Контакт

Забава

(Видео) Научниците открија мистериозен звук кој доаѓа од мразот на Антарктикот

Објавено пред

Научници откриле мистериозен шум на леденикот Рос на Антарктикот. Се смета дека звукот е создаден од страна на ветровите кои удираат во ледените блокови и предизвикуваат вибрации во тлото. Како резултат на вибрациите се создаваат сеизмички тонови, пишува Си-ен-ен.

Звукот има ниска фреквенција за човечкото уво и може да се чуе само со помош на соодветна опрема.

Експертите веруваат дека тие ќе можат да ги искористат овие вибрации, за со нивна помош да ги следат промените на леденикот.

Забава

Џенифер Гарнер и Бен Афлек чекаат синот да дојде од роденденска забава

Објавено пред

Бен Афлек неодамна изјави дека разводот од неа е нешто за што ќе жали целиот свој живот.

Поранешниот филмски пар Бен Афлек и Џенифер Гарнер се чини дека беа во длабок разговор додека го чекаа нивниот осумгодишен син Семјуел Гранер Афлек да дојде од роденденска забава во Лос Анџелес во четвртокот попладне.

Поранешниште сопружници, двајцата на возраст 47 години, имаат и две ќерки Вајолет (14) и Серафина Роуз Елизабет (11).

Бен и Џенифер се венчаа во 2005 година, а се разделија 10 години подоцна. Разводот стапи на сила во 2018 год.

Бен од неодамна почна да го промовира својот нов филм The Way Back („Патот назад“) за кошаркарски тренер кој се лечи од алкохолизам.

Папараците го фотографираа и малиот Семјуел кој изгледаше среќен што ги гледа своите родители заедно.

И покрај разделбата, Афлек и Гарнер останаа блиски пријатели во заедничкото родителство на своите деца. Афлек во интервју за „Њујорк тајмс“ неодамна призна дека неговиот проблем со пиење траел долго и додаде дека жали за разводот.

Прикажи повеќе...

Забава

Марен Морис ja покажа собата од соништата за нероденото бебе

Објавено пред

Синот на Марен Морис сè уште не е роден, а собата што го чека е како од бајките.

Познатата кантри-пејачка и текстописец (29) во средата на својот Инстаграм сподели фотографии од „детска соба од соништата“.

Во просторијата преовладува рустикална нота, дело на Ејприл Томлин, дизајнерка на ентериери со седиште во Нешвил.

Марен во објавата на Инстаграм ѝ се заблагодари на Ејприл со зборовите: детска соба од соништата, ти благодарам Ејприл.

Таа е во осмиот месец од бременоста со своето прво дете. Марен и сопругот Рајан Хард, кантри-пејач,  се во брак 19 месеци.

Објавата доаѓа два месеца по фотографијата од одмор во Кихеи, Хаваи, во декемри, а на неа Марен изгледа симпатично со заоблено стомаче во бикини.

 

Прикажи повеќе...

Забава

Софија Вергара, нов член на жирито на „Америка има талент“

Објавено пред

Ѕвездата на ТВ-серијата „Модерно семејство“, која неодамна заврши со продукција по 11 сезони, сега е член на жирито на телевизиското шоу America’s Got Talent („Америка има талент“).

Во четвртокот Ен-би-си соопшти дека Софија Вергара ќе биде дел од жирито на популарното американско шоу.

Вергара (47)  ќе ѝ се придружи на Хајди Клум (46), која до неодамна беше судијка на  AGT: Champions (АГТ: Шампиони).

Двете доаѓаат на местата на Габриела Јунион и Џулијан Хаф, отпуштени како судии (жири) по само една сезона.

Останати членови на жирито за 15-та сезона на натпреварот на таленти се Хауви Мендел и Сајмон Коуел, кој всушност е  креатор на шоуто и извршен продуцент.

Тери Круз се враќа како домаќин.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 минути

(Видео) Гаши: Нашата битка не е со СДСМ и Беса, туку ДУИ да замине во опозиција

За лидерот на Алтернатива Африм Гаши, коалцијата СДСМ-Беса не е пречка на патот кон освојување на албанскиот електорат. Како што...

Македонија40 минути

Јовановски нуди гаранција од 142 илјади евра за да излезе од притвор

Првообвинетиот за случајот „Рекет“ Бојан Јовановски – Боки 13 нуди имот во вредност од 142 илјади евра за да биде...

Македонија2 часа

Владата препорача откажување на сите поголеми јавни собири до 6 март, спортските натпревари да се играат без публика

Во насока на натамошна превенција од коронавирусот, Владата го прифати предлогот на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот...

Македонија3 часа

Обвинителството отвори предмет за паднатата фасада на зградата на МЕПСО

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал следејќи ги написите во медиумите за падната фасада на зградата на АД МЕПСО,...

Свет4 часа

Саемот за автомобили во Женева се откажува првпат во 79 години поради коронавирусот

Првпат во 79 години, поради коронавирусот, откажан е саемот за автомобили во Женева, објавија швајцарските медиуми. Голем број други јавни...

Регион6 часа

Во Грција потврден четвртиот случај на коронавирус

Гркинка која неодамна се вратила дома од северна Италија стана четвртиот случај на коронавирус во Грција. Нејзината состојба е стабилна...

Топ6 часа

Скопјанец украл паричници од факултет и приватна болница, па со картичките пазарел во маркети

Скопското Обвинителство поднесе обвинение против 40-годишен скопјанец кој крадел паричници, а потоа правел трансакции во маркети. Како што јавија од...

Македонија7 часа

Обвинителството нема да покрене постапка за продажбата на МРП-вакцините

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе резолуција дека нема место за јавно–обвинителска интервенција во предметот оформен по...

Свет7 часа

Итна седница на НАТО поради нападот на турската војска во Сирија

Членките на Северноатлантскиот сојуз (НАТО) ќе одржат вонредна седница по повикот на Турција поради нападот врз нејзините сили во Сирија,...

Свет8 часа

Вo Иран 26 лица починаа од коронавирус, порасна и бројот на заразени во Италија

Од епидемијата на коронавирус во Иран починале 26 лица, соопштија властите, додавајќи дека неколку службени лица се заразени од вирусната...

Свет8 часа

Турција повеќе нема да го спречува влезот на сириските бегалци во Европа

Портпаролот на владејачката турска Партија на правда и развој, Омер Челик, изјави дека политиката на Турција кон бегалците ќе остане...

Европа18 часа

Канада веќе нема да ангажира тимови за обезбедување на Меган и Хари

Канада веќе нема да врши безбедносни услуги за британскиот принц Хари и Меган Маркл, соопшти денеска канадската влада, откако двојката...

Европа19 часа

Рочиштето за екстрадиција на Асанж во САД одложено за мај

Британскиот суд денеска го одложи разгледувањето на барањето за екстрадиција на Џулијан Асанж за 18 мај, а кого САД го...

Регион20 часа

Вархељи: Имам голема надеж дека преговорите со Скопје и Тирана ќе почнат наредниве недели

Европската Унија би можела да ги отвори пристапните преговори за Северна Македонија и Албанија за неколку недели бидејќи двете држави...

Европа21 час

Коронавирусот се прошири на сите континенти, освен на Антарктикот

Коронавирусот се прошири во 40 земји во светот и заразени има на сите континенти, освен на Антарктикот, пренесува агенцијата „Танјуг“....

Македонија22 часа

Министерството за здравство: Лицето дојдено од Рим, за кое се чекаа резултати, не е заразено со коронавирус

Mинистерството за здравство информира дека лицето пристигнато од италијанската престолнина, за кое попладнево министерот Венко Филипче најави дека се очекуваат...

Македонија1 ден

Операторите од понеделник на полноќ ќе ја реемитуваат само МТВ

Здружението на информатичко-комуникациските технологии, кое ги обединува сите оператори, донесе заклучок да го прекине реемитувањето на сите домашни и странски...

Македонија1 ден

Двајца вработени во Град Скопје ставиле во џеб над три милиони денари, пари што граѓаните ги плаќале како данок

Двајца вработени во Град Скопје ставиле во џеб над три милиони денари, пари кои граѓаните ги плаќале како данок. Против...

Македонија1 ден

Вонредна дезинфекција на автобусите на ЈСП и на жичницата на Водно

ЈСП Скопје од денеска, 27 февруари, ќе почне со вонредна дезинфекција на автобусите, како и на кабините на жичницата на...

Македонија1 ден

Жената која допатува од Рим не е заразена со коронавирус

Министерството за здравство информира дека резултатите на пациентката кај која постоеше сомнеж за коронавирус, кои штотуку пристигнале, се негативни на...

Досие