Контакт

Забава

(Видео) На патник во авион му се слошило и настанал хаос -ја отворил вратата од леталото

Објавено пред

Во очајнички обид да излезе од авионот, патникот успеал да ја отвори вратата додека авионот се спремал за полетување. Ја повлекол рачката која служи за излез во случај на опасност. Да не биле другите патници, тој би завршил во моторот на авионот.

На летот од Мексико за САД во понеделникот се одвивала вистинска драма кога на еден од патниците му се слошило. Тој се пожалил дека му се повраќа и во очајнички обид да излезе од авионот, успеал да ја отвори вратата додека авионот се спремал за полетување.

„Бевме во прв ред и господинот зад нас почна да повраќа. Тогаш почна да лупа по вратите, персоналот го врати на неговото место“, рекол еден од патниците. Но, мажот повторно станал и овој пат успеал да ја отвори вратата.

Останатите патници и персоналот спречиле трагедија. Ако испаднел од авионот, патникот би бил вшмукан во моторот на авионот кој работел. Патникот со придружба на полиција бил одведен во болница. Неговата мајка изјавила дека престојувал во Канкун и дека претходната вечер бил физички нападнат. Медиумите пренесуваат дека тој наводно бил пијан во авионот.

Авионот на компанијата „Фронтиер Ерлајнс“ летал од Канкун за Сент Луис, во американската сојузна држава Мисури.

Естрада

Актер лажирал расистички напад за да го зголеми својот хонорар од 100 илјади долари

Објавено пред

Американскиот актер Џаси Смолет, ѕвезда од серијата „Империја“ е уапсен откако полицијата утврдила дека тој исценирал расистички напад врз него, за време на кој, наводно, речиси бил линчуван со поставување на јамка околу вратот.

Смолет, кој е Афроамериканец, пред неколку недели во полицијата во Чикаго пријавил дека на улица бил претепан од двајца мажи и дека нападот бил расно мотивиран, но потоа се покажало дека актерот самиот ги ангажирал наводните напаѓачи и заедно го исценирале инцидентот – со цел да се зголеми неговиот актерски хонорар.

Агенцијата АП, повикувајќи се на лице запознаенo со ситуацијата, пренесува дека Смолет заработувал повеќе од 100.000 долари по епизода од популарната серија во продукција на „Фокс“.

„Гласот на Америка“, објави дека наводната жртва станала осомничен откако Смолет вчера наутро бил уапсен во Чикаго, под сомнение дека во полиција пријавил лажен напад.

„Смолет прво се обидел да привлече внимание со испраќање на лажно писмо, базирано на расни, хомофобични и политички навреди. Кога тоа не му успеало, тој платил 3.500 долари за лажирање на напад“, рекол полицискиот службеник од Чикаго, Еди Џонсон.

Се наведува дека Смолет со недели тврдел дека среде улица го претепале двајца мажи кои истовремено го навредувале на расна основа и наводно му ставиле јамка околу вратот.

Адвокатите на Смолет во негова одбрана рекле дека актерот, како и сите други граѓани, има право на пресумција на невиност.

Прикажи повеќе...

Забава

Палтроу поднесе контратужба за скијачката несреќа во 2016

Објавено пред

Оскаровката Гвинет Палтроу поднесе контратужба против човекот кој ја тужеше поради несреќата за време на скијање во 2016 година, во која таа наводно го удрила, пренесе Би-би-си.

Минатиот месец 72-годишниот Тери Сандерсон ја тужеше Палтроу и бараше отштета од 3,1 милиони американски долари бидејќи, како што рекол, актерката го удрила на скијачка патека во Јута оставајќи го со повреда на мозокот и скршени ребра.

Според случајот на Палтроу, тој е виновен а неговата тужба е обид да се искористи нејзината славна личност и богатството. Таа бара симболична сума од 1 долар за отштета.

Во тужбата на Сандерсон се наведува дека актерката скијала без контрола, кога го погодила од позади на падините за почетници.

Тој рекол дека бил турнат во снегот и паднал во несвест, со мозочна повреда, краткотрајно губење на меморијата и четири скршени ребра.

Исто така нагласил дека доживеал промена на личноста.

Прикажи повеќе...

Hitech

(Фото) Самсунг го претстави Galaxy Fold со екран на превиткување

Објавено пред

Самсунг го отвори својот Unpacked настан во Сан Франциско со претставувањето на револуционерниот уред со екран на превиткување, наречен Galaxy Fold.

Уредот што во исто време е смартфон и таблет работи на процесорот Snapdragon 855, има 12 GB RAM меморија и вкупно 6 камери.

Galaxy Fold има два екрана, еден помал 4,6 инчен кој се користи во мобилен режим и уште еден 7.3-инчен дисплеј, кога ќе се отвори уредот да работи како таблет.

Цената на Galaxy Fold ќе изнесува 1980 долари во САД.

Паметен телефон. Таблет. Сплотени во едно.

Галакси Фолд е дел од нова посебна категорија која создавапоразлично мобилно искуство. Со новиот уред корисниците можат да прават нешта кои досега не можеа да ги прават со обичен паметен телефон. Корисниците сега го имаат најдоброто: превитлив уред кој пристигнува со најголемиот екран за паметни телефони на Самсунг. Галакси Фолд ги обединува материјалните, инженерските и иновациите за екрани, кои се развиваа осум години по појавувањето на првиот флексибилен прототип на екран на Самсунг во 2011 година.

• Нови материјали за екранот: Внатрешниот екран на уредот не се прекршува, туку се превиткува. Превиткувањето е поинтуитивно движење и иновација која потешко може да се имплементира. Самсунг создаденов полимерски слој и екран кој е околу 50 % потенок од класичниот екран на паметните телефони. Новиот материјал го прави Галакси Фолд флексибилен и цврст, создаден да трае.

• Нов механизам за превиткување: Галакси Фолд се отвора непречено и природно, како книга и се затвора рамно и компактно со едноставен клик. За да го постигне тоа, Самсунг изработи софистициран механизам за превиткување со повеќе меѓусебно – зависни запчаници. Овој систем е сместен во скриено куќиште за беспрекорен и елегантен изглед.

• Нови елементи во дизајнот: Од екранот, куќиштето, до секој елемент што можете да го видите и допрете – Самсунг се грижи за секој детаљ. Скенерот за отпечатоци се наоѓа на страната каде палецот природно се потпира и уредот лесно се отклучува. Двете батерии и компонентите се подеднакво распределени, допринесувајќи за балансот на овој уред. Уникатнитебои на Самсунг – Вселенско Сребрена, Космос Црна, Марсовско Зелена, Астро Сина, заедно со гравираниот дел за превиткување со Самсунг лого, го комплетираателегантниот изглед и крајниот резултат.

Од нашиот известувач од Сан Франциско
Никола Бурагев

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија24 минути

Момче почина од сепса по операција на хемороиди

Синоќа младо момче почина откако било донесено на скопските клиники каде што докторите констактирале дека има сепса. Според извори од...

Македонија34 минути

Регистрирани 2.943 заболени од грип

Во текот на изминатата недела, од 11 февруари до 17 февруари, во земјата се регистрирани 2.943 заболени од грип, што...

Европа1 час

Хаос на автопат во Италија: Повеќе од 80 возила учествуваа во верижен судир

Повеќе од 80 возила учествуваа во верижен судир во северна Италија, при што едно лице загина, а вкупно 37 се...

Македонија2 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Тепани луѓе во притвор, како да живееме во Северна Кореја

Вчерашниот ден ќе остане запаметен како црн ден за демократијата во Република Македонија. Власта го допре дното. Претепувањето на Миле...

Македонија2 часа

СДСМ по инцидентите во затворот: Не успеа насилничкото сценарио на Мицкоски и Груевски

Не успеа насилничкото сценарио на Мицкоски и Груевски, институциите и граѓаните нема да им дозволат да ја втурнат државата во...

Македонија2 часа

Попладне локални врнежи од дожд, на планините снег

Уште во текот на претпладнето облачноста насекаде ќе се зголеми, а во попладневните часови ќе има локални слаби врнежи од...

Македонија12 часа

Архитектите лути, барат итна заштита на ГТЦ без зелениот покрив и на Владата без барок

Зелениот покрив на Градскиот трговски центар иницираше низа барања на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) до Владата. Архитектите денес...

Македонија14 часа

(Видео) Костов: Јанакиески нема повреди, во затворот ќе биде под надзор на доктор

Директорот на болницата „8 Септември“, Христијан Костов, изјави дека кај ексминистерот Миле Јанакиески не биле евидентирани никакви повреди по инцидентот...

Македонија15 часа

Братот и сопругот на Мира Стојчевска се откажаа од вработувањето и унапредувањето, синот останува во ЕЛЕМ

Пратеничката Мира Стојчевска, по една недела молк за вработувањето на синот и братот и за унапредување на сопругот, се огласи...

Македонија16 часа

(Видео) Мицкоски по посетата на Јанакиески: Не ме пуштија да го видам, го чуваат 50-ина полицајци

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пред болницата „8 Септември“, каде што попладнево беше пренесен ексминистерот Миле Јанакиески, рече дека денешниот...

Македонија16 часа

Силјановска: Не можев да се пријавам на конкурс на СДСМ бидејќи не се согласувам со овие политики

Две недели по распишувањето на претседателските избори, а во исчекување на кандидатот со кој ќе влезе во изборна трка владејачкото...

Македонија17 часа

Годинава речиси секој ден исчезнува по еден човек

Пронајденото мртво тело на 35-годишниот Горан Атанасовски од Скопје, кој вчера беше пријавен за исчезнат, ја вознемири јавноста. Коментарите во...

Македонија18 часа

(Видео) Заев: Не верувам дека роднините на функционерите се вработени незаконски

Премиерот Зоран Заев, по завршувањето на средбата со претседателот на Беса, Биљал Касами, одговарајќи на новинарско прашање за новите скандали...

Македонија18 часа

Комисијата утре ќе расправа за имунитетот на Вељаноски

За утре е закажана седницата на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, на која теба да се разгледа барањето за...

Македонија19 часа

(Видео) Заев: Изјавата на Мицкоски е забегана работа, ќе се консултирам дали да го тужам

Премиерот Заев најави дека ќе разговара со својот адвокатски тим дали да поведе тужба против Мицкоски во однос на вчерашната...

Топ19 часа

Исчезнатиот Атанасовски пронајден мртов

Денеска околу 13 часот е пронајдено безживотно машко тело во Нерези, на патот кон вила „Веранда“, потврдуваат од МВР. Неофицијално,...

Македонија19 часа

Касами: Сакаме кандидат кој нема за едни да биде мајка, а за други маќеа

По средбата со Зоран Заев, лидерот на Беса, Биљал Касами, изјави дека за нив како партија пред изборите во игра...

Крвав четврток20 часа

Кољо: Политичарите нè изманипулираа со „тиранската платформа“

Обвинетиот Никола Митревски Кољо на денешното рочиште за крвавиот четврток во своите завршни зборови истакна дека жали за случувањата во...

Македонија21 час

(Видео) Градоначалникот на Пехчево го пријавил во полиција грозоморното убивање кучиња

По поморот на кучиња во Пехчево, а откако комуналните служби со багери ги собираа и фрлаа додека сè уште се...

Топ21 час

Пинг-понг со барањето за одземање на имунитетот на Вељаноски

Собранискиот спикер Талат Џафери го вратил во кривичниот суд барањето за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Вељаноски кое претпладнево...

Досие