеото покажува дека синовите на Брејди биле во заедничка просторија, а Вивијан користела посебна просторија. Собата на момчињата со скала е поврзана со платформата.

Покрај простории со врвен дизајн, во куќата има вежбалница и спа-центар. Исто така има маса за масажа, сауна и просторија за медитација.

Жизел и Том минатиот октомври објавија дека ја продаваат куќата, а сегашната цена е 5,6 милиони долари пониска од првобитната – 39,5 милиони долари.

Забава

Алесандра Амброзио ужива во игрите во вода и на песок

Објавено пред

Таа не дозволи чадот од пожарите во Калифорнија да ја спречи да ужива во играње одбојка на плажа во Малибу минатата недела.

И во саботата супермоделот Алесандра Амбросио повторно беше забележана додека поминува уште еден убав летен ден со пријателите, овој пат во областа Санта Моника во Лос Анџелес.

Атрактивната Бразилка (39) ја покажа својата беспрекорна фигура додека се занимаваше со разни активности – сурфање, џогинг на песок и играње одбојка со семејството и пријателите.

Прикажи повеќе...

Забава

Кортни Кардашијан ја разлутија коментари за дружбата со новата пријателка

Објавено пред

Ѕвездата на раеалното шоу Кортни Кардашијан (41) одговори на коментарите на Инстаграм во саботата, откако објави секси фотографии во бикини со нејзината нова блиска пријателка Адисон Ре (19), која е двојно помлада од неа.

Некои од нејзините следачи на Инстаграм ги критикуваа новите објави во фото-галеријата, пишувајќи критички коментари како „има 41 година и се дружи со 19-годишнички во базен“ или „ова пријателство сè уште ме чуди“.

Кортни им одговори: „Дали предлагате некое подобро место. Барам идеи…“

Малата контраверза доаѓа во време кога најстарата сестра Кардашијан и Адисон се нераздвојни со месеци.

Кортни, мајка на три деца, и Адисон воспоставија неверојатно пријателство, пишуваат таблоидите, и додаваат дека тие го поминуваат секој ден заедно.

Прикажи повеќе...

Естрада

Се бара список со имиња на многу славни личности кои летале со авионите на осудениот педофил Епстајн

Објавено пред

Податоци од летовите на авионите на милијардерот Џефри Епстајн, вклучително и „Лолита експрес“, ќе бидат изнесени пред судот, што предизвикува страв кај богатите и славните личности кои се дружеа и одеа на забави со овој осуден педофил, кој минатата година изврши самоубиство во затвор, информираат британските медиуми.

Јавниот обвинител на Девствените Острови, каде што милијардерот имал вила и се сомничи дека извршил бројни злосторства, побара да добие документи за тоа кои биле патниците во овие воздухоплови.

Податоците се однесуваат на неговите четири хеликоптери и три авиони во периодот од 1998 година до самоубиството на Епстајн во 2019 година.

Обвинителот Денис Џорџ поднесе тужба, повикувајќи се на 22 точки, вклучително и трговија со луѓе, тешко силување, злоупотреба на деца, занемарување, присилна работа и проституција, пишува „Дејли мејл“.

Џорџ, исто така, бара да види какви било „поплаки или извештаи за потенцијално сомнително однесување“, како и личните белешки на пилотот. Се бараат и имиња и детали за сите кои работеле со пилотите, комуницирале со Епстајн и патниците кои патувале со него.

Пилотот Дејвид Роџерс претходно откри информација од 2009 година која покажала дека британскиот принц Ендрју, Бил Клинтон, Кевин Спејси и Наоми Кембел биле меѓу оние кои патувале со авионите на милијардерот. Сепак, тоа не значи дека тие биле свесни за злосторствата за кои беше обвинет Епстајн.

Според некои извори, ова предизвикало вистинска паника кај богатите и славните, а адвокатите на жртвите наведуваат дека побараните извештаи не вклучуваат податоци од летовите на пилот кој работел за Епстајн повеќе од 25 години.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија30 минути

Пратениците на Беса го напуштија СДСМ во Собранието, но договорот за коалиција не се растура

Четворицата пратеници на партијата Беса од денеска во Собранието нема да дејствуваат како дел од коалицијата со СДСМ туку како...

Македонија1 час

Станиците Битола 1 и Миладиновци не мерат ПМ10 оти дотраените инструменти биле извор на радијација

Мерните станици се во функција, но дел од инструментите кои ги мерат ПМ10-честичките не работат, велат од Министрството за здрава и...

Македонија2 часа

Драма во Струмица: Роднини насилно го однеле телото на починат пациент, заедно со болничкиот кревет

Роднини и пријатели на пациент кој починал во струмичката болница насилно го зеле телото сосе болничкиот кревет и преку оградата...

Економија3 часа

Наместо карго-аеродром во Штип, ќе се градат училишта, водовод и канализации, соопшти Бектеши

Министерството за економија лани направило измени на Законот за јавно приватно партнерство со кој се отвора можноста средствата предвидени во...

Македонија4 часа

Од Германија екстрадиран Јетон Љужа, обвинет за убиството на Саздо

Третообвинетиот Јетон Љужа во случајот за убиството на Никола Саздовски-Саздо денеска бил екстрадиран од Германија, соопшти МВР. „Денеска од Германија...

Европа6 часа

Две волонтерки претрпеле невролошки проблеми по примањето на оксфордската вакцина

Две лица се разболеле за време на испитувањето на вакцината против коронавирусот на компанијата „Астра Зенека“ во Велика Британија, откриваат...

Економија6 часа

Сојузот на стопански комори предложи 25 мерки за економски спас

Сојузот на стопански комори на Македонија минатата недела достави 25 мерки за економски спас, кои очекува Владата да ги усвои...

Македонија6 часа

Приведено лицето кое нападна лекар на токсикологија, Филипче го осуди инцидентот

Приведено е лицето кое вчера го нападна дежурниот лекар на Клиниката за токсикологија, бидејќи го препратил неговото малолетно дете на...

Свет7 часа

Гутереш: Ширете го мирот за да се борите со коронавирусот

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, во своето годишно обраќање во Генералното собрание на светската организација истакна дека повторно ќе...

Македонија8 часа

Денеска ќе се одлучува дали ќе има дневен престој во училиштата

Комисијата за заразни болести денеска на состанок ќе расправа за воведување целодневен престој во училиштата. Директорот на Здравствен дом Скопје,...

Свет20 часа

САД постигнаа нов рекорд со повеќе од еден милион тестови дневно

САД поставија нов рекорд со повеќе од милион тестови за коронавирус за еден ден, но експертите велат дека им требаат...

Македонија22 часа

Четири лица починаа од коронавирус, потврдени се 178 нови случаи

Во последните 24 часа од коронавирус во Македонија починаа четири лица, а потврдени се 178 нови случаи од 1.368 тестови,...

Македонија1 ден

Родилка и нејзиното бебе починаа на Клиниката за гинекологија, внатрешна контрола го испитува случајот

Родилката која заедно со нејзиното бебе вчера попладне починаа на Клиниката за гинекологија не знаела во која недела е од...

Регион1 ден

(Видео) Пронајдена трета жртва по ураганот во Грција, маж загинал кога врз него паднал покрив

Ураганот Јанош, кој ја погоди Грција, ја однесе и третата жртва во Тесалија во централниот дел на земјата, објавија денеска...

Македонија1 ден

Холштајн: Во интерес на Бугарија е да не го блокира проширувањето на ЕУ во овој регион

Билатералните проблеми не треба да бидат дел од преговарачката рамка за проширување на ЕУ, изјави германската амбасадорка во земјава, Анке...

Македонија1 ден

Пендаровски до Вартоломеј: Нашите православни христијани да бидат еднакви со другите во светот

Претседателот Стево Пендаровски, по повод почетокот на Новата црковна година, упати писмо до Неговата Сесветост Вартоломеј, Архиепископ Цариградски – Нов...

Македонија1 ден

Комисијата одлучува за целодневна настава

Комисијата за заразни болести вчера и денеска ја разгледува можноста за воведување целодневна настава во основните училишта од 1 октомври....

Култура1 ден

Лауреатот на Златна камера 300, Камински со порака на „Браќа Манаки“: Едвај чекам да се видиме во Македонија

На синоќешниот настан за одбележување на 41. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, кој се одржа во...

Економија1 ден

СДСМ: Владата помага со 550 милиони евра, следува четвртиот пакет антикризни мерки

Владата им помага на граѓаните и стопанството со 550 милиони евра, следува четвртиот пакет антикризни мерки, велат од СДСМ преку...

Свет2 дена

Пакет со отров испратен до Доналд Трамп

Пакетот, кој содржи отровен рицин, е испратен до претседателот Доналд Трамп, пренесува „Си-ен-ен“.Двајца полицајци го пријавиле случајот. Извршени се два...

Досие