Забава
(Видео) Милановиќ снимен како си го закопчува шлицот, па си го брише носот со раката

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ вчера го одликуваше врхобосанскиот кардинал Винко Пуљиќ за, како што беше истакнато, зачувување на хрватскиот идентитет, како и за меѓурелигиски, културни и хуманитарни активности.
Поради однесувањето на Милановиќ за време на одликувањето, видеото од оваа церемонија набргу стана хит на „Твитер“.
Prvo zakopčavanje šlica, pa brisanje nosa maramicom, onda sapun i parfem. @Ured_PRH pic.twitter.com/Wh7xsPsMA0
— Pлameнкo Мurатovић 🇸🇮🇭🇷🇧🇦🇲🇪🇷🇸🇽🇰🇲🇰 (@PlamenkoM) January 17, 2022
Претседателот на Хрватска стоел до кардиналот, а камерите го снимиле во еден момент како првин си го закопчува шлицот, а потоа со раката си го брише носот, пренесува Klix.ba.
„Првин закопчување на шлицот, па бришење на носот со марамче, па сапун и парфем“, „Гледај го Пуљиќ како го гледа шлицот“, „Избриши му го носот со ракавот“, „Урнебесно. Овој господин до него гледа и се чуди“, „Ова треба да има GIF“, „ Ги покажа сите свои вистински манири“, се само дел од реакциите на „Твитер“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Кјара на насловна страница во костим за капење

Kара се најде на насловната страница на Sports Illustrated Swimsuit, а ваквото искуство го опиша како конечно остварување на сонот.
36-годишната пејачка на Level Up изгледа максимално затегнато во едноделен костим со леопард-дезен додека позира како супермодел на плажа.
„Овој сон да бидам на насловната страница на SI, конечно, се оствари! Навистина се гордеам што сум на насловната страница на еден ваков култен магазин и што се придружувам на елитната листа жени што се појавија пред мене“, напиша таа во објава на социјалните мрежи.
„Ова е прослава!“
Забава
(Видео) Овој момент – нов видеозапис на Горан Папаз и Влатко Стефановски

Саксофонистот Горан Папаз објави нов видеозапис насловен „Овој момент“, каде гостува и легендарниот Влатко Стефановски.
„Не можам да опишам со зборови колку ми значи ова парче музика на кое ми гостува човекот кој никого нè оставил рамнодушен со неговото свирење. Бескрајно сум благодарен на маестро Влатко Стефановски и на сите што работеа на овој проект“, напиша Горан Папаз.
Видеото е изработено од страна на нашиот познат режисер и сценарист Гоце Цветановски.
Аранжманот и продукцијата на песната се на Гоце Симоноски, мастерингот е на Лазар Цветкоски, а музиката е на Горан Папаз.
Песната е снимена и работена во студиото на Лазар Цветкоски и Танче Гроздановски.
Забава
Кристин Квин блеска во сино

Кристин Квин позира во впечатлива креација при посета на Емпајер стејт билдинг, еден од првите и легендарни облакодери во Њујорк, кој стана негов симбол.
Реалитиѕ вездата (33) на себе има дводелен сет со дезен на змиска кожа во сина боја што ги истакнува нејзините рамни и дефинирани стомачни мускули.
Поранешната членка на актерскиот тим на Selling Sunset, која драматично ја напушти серијата откако беше обвинета за поткуп, исто така, ја искористи можноста да ја промовира својата книга How to Be A Boss B * tch ( „Како да се биде кучка шеф“).