Забава
(Видео) Критичарите одушевени од враќањето на Круз во новиот „Топ ган“

На Том Круз му требаа 36 години да се врати во опасната зона за да го донесе продолжението на „Топ ган“ на екранот, а првите рецензии од филмските критичари велат дека вредело да се чека.
Тop Gun: Maverick заработи 96 отсто позитивна оценка на „Ротен томатос“, веб-страницата агрегатор на рецензии (позитивни и негативни). Оваа оценка се базира на 57 рецензии заклучно со четвртокот, 12 мај.
Филмот ќе дебитира во киносалите на 27 мај.
Круз се враќа како Пит Мичел, дрскиот пилот на морнарицата, со кодно име Маверик, кој никогаш не се искачил низ ранговите поради неговата наклонетост кон отфрлање на авторитет.
Марк Кенеди од „Асошиетед прес“ филмот го нарече „пример од учебник како да се направи продолжение“.
Аналитичари на киноблагајните предвидуваат дека филмот од „Парамаунт пикчрс“ ќе биде еден од најголемите кинохитови ова лето.
Критичарите потенцираат дека филмот нуди возбудливи сцени со летање, емотивна приказна и силни изведби од споредната екипа вклучувајќи го Мајлс Телер, кој го глуми синот на Гус, партнерот на Маверик, кој почина во оригиналниот филм од 1986 година.
Но, најголем дел од пофалбите беа резервирани за Круз.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Енди Мекдауел и Хелен Мирен ги воодушевија фановите танцувајќи во Кан

Енди Мекдауел и Хелен Мирен се забавуваа на црвениот тепих во Кан и со својот танц ги воодушевија фановите
Холивудските дами Енди Мекдауел и Хелен Мирен танцуваа на црвениот тепих во Кан, на премиерата на филмот „Мајка и син“.
Тие ги воодушевија и новинарите и фановите, кои коментираат дека и во седмата, односно осмата деценија, актерките знаат како да се забавуваат. На премиерата Мекдауел (64) беше облечена во лелеав фустан со пруги, а Мирен (76) носеше сребрен фустан.
View this post on Instagram
Забава
Илон Маск доби тужба од акционерите на „Твитер“ за манипулација

Акционерите на Твитер поднесоа тужба против Илон Маск и самиот Твитер за манипулирање со надолната цена на акциите на компанијата за време на нејзината понуда за преземање, вредна 44 милијарди долари.
Инвеститорите тврдат дека директорот на Tесла заштедил 156 милиони долари со тоа што не пријавил дека до 14 март купил повеќе од пет отсто од акциите на оваа социјална мрежа. Тие побараа од судот да ја признае нивната групна тужба и непознатиот износ на отштета.
Кон тужбата се приклучија и на Твитер, тврдејќи дека компанијата морала да го истражи однесувањето на Маск, иако не побарале отштета од неа.
Инвеститорите тврдат дека и по преминувањето на прагот од пет отсто од акциите, Маск продолжил да купува акции, за да пријави дека на почетокот на април имал 9,2 отсто од акциите.
„Со одложување на известувањето за својот удел во Твитер, Маск манипулираше со пазарот и купи акции на Твитер по вештачки ниска цена“, изјавија обвинителите.
Забава
Канје Вест ја разгорува војната со Ким во новиот сингл

Канје Вест повторно ја разгорува војната со поранешната сопруга Ким Кардшијан за старателството над нивните четири деца во најновиот сингл New Love, кој излезе во четвртокот навечер.
„Кога ќе ги земам, се чувствувам како да ми ги позајмиле“ гласи еден стих од песната.
Во песната, со вокал од покојниот XXXTentacion, се појавува Канје (44), изразувајќи го своето незадоволство од распоредот за неговото старателство, додека рапува: „Чекај, кога ќе ги видиш децата? Ќе се видиме утре/ Чекај, кога ќе зајде сонцето? Се гледаме утре“.
Раперот, исто така, тагува поради фактот што неговите деца не се постојано со него: „Кога ќе ги земам, се чувствувам како да ми ги позајмиле/ Кога треба да ги вратам, ги скенирам ги како бар-код“.
Вест, кој ги дели Норт (8), Сент (6), Чикаго (4), и Псалм (3) со реалити-ѕвездата (41), продолжува да се жали на облеката на децата.
„Кој ги облака децата во овие алишта?“/ Зошто не можат да носат ‘Јизи’? прашува тој, алудирајќи на сопствениот бренд.