Забава
(Видео) Најголемиот тренд за оваа зима доби потврда, и тоа од Кејт Мидлтон
Британското кралско семејство присуствуваше на традиционалната божиќна миса, а како и обично, Кејт Мидлтон се истакна со своето модно издание.
Kate Middleton stepped out for Christmas Day services wearing her brown tartan Blazé Milano coat, the same piece she wore during her first public engagement of the year when she surprised the public and announced she was in remission. ❤️ 📸: WireImage; Getty pic.twitter.com/p1g7F2SgNJ
— Page Six (@PageSix) December 26, 2025
Принцезата од Велс веќе е прогласена за најдобро облечена жена за 2025 година, па сега таа само потврди сè по илјадити пат и зацврсти еден тренд.
Најпопуларната боја оваа сезона е кафеава, а Кејт Мидлтон го знае ова многу добро, бидејќи се појави на мисата облечена во кафеава комбинација од глава до пети. Карираниот капут беше ѕвездата на овој аутфит, но принцезата направи и мал моден експеримент.
Она што ретко се гледа е комбинација од различни карирани дезени, а Кејт го направи токму тоа. Под нејзиниот долг и совршено модерен капут, се гледаше миди здолниште, исто така карирано, но во малку поинакви нијанси.
Чевли, чанта, ракавици – сè беше во кафеава боја и некако го „смири“ целиот аутфит, а Кејт Мидлтон потврди директно од кралскиот двор што ќе биде најмодерно оваа зима.
И тоа не е сè. Кејт уште еднаш покажа дека рециклирањето на модата е пожелно секогаш и насекаде, па затоа таа веќе го носеше гореспоменатиот капут кога првпат се појави пред сите и објави дека е во ремисија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
На позната плажа на Сардинија забранети чадори за сонце
На една од најпознатите плажи на Сардинија, Пунта Молентис, воведена е забрана за користење чадори за сонце за поголемиот дел од посетителите, пренесува „Си-Ен-Ен“.
Според новите правила, само семејства со деца помлади од 10 години и лица постари од 65 години имаат право да постават по еден чадор. За останатите посетители е забрането внесување чадори и друга опрема за создавање сенка.
Од 5 јуни до крајот на октомври, влезот на плажата се наплатува 10 евра, додека лицата со попреченост и нивните придружници се ослободени од плаќање.
Локалните власти велат дека одлуката е донесена од безбедносни причини. Минатата година, поради пожар во околината, десетици луѓе морале да бидат евакуирани со брод, а големиот број чадори го отежнал пристапот и евакуацијата од плажата.
Одлуката предизвика бројни критики од туристите, кои сметаат дека посетителите ќе останат без соодветна заштита од сонцето во текот на летните горештини.
Пунта Молентис не е единствената плажа во Италија со строги правила. На некои плажи на Сардинија е забрането изнесување песок, за што се предвидени високи парични казни. На одредени локации има и ограничување на бројот на посетители, како и задолжителни онлајн резервации за пристап до плажите.
Забава
Четири хороскопски знаци родени за спортски успеси
Иако спортскиот успех зависи од талентот, работата и посветеноста, астролозите сметаат дека четири хороскопски знаци почесто поседуваат особини што ги водат кон врвни резултати.
Овен – се издвојува со натпреварувачки дух, храброст и силна желба за победа. Поразите ретко го обесхрабруваат, туку го мотивираат да работи уште повеќе.
Лав – сака успех, признание и лидерска улога. Самодовербата му помага добро да се носи со притисокот и важните натпревари.
Јарец – е симбол на дисциплина, трпение и напорна работа. Подготвен е долгорочно да се жртвува за да стигне до целта.
Шкорпија – се истакнува со фокус, истрајност и ментална цврстина. Добро се снаоѓа под притисок и често ја користи мотивацијата од поразите за идни успеси.
Според астролозите, токму овие четири знаци најчесто ги поседуваат карактеристиките што можат да придонесат за успешна спортска кариера.
Забава
Софија Вергара во дилема кого да поведе на Светското првенство
Колумбиско-американската актерка, Софија Вергара, вели дека најголем проблем пред Светското првенство е како да одлучи кого од своето бројно семејство да поведе на натпреварите, бидејќи има ограничен број билети.
„Се водеше вистинска мала битка околу тоа кој заслужува да оди на Светското првенство, но беше забавно“, изјави Вергара.
Таа потврди дека ќе присуствува во Лос Анџелес и на финалето во близина на Њујорк, а планира да следи и уште неколку натпревари.
Вергара откри и дека неодамна разменувала пораки со Шакира, која ќе настапи на полувремето од финалето. Актерката рече дека е возбудена да го гледа нејзиниот настап и очекува уште едно спектакуларно шоу.
Покрај фудбалот, Вергара ги охрабри луѓето да разговараат со семејството и за здравствените проблеми, истакнувајќи дека спортот има моќ да ги зближува луѓето.
