Бизарно
(Видео) За време на лет испаднал еден од внатрешните прозорци во авион на „Ер Индија“

Бизарна несреќа се случила во авион на компанијата „Ер Индија“, пренесоа светските медиуми.
Според информациите, непосредно по полетувањето од Њу Делхи, авионот влегол во турбуленции, при што испаднал внатрешниот прозорец покрај седиштето 18-A. Поради опасноста од декомпресија, пред седиштата на патниците испаднале неколку маски за кислород. За среќа, надворешниот прозорец останал во своето лежиште, па благодарение на тоа била избегната голема несреќа.
Патниците што не биле врзани за седиштата во паника веднаш скокнале од своите места, а во тие моменти се повредиле тројца од нив. Еден патник удрил со главата во плафонот над своето седиште, притоа добивајќи полесни повреди. Сепак, пилотот решил да го заврши летот без принудно слетување, а повредените добиле лекарска помош во авионот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Бизарно
(Видео) Леопард влезе во куќа и нападна куче, по што започна жестока борба

Снимка од леопард кој напаѓа домашно куче пред врата на една куќа во индискиот град Шимла стана вирален хит на социјалните мрежи. Нападот е регистриран од надзорна камера и ја прикажува борбата за живот и смрт меѓу двете животни.
Видеото покажува како леопардот се качува по скалите и влегува во куќата каде пред една од вратите спие куче миленик.
Снимките предизвикаа паника кај населението и многумина го сожалија питомото куче.
За среќа, лабрадорот Џеки преживеал, но претрпел длабоки рани нанесени од челуста и шепите на дивата мачка.
Кога леопардот се задал кон кучето и двете животни удриле во вратата, а сопственикот на станот ја слушнал вревата и цвилењето на кучето. Тој веднаш ја отворил вратата, а дивата мачка се обидела да го однесе неговиот миленик.
Сепак, леопардот не успеал во тоа и мажот успеал да го избрка.
Она што е неверојатно е дека кучето нема рани или повреди на вратот, бидејќи не дозволило леопардот силно да го зафати таму.
И покрај нападите и траумата, Џеки сега е добро, тој е весел, игра и ги брка мачките и птиците како и обично.
Бизарно
Професорка спиела со најмалку петмина ученици, пронајдени се и експлицитни снимки

Професорката Фиона Виоти (30) спиела со тинејџери од колеџот „Бишоп Дајоцесан“ во Кејптаун меѓу 2013 и 2019 година, потврди истрагата. Мажената професорка по историја во едно од најелитните училишта во Јужна Африка имала сексуални афери со најмалку петмина ученици, пренесоа локалните медиуми.
Сексуалниот скандал го открил 18-годишен ученик, тврдејќи дека бил во интензивна врска со неа и дека таа почнала да врши притисок кога тој сакал да се разделат.
if she is guilty she needs to be locked and registered as a paedophile #FionaViotti pic.twitter.com/Adil26W3A6
— tichaona (@titchdefyne) October 15, 2019
„Најпрво, тој се согласил на сè, но станал жртва кога не било возможно да се разделат. Професорката првично му праќала пораки да се најдат во нејзиниот дом, но дошло до ниво кога му станало доста од сè“, изјавил родител на ученикот и додал дека во тие момент професорката не сакала да го остави на мира, па на крајот отишле кај директорот.
Фиона ја искористила можноста да ги заведе тинејџерите и како тренер на ватерполо тимот на училиштето, а одеднаш во октомври се повлекла, неколку дена пред обвинувањето да излезе во јавност. Приватните детективи ангажирани од училиштето откриле дека таа била насочена кон полнолетни ученици најмалку шест години, пред и по бракот со инвеститорот Пав Виоти (32).
Пронајдени се и нејзините експлицитни снимки кои кружеле низ училиштето и на интернет, но не е откриено кому му ги праќала.
Професорката претходно се занимавала и со манекенство, а нејзини фотографии биле објавени и во „Спорт илустрејтед“.
Нејзиниот дедо бил директор во престижното јужноафриканско, инаку христијанско училиште, додека нејзиниот татко, исто како неа, предавал историја таму.
Според извештаите на локалните медиуми, дисциплинска постапка нема да биде покрената затоа што таа веќе се повлекла, но малку е веројатно дека некогаш ќе може да предава.
Адвокатот на Фиона изјави дека неговата клиентка оди на сесии кај психијатар.
Бизарно
Десет години биле во брак, имаат три деца и не знаеле дека се брат и сестра

Брачна двојка од Волос, Грција, била шокирана откако откриле дека се брат и сестра.
Двојката била во брак десет години и имаат три малолетни деца.
Според грчките медиуми, 30-годишен маж и неговата 26-годишна сопруга ја посетиле Даночната управа за да бидат ослободени од данок како родители на деца со посебни потреби, бидејќи сите три нивни деца имаат инвалидитет.
Меѓутоа, кога даночниот службеник ги ставил нивните податоци во електронскиот систем, открил дека мажот и жената се родени брат и сестра, односно потекнуваат од иста мајка, но од друг татко.
Тие шокирани ја напуштиле даночната канцеларија, а повеќе детали за тоа дали воопшто знаат каде е нивната мајка и како сето тоа поминало незабележано, сè уште не се познати.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Црна хроника3 месеци
Деветнаесетгодишник со автомобил удрил во девојче во Кавадарци