Контакт

Забава

(Видео) Кејти Пери се онесвести за време на снимање емисија

Објавено пред

Американската пејачка Кејти Пери се онесвести на снимањето на емисијата „Американски идол“ откако дошло до истекување на гас во објектот каде што се одвивала аудицијата.

Снимањето било прекинато.

Пред да се случи инцидентот, сите тројоца членови на жири комисијата, која освен Пери ја сочинуваат и кантри пејачот Лук Брајан и Лајонел Ричи, почувствувале чудни мириси на сетот.

„Ова не е шега, навистина се чувствува гас“, рекол Брајан.

„Лошо ми е, многу ми е лошо“, се слуша како вели Кејти.

Кога биле евакуирани, таа рекла: „Не се чувствувам добро“, по што се онесвестила.

Брзата помош пристигнла на местото и пејачката поминала без последици.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Годините не ѝ можат ништо: Мелани Грифит не пропушта ден без вежбање

Објавено пред

Иако во седмата деценија од животот таа изгледа како пред повеќе од триесетина години.

Мелани Грифит (62) беше забележана од папараците додека се упатува кон теретана во Беверли Хилс за нејзиниот редовен фитнес.

Мелани е во самоизолација во нејзиниот дом во Калифорнија среде пандемија на коронавирусот. Но во вторникот таа излезе надвор на свеж воздух и на вежбање во близина на нејзиниот дом во Беверли Хилс.

Актерката ветеран има 62 години не пропушта ниту еден ден без вежбање, таа е  фитнес фанатик.

Секако, заслуга за зачуваниот младешки изглед на Мелани имаат и естетските хирурзи, но едно е очигледно – актерката изгледа феноменално.

 

Прикажи повеќе...

Забава

Kлаудија Шифер ангажирала чувар за својата долна облека

Објавено пред

Клаудија Шифер откри дека порано барала заштита за својот долен веш бидејќи многу парчиња од нејзината лична гардероба исчезнувале додека таа била на модната писта.

„По завршувањето на модните ревии постојано ми ја снемуваше долната облека, мојот градник, моите килоти … не беа таму каде што сум ги оставила,“ 49-годишната Германка, супермодел, изјави за мајскиот број на магазинот „Ел“ на кој таа е насловната страница.

Русокосата убавица беше една од првите супермодели во 90-тите која постигна голем успех заедно со останатите од групата наречена Big Six (Големата шесторка) – Наоми Кембел, Синди Крафорд, Кристи Тарлингтон, Линда Евангелиста, и Татјана Патиц.

Таа се сеќава како некои луѓе правеле чудни, понекогаш екстремни обиди за да ги сликаат.

„Беше лудо … како да си рок-ѕвезда. Не можев да стигнам до својот автомобил. Луѓето ги сечеа модните шатори и правеа дупки за да сликаат. Имаше голем тим обезбедување на секоја модна ревија,“ додава таа во интервјуто за „Ел“.

Клаудија, која во август ќе наполни 50 години нема никакви проблеми со возраста и тврди дека е нормално „палката на убавината да ѝ се предаде на следната генерација“ и додаде дека таа старее природно.

„Во мое време добивав многу прекрасни комплименти. И потоа влегувате во следна фаза и продолжувате понатаму. Не мора цел живот да ве нарекуваат убава.“

„Тоа е убаво сеќавање, но потоа доаѓа следната генерација. За мене е природна работа да го отстапиш местото…да не бидеш завидлив или љубоморен”.

 

Прикажи повеќе...

Забава

На Џерард Батлер му досади да седи дома, отиде на плажа со друштво

Објавено пред

Џерард Батлер и неговата девојка Морган Браун уживаат на плажа во близина на Малибу и покрај тоа што во сила е политиката „Остани дома“ поради кризата со коронавирусот.

Актерот своето време го дели меѓу Глазгов, во родната Шкотска, и Лос Анџелес, неговиот посвоен дом откако стана водечки човек на сребреното платно.

Имајќи предвид дека месецов кризата со коронавирусот достигна температура на треска, ѕвездата на хитот „300“ изминативе неколку недели е во самоизолација во Јужна Калифорнија со својата долгогодишна љубов Морган Браун.

Но, во понеделникот Џерард и Морган излегоа надвор за да се сретнат со пријатели на плажа северно од Малибу и покрај политиката „Остани дома“, што моментно е во сила во Голден Стејт.

Штом пристигнале на плажата, Батлер и друштвото внимателно избрале место на песокот одржувајќи растојание од речиси два метра според препораката на здравствените власти.

Ѕвездата на „300“ е во спорстко издание со маскирни шорцови и бело-црвена маица со долги ракави.

Другите луѓе во нивна близина исто така биле оддалечени околу 1,8 метри.

Минатата недела локалнита власти во Лос Анџелес најавија затворање на плажите, пристаништата, патеките за велосипеди на плажа, точките за пристап до плажа, јавните патеки. Забраната ќе важи до 19 април.

Градот ги затвори и пешачките патеки. Но, на поединци и на семејствата сè уште им е дозволено да одат на пешачење, да возат велосипед или да купуваат основни продукти и да одат во аптека сè додека ја одржуваат пропишаната оддалеченост од другите луѓе.

„Останете дома!“, градоначалникот на Лос Анџелес, Ерик Гарсет, повтори во понеделникот.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа38 минути

Бројот на починати од Ковид-19 во Европа се искачи над 30.000

Европа изгуби над 30.000 животи во пандемијата на новиот коронавирус Ковид-19, од кои повеќе од една третина се во Италија,...

Европа1 час

Уапсен терорист во Виена, се криел во старски дом

Во Виена е уапсен терористот што го барале руските власти, а кој се криел во старски дом. Руските власти издале...

Свет2 часа

Сто заразени на американски носач на авиони: „Не сме во војна, морнарите не мора да умрат“

Капетанот на американскиот наосач на авиони „Теодор Рузвелт“, на кој има повеќе од 4.000 членови на екипажот, побарал итна помош...

Свет2 часа

Русија испраќа медицинска помош во САД за борбата против коронавирусот

Русија ќе испрати во САД опрема за помош во борбата против коронавирусот, јавуваат руските агенции повикувајќи се на портпаролот на...

Регион2 часа

Бугарија, по еден ден, ја укина наредбата за носење маски

Бугарската влада, по само еден ден од носењето на одлуката, ја укина наредбата за носење заштитни маски на јавни места...

Свет2 часа

Во САД повеќе од 4.000 починати од коронавирус, Трамп најави две многу болни недели

Белата куќа објави нова процена дека во САД коронавирусот ќе одземе меѓу 100.000 и 240.000 животи доколку се почитуваат ограничувањата...

Македонија3 часа

Забрана за камиони на Стража, Плетвар и на патот Маврово – Дебар

Од изутринава има забрана за движење тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар, на Плетвар и на...

Регион14 часа

Косово ги укина таксите за Србија и БиХ

Косовскиот премиер во оставка Албин Курти објави дека косовската влада донела одлука за укинување на таксите за производи од Србија...

Македонија17 часа

(Видео) Пендаровски: Ситуацијата со коронавирусот останува сложена

Претседателот Стево Пендаровски по седницата на Советот за безбедност посочи дека ситуацијата останува сложена бидејќи не се знае колку долго...

Македонија17 часа

Филипче: Зголемувањето на бројот на пациенти е очекувано, таквиот тренд ќе продолжи до крајот на април

Според министерот за здравство, Венко Филипче, зголемувањето на бројот на пациенти во овој период е очекувано од страна на епидемиолозите,...

Македонија18 часа

Филипче: Инспекторатот утврди пропуст кај охридската болница

Министерот за здравство, Венко Филипче, посочи дека сè уште се чекаат резултатите на 16 пациeнти од Заводот за рехабилитација во...

Македонија18 часа

Седум македонски граѓани од Перу преку Португалија ќе се вратат во државава

Министерството за надворешни работи информира дека уште седум македонски граѓани се вратени од Лима, Перу на европско тло. Утрово авионот...

Македонија19 часа

(Видео) Владата го донесе вториот пакет економски мерки – платите на функционерите скратени на 14.500 денари

Владата ја одржа 32. седница на која беше разгледан и усвоен вториот пакет економски мерки за справување кризата. Деталите за...

Македонија20 часа

Кумановец и дебаранец починаа од коронавирусот, за еден ден регистрирани 44 заразени

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести од коронавирусот починале двајца мажи, едниот на возраст од 45...

Економија21 час

Спасовски: Се одложуваат наплатите за закуп на станови

Пратениците, претседателот на Собранието, директорите и министрите ќе земаат минимална плата од 14.500 денари наместо досегашните над илјада евра за...

Свет21 час

Светот собори уште еден мрачен рекорд со Ковид-19: повеќе од 800.000 заразени

Бројот на заразени со новиот коронавирус Ковид-19 во светот денеска надмина 800.000 потврдени случаи, посочува Ресурсниот центар за коронавирус „Џон Хопкинс“,...

Македонија22 часа

Владимир Талески осуден на 8 години затвор за проневера на 360 илјади евра

Судечкиот совет во случајот „Транспортер“ донесе пресуда со која го осуди ексградоначалникот на Битола, Владимир Талески, на 8 години затвор...

Свет23 часа

(Видео) Индија и Пакистан ги претвораат возовите во мобилни болници

Националната железница во Пакистан ги претвори сите вагони од бизнис-класата во подвижни одделенија за пациенти со Ковид-19 додавајќи илјадници болнички...

Свет1 ден

Речиси 50 милиони Американци би можеле да останат без работа

Милиони Американци веќе ги загубија своите работни места како резултат на кризата од коронавирусот, а најголемата штета допрва претстои, според...

Македонија1 ден

Тестирањето за Ковид-19 го закажува матичниот лекар и по протокол го следи лекувањето на пациентот

Министерството за здравство информира дека секој матичен лекар, кој преку „Мој термин“ му закажува на својот пациент тестирање на Ковид-19,...

Досие