Контакт

Забава

(Видео) НАСА сними панорамски фотографии на Марс со висока резолуција

Објавено пред

nasa fotogragii od mars

Роверот „Кјуриосити“ на НАСА сними панорамски фотографии на Марс во највисока резолуција досега.

Панорамата е составена од повеќе од 1.000 фотографии во текот на Денот на благодарноста минатата година и содржи 1,8 милијарда пиксели, соопшти НАСА.

За снимање на панорамата била користена камерата „Маст“, односно „Масткам“. На панорамата е прикажан Глен Торидон, подрачје што „Кјуриосити“ го истражува веќе со години. Снимени се за време на 24 ноември и 1 декември.

„Кјуриосити“ е роверот на НАСА, кој во 2012 година успешно слета на Марс и ја почна својата, на почетокот замислена како двогодишна, истражувачка мисија за која сè уште не се знае кога ќе заврши.

Главните цели на „Кјуриосити“ се истражување на климата на Марс и на геологијата и барање одговори на прашања дали на планетата некогаш постоел живот.

„Кјуриосити“ со себе ги носи најнапредните инструменти кога било лансирани кон Марс и со своите 900 килограми најтежок ровер, кој некогаш слетал на друго небеско тело.

 

Неверојатно откритие на Марс! НАСА објави фотографии од мистериозен отвор, а неговата намена е неверојатна



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Ќе се снима филм за капетан Том Мур

Објавено пред

Животната приказна на поранешниот капетан на британската армија Том Мур ќе биде тема на голем нов филм, објави Би-би-си.

Британските компании „Фред Филмс“ и „Паудер кег пикчрс“ ги откупија правата за снимање.

Ветеранот од Втората светска војна се прослави за време на самоизолацијата кога собра 39 милиони фунти за Националната здравствена служба пешачејќи десетици кругови во неговата градина.

Тој го постигна овој подвиг кога се приближуваше до неговиот 100-ти роденден и оттогаш беше означен како „национално богатство“, пренесува британскиот јавен сервис.

А што се однесува до актерот кој би го глумел, духовитиот Мур рекол дека не познава 100-годишни актери, но сепак, негова желба е тоа да биде Мајкл Кејн или Ентони Хопкинс

Прикажи повеќе...

Забава

Шон Ленон ќе го одбележи роденденот на својот починат татко Џон

Објавено пред

Синот на легендарниот музичар Џон Ленон, Шон Оно Ленон, за првпат го интервјуираше sер Пол Макартни за односите со неговиот татко, а разговорот ќе биде дел од програмата со која ќе се одбележи  80-тиот роденден на починатиот „битлс“

„Сега гледам назад во минатото како фан“, вели Макартни во врска со првата средба со Ленон.

„Колку имав среќа што го сретнав овој чуден Теди бој кој свиреше иста музика како и јас, и ние се здуживме, се надополнувавме!“

Разговорот ќе биде дел од специјалната дводелна програма на Радио 2, насловена „Џон Ленон на 80 години“, настан што ќе го одбележи роденденот на починатиот „битлс“.

За време на разговорот, sер Пол ја свири една од првите песни на двоецот Ленон-Макартни, Just Fun.

Напишанa додека тинејџерите бегале од училиште, никогаш не била снименa официјално – иако претходно се слушнал мал дел од неа во филмот за „Битлси“ Let It Be.

Документарниот филм ќе вклучува и интервјуа со полубратот на Шон, Џулијан и неговиот кум sер Елтон Џон.

Програмите ќе бидат достапни на 3 и 4 октомври, пред роденденот на Ленон на 9 октомври.

Британските медиуми деновиве ја пренесоа веста дека Марк Чепмен, човекот што го уби Џон Ленон, ѝ се извини на вдовицата на покојниот „битлс“, Јоко Оно, 40 години по неговата смрт и рече дека жали за грозоморниот чин.Чепмен го застрела легендарниот музичар пред неговиот стан на Менхетн, Њујорк, на 8 декември 1980 година.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Излезе првиот трејлер за „Супернова“

Објавено пред

Првиот трејлер за филмот „Супернова“ ги следи Колин Фирт и Стенли Тучи како хомосексуална двојка која посетува места од минатото, додека едниот од нив има рана фаза на деменција.

Фирт и Тучи ги глумат ликовите Сем и Таскер, кои се заедно повеќе од 20 години. На Таскер му била дијагностицирана рана деменција пред две години.

Тие патуваат низ Англија во посета на пријателите, семејството и места од нивното минато, бидејќи нивната врска е ставена на краен тест, пишува „Варајети“.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион8 минути

Трите коалиции го поддржаа Кривокапиќ за мандатар на новата влада во Црна Гора

Здравко Кривокапиќ ќе биде мандатар за состав на новата влада во Црна Гора, одлучија пратениците на трите колаиции, пренесуваат црногорските...

Македонија42 минути

Бошковски од Инфективна: „Состојбата ми е подобра, се чувствувам одлично“

Состојбата ми е подобра, се чувствувам одлично, вели лидерот на партијата Обединети за Македонија, Љубе Бошковски, по информацијата дека синоќа...

Македонија1 час

Поради несослушани сведоци, одбиени докази и толкувани снимки, Миланов смета дека Јанакиески е жртва во „Насилство во Центар“

Ако се суди според казнената политиката не би требало да има ништо повеќе од условни казни, а Миле Јанакиески е...

Македонија2 часа

Извештај на ИЈЗ: Пораст на бројот на новозаразени и починати за една недела

Согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 14 до 20 септември, регистрирани се вкупно...

Македонија3 часа

Родителите кои беа ослободени со мерките и хронично болните се враќаат на работа

Од денеска, со одлука на Владата, дел од групите кои целосно беа ослободени од работа поради состојбата со коронавирусот, се...

Македонија3 часа

(Видео) Заев – Гир: За неколку месеци очекуваме успешна завршница на подготовките на преговарачката рамка

Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска го прими новоименуваниот амбасадор на ЕУ во нашата земја, неговата екселенција Дејвид Гир. Тој...

Европа4 часа

Лукашенко ненајавено положи заклетва за претседател

Александар Лукашенко денеска ненадејно и без најава положи заклетва за новиот претседателски мандат, пренесува државната новинска агенција „Белта“. Церемонијата за...

Европа4 часа

Жестоки реакции против новите мерки во Британија, можно е да се вмеша и војската

Новите рестриктивни мерки што ги објави премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, против ширењето на коронавирусот, наидоа на жестоки реакции...

Свет5 часа

Jапонска компанија тврди дека има лек кој го скратува времето на закрепнување од Ковид-19

Jапонската компанија „Фуџифилм“ објави дека нејзиниот лек „Авиган“, веќе одобрен за потешките групи, обезбедил статистички значајно намалување на времето за...

Македонија5 часа

Анализа: Најголемо зголемување на вработените во полицијата, а најголемо намалување во одбраната

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави истражувањето и базата на податоци на вработувањата во министерствата и општините во последните...

Македонија6 часа

Заев со писмо до Вартоломеј побара писмена одлука за автокефална Македонска православна црква

Премиерот Зоран Заев испратил писмо до патријархот Вартоломеј, поглавар на Цариградската патријаршија, во кое се навраќа на средбата во Истанбул...

Македонија19 часа

Во 169 основни и 4 средни училишта ќе се следи настава со физичко присуство

Во 169 основни и четири средни училишта ќе се одвива настава со физичко присуство. Ваквата одлука доаѓа откако попладнево Владата...

Македонија19 часа

Јанакиески ќе бара да биде додаден во листата на оштетени во предметот „Таргет-Тврдина“

Миле Јанакиески ќе достави барање до Кривичниот суд за да биде додаден во листата на оштетени во предметот „Таргет-Тврдина“ за...

Македонија20 часа

„Водовод“ не најде бактерии во градската мрежа во Скопје по паниката што се прошири на социјалните мрежи

Водата од градскиот водовод во скопски Бутел нема бактерии и исправна е за пиење, а веста што се прошири на...

Свет21 час

Одложен самитот на ЕУ – претседателот на Европскиот совет ставен во карантин

Состанокот на ЕУ, кој требаше да се одржи на 24 и 25 септември, е одложен за 1 и 2 октомври,...

Македонија1 ден

Пет лица починаа од коронавирус, потврдени се 88 нови случаи во Македонија

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.618 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: Состојбата со вирусот повторно се влошува, ако е потребно ќе има рестрикции

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција најави дека за есенва се размислува за воведување на повеќе мерки како...

Македонија1 ден

Мицкоски ги повика граѓаните утре да излезат на протест против неправдата и мафијата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повика на нов протест што ќе се одржи утре во 18.30 часот. Како што порача...

Економија1 ден

(Видео) Бектеши: Субвенциите за етнички вработувања се дел од изгласаната владина програма

Вработувањата кои ќе поттикнат добри меѓуетнички односи се вметнати во Владината програма која е изгласана од Собранието, изјави министерот за...

Свет1 ден

Русија очекува до 15 октомври да регистрира втора вакцина против коронавирус

Русија очекува до 15 октомври да регистрира уште една, втора по ред, потенцијална вакцина против коронавирус, јави агенцијата ТАСС повикувајќи...

Досие