Забава
(Видео) Како се менуваа технолошките милијардери со текот на годините: од слаб инженер во мускулест џетсетер

Изгледа дека да се биде технолошки милијардер е многу повеќе од само водење компанија – сега треба да изгледате како акционен херој, да учествувате во екстремни спортови или да тренирате како да се подготвувате за борба во кафез. И тогаш ќе завршите на инаугурацијата на американскиот претседател.
Џеф Безос се трансформира од тивок „гик“ во набилдан ќелав човек, а Марк Цукерберг денес изгледа како секој момент дека ќе почне да рапува. Дали се работи за криза на средните години или е само нов тренд кај богатите.
Но, тешко е да не се забележат физичките промени кај Безос, Маск и Цукерберг во текот на годините…
Џеф Безос
Основачот на „Амазон“, Џеф Безос, ја почна својата кариера во финансии пред да отвори онлајн-книжарница од гаража во 1994 година. „Амазон“ денес е глобален гигант во е-трговија, а Безос е еден од најбогатите луѓе во светот.
View this post on Instagram
Тој се повлече од функцијата извршен директор во 2021 година фокусирајќи се на вселенскиот сектор со „Блу ориџин“. Во меѓувреме, неговиот приватен живот стана тема на таблоидите.
По 25 години брак, Безос се разведе од Мекензи Скот во 2019 година, што резултира со еден од најскапите разводи во историјата. Набргу почна врска со Лорен Санчез, поранешна новинарка, со која ја споделува љубовта кон патувањата, луксузните јахти и вселенските амбиции.
View this post on Instagram
Тема на дискусија стана и неговиот физички изглед – од слаб инженер се трансформира во мускулест џетсетер. Тој често е виден на гламурозни забави и авантуристички патувања далеку од имиџот на поранешниот деловен визионер.
Марк Цукерберг
Марк Цукерберг, основачот на „Фејсбук“ (сега „Мета“), направи револуција во начинот на кој комуницираме. Тој го основа „Фејсбук“ во 2004 година од студентска соба на „Харвард“, а денес „Мета“ води проекти што се движат од виртуелна реалност до вештачка интелигенција. Во слободното време Цукерберг се посвети на џиу-џицу и нуркање со харпун.
View this post on Instagram
Цукерберг 11 години е во брак со Присила Чан, со која има три ќерки. Нивниот живот, иако поприватен од тие на Маск и Безос, често се претставува како балансиран и фокусиран на семејството.
View this post on Instagram
Двојката е коосновач на Фондацијата „Чан – Цукерберг“, која финансира проекти во здравството и образованието.
View this post on Instagram
Сепак, трансформацијата на Марк во спортски тип привлече внимание – од освојување медали на натпревари во џиу-џицу до споделување фотографии од нуркање и тренинзи.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Илон Маск
Илон Маск стои зад „Тесла“ и „Спејс икс“. Тој е познат по своите амбициозни планови за електрични возила, обновливи извори на енергија и колонизација на Марс. Неодамна стана сопственик на социјалната мрежа „Икс“ (поранешен „Твитер“) и е близок соработник на Доналд Трамп.
Личниот живот на Маск е често хаотичен и исто толку драматичен како и неговите деловни одлуки. Тој има 11 деца од три жени, меѓу кои и пејачката Грајмс и поранешната сопруга Џастин Маск. Маск исто така ги користи своите објави на „Твитер/Икс“ за јавно да разговара за сè, од политика до лични расправии, со што приватниот живот му е неразделен од неговиот деловен бренд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Кортни Лав засекогаш ја напушта „Америка на Трамп“: „Таму како да е сè отруено со цијанид“

Кортни Лав, пејачка и вдовица на Курт Кобејн, одлучи да се збогува со Америка на Трамп.
Пејачката откри дека трајно се сели во Обединетото Кралство за време на вториот претседателски мандат на Доналд Трамп.
„Навистина ми е драго што сум овде“, рече таа, пишува „Дејли мејл“.
„Многу е прекрасно да се живее овде. Конечно добивам британско државјанство за шест месеци. Станувам британски државјанин”, рекла Лав (60), а нејзините зборови предизвикале аплауз кај публиката. Таа потоа се осврна на нејзиниот страв од актуелната републиканска администрација во САД.
„Што се однесува до Трамп и конкретно овој тим, тоа е како еден вид империјален стил. Сега е страшно таму. Како сè да е отруено со цијанид“, рече таа.
Пејачката и гитарист, која ја има 32-годишната ќерка Френсис Бин Кобејн, од бракот со покојниот Курт Кобејн, им се придружува на се поголемиот број познати личности кои ги напуштија САД откако Трамп беше реизбран за претседател во ноември 2024 година.
Рози О’Донел, која има отворен став за нејзината сексуална ориентација, минатата недела откри дека таа и нејзиното 12-годишно небинарно дете Клеј се преселиле во Ирска откако Трамп ја победи Камала Харис.
„Кога во Америка повторно ќе биде сигурно дека сите граѓани имаат еднакви права, тогаш ќе размислиме за враќање“, им порача актерката на своите следбеници на социјалните мрежи.
Забава
Бракот тројно го зголемува ризикот од дебелина кај мажите, покажа истражување

Бракот тројно го зголемува ризикот од дебелина кај мажите, покажа полско истражување.
Истражувањето кое ќе биде претставено на Европскиот конгрес за дебелина во Шпанија во мај, било спроведено на 1.200 парови во Полска и покажало дека ризикот од прекумерна тежина во бракот е зголемен за двата пола, но ситуацијата е особено акутна кај мажите.
Истражувачите заклучија дека кога се во брак, ризикот од прекумерна тежина се зголемува за 62 отсто кај мажите и 39 отсто кај жените, во споредба со оние кои не се во брак.
Оженетите мажи имаат 3,2 пати поголема веројатност да бидат дебели од слободните мажи, а таква разлика не е забележана меѓу мажените и слободните жени.
Ова потенцијално се објаснува со културните разлики во ставовите кон дебелината меѓу двата пола, се вели во истражувањето.
Студијата заклучи дека ризикот од дебелина исто така се зголемува со возраста. Секоја година, заканата од прекумерна тежина се зголемува за три проценти кај мажите и четири проценти кај жените. Ризикот од дебелина, сепак, се зголемува за четири отсто кај мажите и шест отсто кај жените, пренесува агенцијата ДПА.
Дебелината се дефинира како индекс на телесна маса од 30 или повеќе, а прекумерната тежина се дефинира како индекс од 25 до 29,99.
Истражувањето го водеше лекарот Алича Цича-Миколајчик од Националниот институт за кардиологија во Варшава.
„Возраста и брачниот статус имаат непобитно влијание врз прекумерната тежина или дебелината во зрелоста, без разлика на полот“, заклучува студијата.
Забава
Скарлет Јохансон не сака да се фотографира со обожавателите на улица, ја откри и причината

Актерката Скарлет Јохансон (40) објасни зошто не и е удобно да се фотографира со обожавателите кои ја среќаваат во јавност. Говорејќи на оваа тема додека го промовираше нејзиниот претстоен филм Jurassic World: Rebirth, Јохансон изјави за InStyle дека не сака да биде „идентификувана“ во одредено време и место. „Тоа навистина навредува многу луѓе“, призна таа.
„Секако дека ценам што луѓето се мои обожаватели и среќни што ме гледаат. Но, секогаш им велам: Не сум на работа. А тоа значи дека не сакам никој да ме „сними“ како некој што бил со нив во тој момент и на тоа место. Јас правам нешто свое“, додала таа.
Актерката нагласи и колку и е важно да ја зачува анонимноста на нејзините деца.
„Мислам дека анонимноста треба да се зачува што е можно подолго, барем додека самите деца не одлучат поинаку. Тоа е одлука што ја донесов за нив“, додаде таа.