Контакт

Естрада

(Видео) Концертот на Анастасија во полупразна сала

Објавено пред

Анастасија го почна концертот во салата „Борис Трајковски“ со енергичен настап. Сепак, не успеа да ја наполни салата како други светски изведувачи. Со неа на сцена има петчлен бенд кој ги свири песните во живо и две пратечки вокала.

Анастасија рече дека е многу возбудена и дека првпат настапува во Македонија.

Концертот во Скопје ниту музички ниту визуелно не се разликува од оние во другите европски метрополи во кои што Анастасија ќе го претстави својот нов албум. Покрај песните од истиот, на сцената во „Борис Трајковски“ присутните

имаат можност ексклузивно да ги слушнат безвремените хитови како: Left outside alone, Sick and tired, Paid my dues, I’m Outta love…и многу други.

Анастасија од 2000 година, кога почна нејзината популарност има продадено 52 милиони албуми. Првиот албум во 2000 година ѝ донесе голем светски успех. Следната година е прогласена за најдобар поп женски изведувач, а во 2002 година ја испеа химната на Светското првенство во фудбал. Во 2005 година светски хит кој уште се пее, стана нејзиниот дует со Ерос Рамазоти, I Belong To You.

Анастасија направи пауза во кариерата од 2006 до лани, а Скопје е дел од нејзината повратничка турнеја Evolution.

С.Д.

Естрада

Почина кралицата на соул-музиката Арeта Френклин

Објавено пред

Од

Арeта Френклин, кралицата на соул-музиката во САД и културолошка икона, денеска почина на 76 години од рак на панкреас, пренесоа американските медиуми.

Публицистот Гвендолин Квин  изјавил за „Асошиејтед прес“ дека Френклин починала денеска во 9:50 наутро во нејзиниот дом во Детроит. Во изјавата се вели дека причината за смртта бил рак на панкреасот во напредна фаза.

Минатата година Френклин ги најави своите планови да се повлече од музичките турнеи по објавувањето на новиот албум.

Добитничката на 18 Греми награди е една од најпродаваните уметници на сите времиња е дел и од „Рокенрол куќата на славните“.

Во 2017 година, Френклин изјави дека планира да се пензионира по соработката со Стиви Вондер на нов албум.

„Ќе снимам, но ова ќе биде мојата последна концертна година“, изјави Френклин лани.

Прикажи повеќе...

Естрада

Горан Бреговиќ: „Цел живот имам страв од сиромаштија“

Објавено пред

Од

Горан Бреговиќ денес е еден од најистакнатите музичари. Сепак, иако има сè што сака, Горан се сеќава на детството во кое не било така.

– Целиот мој живот имам страв од сиромаштија. Тоа не е како кај нас, кога сте на улица, немате тетка да одите на ручек, немате вујко да позајмите пари. Војна е и во војната сте изгубиле сè што сте имале во еден ден. Долго време се плашев од сиромаштија. Гледајќи наназад, од страв купував премногу работи. Пред војната имав куќи, станови, бродови, автомобили. Сега веќе не се грижам за себе, имам деца и го имам истиот страв и за нив – рече Бреговиќ во интервјуто за списанието „Стори“ и додаде дека поради стравот, се обидува да ги обезбеди и децата.

– Прилично доцна ги добив наследничките, па кога сте помлад, најверојатно не размислувате да имате мали деца кои рано може да останат без родители. Како постар се обидувате да се грижите за нив повеќе отколку помладите родители. Би сакал да знам, ако умрам, дека тие се обезбедени – заклучи Брега за „Стори“.

Прикажи повеќе...

Естрада

(Видео) Нова песна на групата Fiction – ,,Некој друг”

Објавено пред

Од

Fiction е бенд оформен во јуни 2016 година од страна на Петар Ѓуревски (вокал), Виктор Захариев (гитара, придружни вокали) и Филип Андонов (гитара).

Во почетоците функционираат како кавер-бенд за подоцна да почнат да создаваат своја авторска музика.

Песната „Некој друг“ е нивното најново музичко парче. Музиката и текстот се на Виктор Захариев, а зад аранжманот стои целиот бенд. На изданието учествуваат и Дарко Цакиќ на тапани и Симеон Ангеловски на бас-гитара.

Инаку, Fiction токму со оваа песна настапуваше на годинешниот „Рокфест“ во МКЦ, каде што имаше одличен настап, а Виктор Захариев ја зема наградата за најдобар гитарист на фестивалот.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа1 час

Германски министер во посета на Аушвиц: Со тага и срам се поклонувам пред милиони жртви

Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, го посети поранешниот нацистички логор на смртта, Аушвиц. Притоа тој рече дека со...

Мартин Протоѓер, СЈО, Титаник Мартин Протоѓер, СЈО, Титаник
Македонија7 часа

„Ќе им се мочам у уста на ‘А1’“, ѝ вели Протоѓер на Јанкулоска

По паузата во кривичниот суд, продолжи објавувањето на бомбите во предметот „Титаник“. Досега, од 1.063 бомби, објавени се 219. Во...

Македонија8 часа

Полициските станици немаат бензин, му се жали Јанкулоска на Ставрески

Во телефонски разговор од 31 мај 2011 година, меѓу Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески, ексминистерката му се жали на вицепремиерот...

Економија9 часа

Дизелот поскапува, бензините поевтинуваат

Од ноќеска на полноќ бензините ќе поевтинат за половина денар, а цената на дизелот ќе се зголеми за половина денар,...

Регион10 часа

(Фото) Претепаната Британка во Сплит раскажува: Беше ужасно, нè заклучија во соба и почнаа да нè тепаат

Полицијата во Сплит потврди дека младата Британка била нападната за време на својот одмор во Сплит во хостелот во кој...

Македонија10 часа

Дерковски: Јанакиески може давал инструкции, но прашање е дали јас сум го послушал

Учествувам во избори уште од 1994 година и од секогаш сум соработувал со институциите, Јанакиески може да дава насоки, но...

Македонија11 час

Претседателот на ДИК, Дерковски, во бомбите добива насоки од Јанакиески за денот на гласањето

Оливер Дерковски, сегашниот претседател на ДИК, го има во бомбите што се пуштаат во јавноста. Во еден од разговорите од...

Македонија12 часа

„Кажете дека брашното е канцерогено“, Јанакиески нарачувал инспекции во ромското маало во Струмица

Во кривичниот суд во Скопје продолжи пуштањето на бомбите во предметот „Титаник“ на специјалното јавно обвинителство. Во неколку од разговорите...

Економија12 часа

Грција ја напушта европската програма за помош

Грција излезе од кризата и ја напушта европската програма за помош. По осум години економски реформи, кои беа под надзор...

Регион13 часа

Гром усмрти момче на плажа кај Сплит

Сплит и околината вчера ги зафати невреме во кое загина младо момче. Како што пренесуваат хрватските медиуми, момчето го погодило...

Свет13 часа

(Видео) Пукање врз Амбасадата на САД во Анкара

Врз Амбасада на САД во Анкара, околу пет часот по локално време, биле испалени неколку истрели од возило во движење....

Свет1 ден

Долг, сериозен и детален разговор помеѓу Путин и Меркел

Три часа траеа разговорите помеѓу лидерите на Русија и Германија, Владимир Путин и Ангела Меркел во Берлин. Портпаролот на рускиот...

Свет1 ден

(Видео) Два силни земјотресa од над шест степени ја погодија Индонезија

Индонезискиот остров Ломбок денеска го погодија два силни земјотресa, со јачина од 6,3 и 6,9 степени според Рихтеровата скала, а...

Регион1 ден

Дачиќ во Анталија: Србија нема да биде дел од никаква коалиција против Турција

Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, денеска од Анталија изјави дека Србија е верен и искрен пријател на Турција и...

Свет1 ден

Францијa: Кај 840 мостови постои ризик од евентуално уривање

Околу 840 мостови во Франција имаат сериозна штета и се изложени на голем ризик од нивно можно уривање, покажуваат податоците...

Регион1 ден

Запленети 247 килограми марихуана во близина на грчко-албанската граница

Грчката полиција во две одделни акции запленила 247 килограми марихуана внесена од Албанија. Во првиот случај во Неа Селефкиа, кај...

Економија2 дена

Во вторник ново задолжување од 6,5 милиони евра за да се вратат стари долгови

Во вторник, 21 август, Министерството за финансии од домашните банки ќе побара заем од 6,5 милиони евра. Станува збор за...

Свет2 дена

Нов силен земјотрес го погоди индонезискиот остров Ломбок

Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени според рихтеровата скала денеска го погоди индонезискиот остров Ломбок, соопшти американскиот геолошки институт....

Македонија2 дена

На Богородица и Табановце се чека од 15 до 30 минути за влез и излез од државата

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини Богородица и Табановце се...

Свет2 дена

Oд понеделник во Гана еднонеделна жалост по смртта на поранешниот Генерален секретар на ОН

Претседателот на Гана, Нана Акуфо Адо од понеделник прогласи еднонеделна жалост по смртта на поранешниот Генерален секретар на Обединетите нации...

Досие