Контакт

Забава

(Видео) Камионџија ги следел упатствата на навигацијата и завршил во шума

Објавено пред

Педесет и двегодишен возач на камион следејќи ги упатствата на навигацијата завршил во шума во Австрија.

GPS-уредот му покажувал дека се движи во вистинската насока, па камионџијата не се откажувал иако патот се стеснувал.

Претходно следејќи ги упатствата, возачот игнорирал три знаци за забрана за возење на шумскиот пат во Националниот парк. Најпосле не можел понатаму и шлеперот почнал да се лизга низ бездната.

За среќа, како што пренесуваат медиумите, работник од националниот парк го воочил шлеперот и ги известил надлежните служби. Во спасувачката акција учествувале неколку спасувачки и противпожарни единици, а со помош на кран, шлеперот е извлечен на сигурно.

Забава

Патничка од Тузла се породила во автобус на словенечката граница

Објавено пред

На граничниот премин Брегана, на влезот во Словенија, во автобус кој патувал од Тузла за Хамбург, се породила една патничка.

Меѓу патниците во автобусот на компанијата од Тузла, „Транс Турист“, била жена во поодмината бременост, на која при пораѓањето и помогнале другите патници и возачите на автобусот.

Ова на Фејсбук го потврдил и директорот на туристичката агенција „Транс Турист“, Едо Хасиќ, пренесуваат портали од БиХ.

По пораѓањето, мајката и бебето со медицинско возило биле пренесени во болница. Автобусот со останатите патници продолжил кон Хамбург.

Прикажи повеќе...

Естрада

Бибер и Болдвин потврдија дека се во брак

Објавено пред

Пејачот Џастин Бибер и моделката Хејли Болдвин со објавата на „Инстаграм“ ги прекинаа неколкунеделните шпекулации за нивната венчавка.

Канадскиот пејач, на почетокот на оваа недела, на „Инстаграм“ објави фотографија со 21-годишната моделка како се држат за раце и напиша: „Жена ми е феноменална“.

View this post on Instagram

My wife is awesome

A post shared by Justin Bieber (@justinbieber) on

Болдвинова потоа на „Инстаграм“ го смени презимето во Бибер.

View this post on Instagram

absolute best friend.

A post shared by Hailey Rhode Bieber (@haileybieber) on

Инаку, двојката летоска се сврши на Бахамите по едномесечна врска, што пак 21-годишниот идол на тинејџерките го објави на „Инстаграм“.

Хејли Болдвин е ќерка на американскиот актер Стивен Болдвин.

Прикажи повеќе...

Забава

Необичен моден избор на Јункер, чевли во различна боја

Објавено пред

Јужноафриканскиот претседател Кирил Рамафос требаше да одржи заедничка прес-конференција со Жан-Клод Јункер, но претседателот на Европската комисија одеднаш ја напушти салата. Причина може да бидaт неговите чевли.

За време на конференцијата, една жена од тимот на соработници на Јункер се обиде да му каже нешто. Луксембуршкиот политичар потоа зачекори до работ на подиумот, додека неговата соработничка ги гледаше неговите чевли, кои беа во различна боја – едниот чевел кафеав, а другиот црн.

По неколку збора, Јункер се сврте и излезе од конференциската сала со несигурен чекор.

Твитер, други социјални мрежи и бројни портали наскоро беа преплавени со вести за чевлите на Јункер, но и за можните причини за необичниот моден избор на европскиот политичар.

Прикажи повеќе...

Најново

Фото: Илустрација Фото: Илустрација
Македонија8 минути

Запален автомобилот на сопственикот на „Прагма продукција“, организатор на концертот на Чолиќ

Непознати лица утрово во 3.50 часот му го запалиле автомобилот на Кристијан Стефановски, сопственикот на „Прагма продукција“, која кај нас...

Македонија10 минути

Анѓушев по појадокот кај Курц: Ќе вложиме напори за да обезбедиме подобар живот за граѓаните

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев присуствуваше на официјалниот работен појадок кој го организираше Канцеларот на Австрија, Себастијан Курц...

Македонија51 минута

(Видео) Скајп, МСН и е-маил комуникациите на обвинетите меѓу доказите за „Монструм“

Како што изјави Катерина Јовановска, началник на Одделението за дигитална форензика во МВР, по наредба од судот на 1 мај...

Регион2 часа

Студен бран го погоди Балканот, најмногу снег на Маврово

Студен бран пристигна во земјите од Западен Балкан. Во целиот регион најмногу снег во изминатите 24 часа наврна на Маврово,...

Економија2 часа

Мисијата на ММФ за Македонија: Економската активност закрепнува, но невработеноста сѐ уште е висока

Враќањето на политичката стабилност и напредокот во решавањето на спорот за името со Грција конкретно ги зголеми шансите за отворање...

Економија3 часа

Фирмите со блокирани сметки уште 1 година ќе може да плаќаат сметки со цесија и преземање долг

Министерството за финансии подготвува измени на Законот за платниот промет, е објавено на Единствениот национален регистар на прописи на РМ....

Македонија5 часа

Земјотерес во Грција изутринава почувствуван и во земјава

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при...

Македонија5 часа

Во Маврово 25 сантиметри снежна покривка

Најмногу снег наврна во Маврови Анови и Лазарополе. Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во Маврoви Анови има снежна покривка...

Македонија16 часа

(Видео) Протестот заврши, за малку избегнат инцидент

По речиси два часа заврши протестот пред Собранието против уставните имени. За малку беше избегнат инцидент меѓу организаторите – движењето...

Спорт16 часа

Зверев го „здроби“ Ѓоковиќ за својот најголем трофеј во кариерата

Александер Зверев стигна до својата најголема победа во кариерата, откако го совлада светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ со 6:4/6:3...

Европа19 часа

Европа: Сообраќајките се водечка причина за смртност кај децата

Во Европа на секои шест минути има по една жртва на патиштата, 230 секој ден или 83 000 секоја година,...

Вести20 часа

Нови тврдења: Можно е телото на Кашоги да било изнесено од Турција како багаж

Убијците на саудискиот новинар Џамал Кашоги можно е да го изнеле неговото распарчено тело од Турција како багаж, изјави министерот...

Економија21 час

Џеф Безос: „Амазон“ ќе банкротира

„Амазон“ еден ден ќе пропадне и ќе банкротира, рекол основачот на оваа компанија, Џеф Безос, кој е најбогат човек во...

Свет23 часа

Папата: Неправдата е изопачен корен на сиромаштијата, богатите се се помалубројни, но побогати

Папата Франциско го криткуваше растот на нееднаквоста во богатството во светот, но и третманот кон мигрантите. Поглаварот на Римокатоличката црква...

Македонија24 часа

СЈО истражува криминал при купопродажбата на акциите на „Фершпед“

Специјалното јавно обвинителство води предистражна постапка за купопродажбата на акциите на „Фершпед“ од 2013 година, кога повеќе акционери пријавија дека...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: На претседателските избори ќе ги победиме СДСМ

И покрај целокупниот политички терор и покрај сите, закани и уцени кои што ми ги упатуваат мене и моето семејство...

Бегството на Груевски1 ден

Maкедонија нема договор за екстрадиција со Унгарија – Груевски ќе го бараме со други правни акти

Македонија нема склучено меѓудржавен договор за екстрадиција со Унгарија со кој би го побарала експремиерот Никола Греувски да ја издржи...

Свет1 ден

(Видео) Трамп ја посети Калифорнија: Тажно е ова, итно да им се помогне на оние кои се најлошо погодени

Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во Калифорнија за да го испита теренот кој беше погоен од најсмртоносниот шумски пожар во...

Регион1 ден

(Видео) Запалено американското знаме за време на судирите меѓу полицијата и демонстрантите во Атина

Грчката полиција доцна синоќа се судри со групи маскирани лица во Атина, по завршувањето на протестниот марш за одбелужвањето на...

Свет1 ден

Стејт департмент: Извештаите за убиството на Кашоги се уште не се конечни

Американскиот Стејт департмент издаде соопштение дека владата на сАД не донела конечен заклучок за тоа кој учествувал во убиството на...

Досие