Забава
(Видео) Излезе првиот трејлер на „Sвездени патеки: Пикард“ сезона 2

По повеќе од една година од завршувањето на првата сезона на „Sвездени патеки: Пикард“ (Star Trek: Picard) конечно имаме увид во она што нè чека во втората сезона.
Серијата штотуку започна со продукција, така што не се прикажуваат многу снимки – но филозофскиот монолог на Жан-Лук Пикард и необичната визит-карта ни даваат неколку навестувања за тоа што следува следно.
Тизерот е снимка од канцеларијата на Пикард дома. Гледаме разни предмети поврзани со времето, како што се часовник и песочен часовник, додека Пикард жали дека времето е вистинската конечна граница и дека историјата може да биде подложена на промени.
Се чини дека во втората сезона капетанот Пикард и неговите колеги членови на екипажот ќе ја испитаат можноста за патување низ времето, а можеби дури и да истражат или да создадат нови временски рамки, како неодамнешните преработки на „Sвездени патеки“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
„Хермес“ дизајнираше блутут приврзоци за чанти и куфери

Безжично се поврзани со вашиот мобилен телефон, преку апликација, а нивната улога е да знаете каде ви е чантата е или куферот во секое време, приврзоците од кожа се елегантен и луксузен додаток.
Модната куќа „Хермес“, во соработка со „Епл“, дизајнираше уреди за приврзоци кои се конектирани преку блутут технологијата со мобилен телефон.
Боите на кожените футроли се класични, инспирирани од познатиот дизајн на оваа француска куќа.
Забава
Книги за готвење и духовна литература најбарани за време на пандемијата

Во текот на изминатата година книгите најмногу се купуваа преку интернет. Покрај постојано популарната фантастика, се купуваа и повеќе книги за самопомош, книги за готвење, книги за деца и сликовници.
Уште од самиот почеток на пандемијата, нтересот за книги во книжарниците порасна, а уште повеќе во онлајн книжарниците. Неможноста за излегување и патување придонесе за фактот еден дел од граѓаните, кои претходно не го практикувале тоа, да посегнат по книгата.
Медиумите пренесуваат дека книгите што им помагаат на луѓето да се справат со неизвесноста што ги опкружува, кои нудат одговори на прашања од значење и духовната литература се многу барани.
Книгите за готвење и тие со природни или со традиционални рецепти се исто така многу барани,
–
Забава
Порцеланска убавина: Уметник ја споделува уникатноста на луѓето со албинизам

Професионалната фотографка Џулија Тејтс, со седиште во Израел, фотографира луѓе со албинизам во обид да ја покаже ја нивната посебност и уникатност, а своите проекти ги насловува „Порцеланска убавина“.
Во Европа и Северна Америка се проценува дека 1 од 20.000 луѓе има албинизам. За Џулија, оваа ретка состојба е посебна. Од оваа причина, таа реши да им ги посвети своите два проекта на тие луѓе.
Со своите фотографии сака да ѝ помогне на албино популацијатата и да ги сруши стереотипите што кружат во општеството. Таа ги става мажите, жените и децата на бела позадина за подобро да ја изрази нивната уникатност.
Најголема поддршка добива од модели и од родители, што ѝ дава дополнителна мотивација во работата.
.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион7 дена
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?