Забава
(Видео) „Ласт кристмас“ на „Вем“ сингл број еден на британската топ-листа

Песната Last Christmas на култното дуо „Вем“ за прв пат е на врвот на табелата синглови во Велика Британија, 36 години по нејзиното деби.
Празничната класика беше емитувана 9.2 милиони пати во текот на минатата недела, соборувајќи ја на првото место Don’t Stop Me Eating на Ледбејби.
Прв пат објавена во декември 1984 година, песната на Џорџ Мајкл и Ендру Риџли беше потисната од Do They Know It’s Christmas? на „Бенд еид“ (Band Aid) во рамки на глобалниот, музички рок-концерт со цел да се соберат средства за надминување на гладта во Етиопија. Настанот беше одржан истовремено на стадионот Вембли, Лондон.
Риџли рече дека е воодушевен и задоволен што „Ласт кристмас“ дури сега успеа да дојде на врвот на табелата. „Иако поминаа 36 години по првото издавање, што е, можеби повеќе од сè, доказ за нејзината безвременска привлечност и шарм“.
„Тоа е соодветна почит кон генијалноста на Џорџ за пишување песни. Од оваа почест тој ќе беше неизмерно горд и воодушевен“, додаде Риџли.
Откако песната е објавена во 1984 година, шест пати се враќаше во првите 10.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Роберт де Ниро и Џон Бојега заедно во трилер за поранешен возач на Формула 1

Роберт де Ниро и Џон Бојега влегуваат во брза лента со новиот трилер The Formula за „Нетфликс“.
77-годишниот Де Ниро и 28-годишниот Бојега ќе бидат главни протагонисти во филмот, а Де Ниро ќе биде и продуцент заедно со својот долгогодишен соработник Џејн Розентал, објави порталот „Дедлајн“.
Жерард Мекмареј го напиша сценариото и воедно и ќе го режира филмот, негова втора соработка со „Нетфликс“ откако претходно напиша и режира еден од нивните први оригинални филмови, Burning Sands, од 2017 година.
Според најавата, „Формулата“ е возбудлива сторија за некогашен возач на трки, „тркачко чудо на Формула 1, кој е принуден да стане возач за бегство за да го спаси единственото семејство што му остана“.
Некогашниот тркач на Ф1 мора да вози за мафијата за да го спаси своето семејство.
Забава
Деми Ловато се враќа на телевизија со главна улога во нова комедија на Ен-би-си

Деми Ловато се враќа на малите екрани на голема врата, со главна улога во нов проект на Ен-би-си, комедија под наслов Hungry.
Доколку проектот се претвори во серија, тоа ќе биде прва редовна улога на 28-годишната пејачка и актерка откако го играше насловниот лик во Sonny with a Chance, која се прикажуваше од 2009 до 2011 година.
Според порталот „Холивуд репортер“, проектот сè уште нема добиено нарачка за серија.
Забава
Џенифер Гарнер на дневна дружба со стара пријателка

Тие заедно глумеа во 13 Going On 30, романтична комедија од 2004 година.
Џенифер Гарнер и Џуди Грир негуваат пријателство кое трае до денес.
Во понеделникот, по прошетката со Џуди, Џенифер ги задеваше своите следачи на Инстаграм предизвикувајќи ги да погодат со кого се дружи тој ден.
Таа ја покажа својата придружничка одзади на својата инстаграм-приказна и напиша: „Денес бев да се прошетам со една од моите најомилени личности“.
На друга фотографија, Џенифер напиша: „Совет: Застанува и разговара со секое куче што ќе го види!“
Гарнер е мајка на Вајолет (15), Серафина (12) и синот Семјуел (8), кои ги дели со поранешниот сопруг Бен Афлек. Таа и добитникот на „Оскар“ за „Арго“ се разделија во 2015 година по 10 години брак, а разводот го финализираа во 2018 година.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот