Контакт

Естрада

(Видео) На Крис Браун му се заканува затвор поради домашно милениче

Објавено пред

На популарниот пејач Крис Браун (29) му се закануваат шест месеци затвор поради нелегално поседување мајмун капуцин, пишува „Трибјун“. Пејачот на социјалните мрежи, каде што го следат повеќе од 49 милиони луѓе, објавуваше фотографии и видеа на мајмунот Фиџи.

Набргу потоа, Агенцијата за заштита на животните дозна за тоа и му го одзеде мајмунот, а сите информации ги потврди Јавното обвинителство во Лос Анџелес.

Одделот за риби и диви животни во Калифорнија тврди дека мајмунот бил во куќата на пејачот само неколку месеци, од октомври 2017 до јануари 2018 година. На почетокот од минатата година ја истражувале куќата на пејачот. Тогаш тој не бил дома, но го нашле мајмунот.

„Тој може да добие шест месеци затвор, бидејќи не го почитувал законот. Властите открија дека тој никогаш немал дозвола и влегле во неговиот дом во Лос Анџелес. Браун го избегна претресот на неговата вила затоа што го предаде мајмунот“, изјави вработен во Агенцијата.

Судењето за нелегално поседување на заштитен вид на мајмун ќе биде на 6 февруари 2019 година, а ако биде осуден, Крис може да добие до шест месеци затвор. Инаку, мајмуните капуцини се едни од најинтелигентните мајмуни и често се користат во филмската индустрија.

Крис веќе имаше проблеми со законот. Тој физички се пресмета со тогашната девојка, пејачката Ријана (30), бидејќи дознала дека ја измамил.

Естрада

Над половина милион прегледи за македонските претставници на Детскиот евросонг

Објавено пред

Со развиорени македонски знамиња Green Forces од „Дајте музика“ на социјалните мрежи им се заблагодари на сите фанови за поддршката што ја добиваат.

Веќе со над 600.000 прегледи од објавувањето на видеото, како и со високи позиции на трендинг-листите, македонската делегација периодов интензивно се подготвува за настапот на Детскиот евросонг во Париз.

Минатиот викенд Green Forces се сретна со албанската претставничка на Детскиот евросонг, популарната Ана Ѓебреа. Таа во студиото на Македонската телевизија пееше на македонски за спас на планетата Земја, а „Дајте музика“ одговори на албански: „Ќе бидеме покрај тебе!“

Песната на албанската претставничка Ана Ѓебреа ја третира темата за врсничко насилство, со наслов Stand by You (н.з. „Ќе бидам покрај тебе“). Во најновото видео објавено на социјалните мрежи децата од „Дајте музика“ му се заблагодарија на организаторот на Детскиот евросонг 2021 за можноста за здружување на гласовите против четирите најгорливи теми што ја засегаат токму оваа генерација: врсничкото насилство, загадувањето, климатските промени и глобалното затоплување воопшто.

Неодамна Green Forces од „Дајте музика“ постави прашање до својата публика: „Што направивте за нашата планета денеска?“ Се надеваме на одговори набргу!

Музиката за Green Forces ja напиша Роберт Билбилов, а текстот е на Робин Зимбаков. Видеоспотот е на „Вертиго вижуалс“, а во продукција на „Рифенштал“. Детскиот евросонг ќе се одржи на 19 декември 2021 во Париз, Франција.

Овој линк ќе ве одведе до песната со која нашите претставници ќе настапат на  Детскиот евросонг.

Прикажи повеќе...

Естрада

(Видео) „Сега или никогаш” нов сингл на бендот Fiction

Објавено пред

„Сега или никогаш” е најновиот сингл на бендот Fiction. Песната, која бендот ја издаде со видеозапис, е инспирирана од New Wave и synth-pop звукот на 80тите години на 20 век, од артисти како Depeche Mode, Duran Duran, Tears for Fears и The Police. Истата е продолжение на приказната која бендот ја започна со својот претходен сингл „Дали знае”.

Автор на музиката и текстот е гитаристот на бендот, Виктор Захариев, кој стои и зад аудиопродукцијата, додека зад аранжманот се потпишува целиот бенд. Видеото е дело на режисерот Јован Саркањац, сработено во соработка со Сара Панковска и Мило Горгиевска. Миксот и мастерот се дело на Виктор Георгиевски, додека за графичкиот дизајн се погрижи Катерина Даниловска.

Fiction е рок бенд од Скопје составен од: Петар Ѓуревски – вокал, Виктор Захариев – гитара и вокал, Филип Андонов – бас гитара и Теодор Теодосиев.

Прикажи повеќе...

Естрада

(Видео) Мис ја загуби титулата поради тверкање на „Тик-ток“

Објавено пред

На мисот на Папуа Нова Гвинеја, Луси Мајно, ѝ беше одземена круната откако на „Тик-ток“ сподели видео на кое се гледа како тверка.

Критичарите велат дека инцидентот со тверкањето (еден вид танц) ја покажува длабоко вкоренетата култура на омраза кон жените во земјата.

Луси Мајно (25), која била и капитен на женскиот фудбалски тим на Папуа Нова Гвинеја, се соочила со лавина реакции откако на „Тик-ток“ споделила видео на кое се гледа како тверка, објави британскиот дневен весник „Гардијан“.

Иако ваквите содржини се чести на оваа апликација, оние што ја поддржуваат санкцијата по објавеното видео, кое сега е избришано, велат дека тоа не е соодветен пример за другите.

„По објавувањето на снимката, Луси Мајно беше ослободена од должноста мис на Папуа Нова Гвинеја“, наведе Комитетот за избор на мис на пацифичките острови Папуа Нова Гвинеја (MPIP PNG).

„Нашата главна цел е зајакнување на улогата на жените, ние сме уникатна платформа што ги промовира културното наследство, традиционалните вредности и споделувањето преку туризмот“, се вели во соопштението на Комитетот.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет9 часа

Омикрон има способност да избегне имунитет од претходна инфекција со коронавирус, предупредуваат научници

Омикрон има значителна способност да избегне имунитет од претходна инфекција со ковид, покажува првата вистинска студија во светот за ефектот...

Европа12 часа

Британија со речиси 54 илјади нови случаи во еден ден, највисока бројка по Европското фудбалско првенство

Велика Британија забележа 53.945 нови случаи на коронавирус – највисока дневна бројка од средината на јули по Европското фудбалско првенство....

Регион12 часа

Бугарските истражители: Познати причините за пожарот во автобусот во кој загинаа 45 луѓе

Познати се причините за пожарот во автобусот што се запали на автопатот „Струма“ во Бугарија. Ова го соопштија обвинителот Бисер...

Свет13 часа

Maж облечен како нинџа со меч нападна две полицајки во Франција

Маж облечен како нинџа нападнал со меч и повредил две полицајки во францускиот град Шербур, а досегашните податоци не укажуваат...

Македонија16 часа

333 нови случаи на Ковид-19 и 16 починати за 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.440 тестирања, а регистрирани се 333 нови случаи на...

Македонија16 часа

Граѓаните утре ќе можат да им оддадат последна почит на загинатите во автобуската несреќа

Министерството за надворешни работи информира дека утре (3 декември), во 9 часот, на скопскиот аеродром се очекува да пристигнат посмртните...

Европа19 часа

Курц се повлекува од политиката: Не сум ниту светец, ниту злосторник

Поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц се повлекува од политичкиот живот, објавија австриските медиуми. Курц денеска излезе пред новинарите и најави...

Економија20 часа

Цената на кесите да се зголемува постепено, примената на законот да се одложи, бараат стопанските комори

Заштитата на животната средина и одржливо располагање со ресурсите е важен општествен приоритет, но за оваа цел да биде реализирана...

Македонија22 часа

Јовески: Oбвинителите и судиите да работат непристрасно и професионално

Предизвикот на обвинителите и судиите во битката за обезбедување на владеењето на правото и еднаков пристап до правдата е секојдневен....

Европа22 часа

Зголемени тензиите на Западен Балкан, предупредува Столтенберг

Тензиите на Западен Балкан се зголемени , вклучително и во БиХ и Косово, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг....

Македонија23 часа

Сарафов: Идентификувани се сите 45 жртви од автобуската несреќа на автопатот Струма

Заменик-главниот обвинител и директор на Националната истражна служба Борислав Сарафов за БТА изјави дека веќе се идентификувани сите 45 жртви...

Свет23 часа

Гутереш: Затворањето на африканските граници поради омикрон е неправедно

Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш, рече дека затворањето на границите поради новиот сој на коронавирус омикрон е многу неправедно,...

Македонија2 дена

(Видео) Во СДСМ и во Алтернативата неделава партиски консултации за преговорите помеѓу Заев и Гаши

Се очекува до крајот на оваа недела да се обезбеди усогласување за влез на Алтернативата во Владата. Партиските тела на...

Македонија2 дена

(Видео) Имаме напредок, рече Гаши по средбата со Заев

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и претседателот на Алтернативата, Африм Гаши, по четири часа средба, заедно го напуштија Клубот на...

Македонија2 дена

Нови 410 заразени со Ковид-19, починале 11 луѓе

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.674 тестирања,...

Свет2 дена

СЗО со прва проценка за омикрон – заразените се со благи симптоми

Раните индикации сугерираат дека повеќето случаи на омикрон имаат благи симптоми, изјави претставник на Светската здравствена организација. Зборувајќи во име...

Македонија2 дена

Владата предлага да се продолжи кризната состојба за уште 6 месеци

Владата го утврди текстот на предлог-одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба во снабдувањето со...

Македонија2 дена

Ковачевски ја поднесе кандидатурата за претседател на СДСМ – побара поддршка од членството и граѓаните

Заменик-министерот за финансии, Димитар Ковачевски, поднесе кандидатура за претседател на СДСМ. Тој кажа дека поднел и програма која се базира...

Македонија2 дена

Филипче: Не се исклучува задолжителна вакцинација доколку не помогнат апелите на матичните лекари

Само со апели од матичните доктори, без дополнителни мерки ќе се стимулира вакцинацијата и спречувањето на ширење на коронавирусот. Ова...

Македонија2 дена

Поранешната пратеничка Фросина Ременски се кандидираше за претседател на СДСМ

Поранешната пратеничка Фросина Ременски се кандидираше за претседател на СДСМ. Таа кажа дека Димитар Ковачевски има поддршка во кандидатурата од...

Досие