Контакт

Бизарно

(Видео) „Мишелин бебе“ на шестмесечна возраст има 12 килограми и е ѕвезда

Објавено пред

Девојчето предизвика сензација во социјалните медиуми кога родителите објавија видеоснимка од нејзиното мало раче, која досега е видена 4,7 милиони пати.

На возраст од шест месеци, Ксу Јујан има 12,5 килограми. Во просек таа е потешка од другите бебиња на нејзина возраст за една третина, односно 4 килограми.

Поради јастучињата на рацете, Јујан е позната во кинеските медиуми како „Мишелин бебе“. Дебелкото раче потсетува на маскотата на францускиот производител на гуми „Мишелин“, коментираа некои од гледачите на видеото.

Таткото на Јујан, Ксу Леи, од провинцијата Џилин во североисточна Кина, вели дека неговата ќерка е здрава.

Тој го нарече бебето „грејпфрут“, вид цитрус, бидејќи изгледа како грејпфрут.

Г. Ксу и неговата сопруга со видеоснимки го документираат растот на Јујан.

Таткото признава дека е малку загрижен за големината на ќерката, поточно дека во иднина таа ќе биде дебела.

Просечната тежина за шестмесечно девојче во Кина изнесува 7,2 килограми.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Бизарно

Грчки полицаец си го заборавил службениот пиштол во кафуле

Објавено пред

Грчки полицаец во атинско кафуле си ја заборавил чантата во која се наоѓал службениот пиштол, па сопственикот на кафулето преку бројот за итни случаи на полицијата го пријавил настанот и побарал да го најдат полицаецот, објавија грчките медиуми.

Според нивните информации, полицаецот не само што го заборавил службеното оружје во кафулето во центарот на Атина туку не се ни вратил да го побара.

„Ве молам, ќе можете ли да го најдете и да го известите полицаецот што си ја заборави чантата со службениот пиштол овде, да дојде да ја земе?“, рекол сопственикот на кафулето во телефонскиот повик до полицијата.

Медиумите пишуваат дека ова е еден од неколку случаи на изгубени или украдени службени пиштоли на полицајци во изминатиот период.

Прикажи повеќе...

Бизарно

(Видео) Тепачка за ,,Патики на Исус“ со мирис на темјан кои чинат 3 000 долари

Објавено пред

MSCHF, компанија со седиште во Бруклин, на пазарот пушти во продажба патики кои ги нарече Jesus shoes (Патиките на Исус), кои и покрај високата цена на продажба од 3.000 долари, се распродадоа за рекордно време.

Станува збор за преработена верзија на патиките Најк Air Max 97s со христијански симболи – крст и света вода. Тие имаат света вода од реката Јордан и се осветени од свештеник, пишуваат медиумите. Крстот, пак, е ставен врвките на десната патика.

Патиките имаат и мирис на темјан, еден од подароците што тројцата свети кралеви му ги донеле на Исус кога се родил.

Прикажи повеќе...

Бизарно

(Видео) Огромен питон тргна агресивно кон туристи во Јужна Африка

Објавено пред

Туристи кои како дел од својата тура патувале кон одморалиштето Балито во Јужна Африка биле изненадени кога на нивниот пат се појавила џиновска змија.

Медиумите јавија дека огромен јужноафрикански питон запрел неколку автомобили што се движеле кон Мозамбик.

Веднаш штом возилата запреле, змијата се сoкрила под чамец кој бил нa еден од автомобилите.

Кога туристите се обиделе да ја повлечат змијата од под чамецот со лесно влечење за опашката, таа се качила на џип во кој имало луѓе, по што настанала општа паника, а ситуацијата е регистрирана и на видеозапис.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија37 минути

Прогласени пет нови природни реткости – меѓу нив и Чинарот во Охрид

Министерот за животна средина и просторно планирање донесе решение за прогласување 5 нови природни реткости: Киселичката пештера, Чинарот во Охрид,...

Свет1 час

(Видео) Кара: Додека не го исчистиме регионот од терористи, акцијата во Сирија нема да престане

Операцијата „Извор на мирот“ на Турција во Сирија ќе продолжи сè до расчистување на регионот од терористи. Досега се убиени...

Регион2 часа

Малолетник украл автобус и ги развезувал патниците низ Белград

Младо момче, според неофицијални информации малолетник, за време на такси-блокадата во Белград, украл автобус на линијата 59, кој го држи...

Македонија3 часа

Јанакиески: Не можам да бидам вработен, една година сум во притвор

На повторниот нов почеток на судењето за предметот „Насилство во Општина Центар“, судијата Душан Јосифов им го утврдуваше идентитетот на...

Свет4 часа

Ким Џонг-ун јавајќи бел коњ се искачи на корејската света планина

Водачот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, вети дека ќе ги совлада меѓународните санкции за кои рече дека донеле многу тешкотии...

Свет4 часа

Ердоган го одби повикот на САД за примирје

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, го одби повикот на САД за итен прекин на огнот во северна Сирија. Ова следува...

Свет4 часа

Семејство во Холандија живеело 9 години во подрум чекајќи го крајот на светот

Во подрумот на куќа во Руинерволд, Холандија, е пронајдено семејство што таму живеело изминативе девет години чекајќи го крајот на...

Регион5 часа

Полицијата во Словенија во воз пронајде 13 килограми хероин вреден над милион евра

Словенечката полиција откри повеќе од 13 килограми хероин во меѓународен патнички воз што патувал од Турција за Австрија, што е...

Европа5 часа

САД ги повикаа каталонските демонстранти на умереност

Соединетите американски држави ги повикаа каталонските демонстранти на умереност во реакцијата на судската пресуда за политичарите што организираа референдум за...

Македонија16 часа

Спасовски најави намалување на казните за сообраќајни прекршоци

Потпретседателот на СДСМ и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на граѓанската трибина во Кичево најави дека наскоро ќе следува...

Свет17 часа

(Видео) Судири на протестот на пожарникарите во Париз, полицијата употреби солзавец и водени топови

Француската полиција употреби солзавец и водени топови во судирите со пожарникарите кои протестираат во Париз. #Policiers contre #pompiers, quand les...

Македонија19 часа

Министрите на ЕУ не донесоа одлука за почеток на преговори со Северна Македонија

Министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија не донесоа одлука за определување датум за почеток на преговори...

Европа20 часа

(Видео) Најмалку 170 повредени во судирите во Барселона

Најмалку 170 лица се повредени, меѓу кои и 40 полицајци, во судирите меѓу демонстрантите и полицијата кај Меѓународниот аеродром во...

Регион22 часа

Косово го повлече барањето за прием во Интерпол

Премиерот во оставка на Косово, Рамуш Харадинај, денеска испрати писмо до Собранието на Интерпол во кое се вели дека Приштина...

Спорт22 часа

Михајлов ја презеде одговорноста, си поднесе оставка

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Бугарија Борислав Михајлов ја напуштил функцијата по расистичките испади на навивачите на синоќешниот квалификациски натпревар...

Свет22 часа

Оштетен аеродромот во Барселона, откажани 45 лета

Поради протестите во Шпанија, откажани се 45 лета на меѓународниот аеродром „Ел Прат“ во Барселона, кој, според информациите, претрпел мала...

Свет23 часа

Руската сајбер-шпионка од скандалот со велешките лажни интернет-страници приведена во Минск

Руската државјанка и осомничена сајбер-шпионка, Ана Богачева, на која САД ѝ наметнаа санкции поради наводно мешање во изборите и чие...

Топ23 часа

Откриена 14-члена криминална група, која организирала шверц на 400 мигранти од Грција

Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал, Секторот за криминалистички истраги, Националната единица за сузбивање шверц на мигранти и трговија...

Македонија1 ден

Кривични пријави против Меѓународниот сојуз, „Томато продукција“ и „БМЈ медија груп“

Против Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски – Боки 13, против „Томато продукција“, каде што беше сместена телевизијата „1ТВ“, и против...

Економија1 ден

Владата ја зголеми минималната плата на 14.500 денари

Владата ја зголеми минималната плата на 14.500 денари, објави на владина седница премиерот Заев. Тој истакна дека е постигнат договор...

Досие