Контакт

Бизарно

(Видео) Огромна мечка често го гушка својот спасител: „мислам дека некогаш ќе ми ги скрши коските“

Објавено пред

Гризлито Џимбо била само мало мече кога од стапица во дивината ја спасиле Сузан и Џим Ковалчик и ја однеле во својот резерват за диви животни.

Денес, Џимбо има речиси 700 килограми и е најголемата мечка во својата група. Но, исто така и најмила. Тој обожава да си игра со Џим, а најмногу од сè ги сака прегратките.

„Понекогаш мислам дека ќе ми ги здроби сите коски во телото. Секако, нема лоша намера, туку зашто е огромна. Еден нејзин погрешен потег би можел да го платам со живот“, вели Џим Ковалчик, но додава дека нема намера да се откаже од своето милениче.

Бизарно

Девојката на милијадерот ги испратила нивните голи фотографии на својот брат, а тој ги продал

Објавено пред

Сојузните обвинителе во Менхетен имаат докази дека братот на девојката на милијардерот Џеф Безос, нивните заеднички интимни пораки ги продал на таблоидот „Нешнал Енквајар“, пишува „Вол стрит Џурнал“.

Лорен Санчез, пораките кои ги разменувала со Безос во 2018 година му ги испратила на нејзиниот брат Мајкл, а тој одлучил да извлече пари за нив, пишува весникот чии новинари ги виделе тие пораки, како и докази за уплата од 200.000 долари на сметката на Мајкл од страна на „Нешнал Енквајар“, врз основа на договор кој го потпишале 2018 година.

Обвинителите дошле до пораките, договорот и иплатата за време на истрагата на тужбите на Безос дека од „Нешнал Енквајар“ го уценувале, заканувајќи му се дека ќе ги објават неговите голи фотографии, како и дека му е хакиран мобилниот телефон.

Безос во еден момент ја обвини и Саудиска Арабија за целиот случај. Истражителите кои тој ги ангажирал тврдеа дека престолонаследникот на Саудиска Арабија, на мобилниот телефон на шефот на „Амазон“ му испратил малициозен код со кој овозможил хакирање.

Саудиска Арабија ги демантираше обвинувањата. „Енквајар“ тврди дека Мајкл им бил изворот за приказната која ставила крај на бракот на Безос. Мајкл демантирал се.

Минатат година Безос најави дека се разведува од својата сопруга Мекензи, со која беа во брак 26 години.

Прикажи повеќе...

Бизарно

Изневерена жена му се одмаздила на сопругот на несекојдневен начин

Објавено пред

Соња Бартон од Англија дознала дека нејзиниот сопруг, со кого има три деца, ја изневерува. За да му се одмазди, таа ја зела неговата омилена колекција плочи и од нив направила кујнски под.

Двојката живеела во истата куќа 13 години, а по разводот со неверниот сопруг, Соња одлучила дека на нејзиниот дом му треба преуредување.

Таа и порано сакала да стави плочи на подот во кујната, но на нејзиниот сопруг не му се допаднала идејата. По разводот, таа решила да го реновира домот и како идеја ја искористила колекцијата плочи на поранешниот сопруг.

„Сакав да ги ставам плочите на подот во кујната и пред тоа, но мојот сопруг не сакаше, а по разводот решив да го сторам тоа. Секогаш кога ќе влезам во кујната, ме забавува и ме тера да се смеам кога ќе ги видам неговите плочи на подот“, рече таа.

Својата преуредена кујна ја нарекува плод на љубовта. Таа работела само за време на викендите и ѝ била потребна една година за да го заврши проектот.

Прикажи повеќе...

Бизарно

(Видео) Американски стоматолог осуден бидејќи извадил заб возејќи се на ховерборд

Објавено пред

Американскиот стоматолог Сет Локхарт е обвинет за несовесен третман бидејќи му извадил заб на пациент додека се возел на ховерборд. Тој бил обвинет не само за загрозување на животот на друго лице туку и за измама на државата со парични средства.

Триесет и четиригодишниот стоматолог од Енкориџ, Алјаска, бил осуден за сите 46 точки од обвинението изнесено против него, пренесува „Унилад“.

Според главното обвинение, Лохарт му извадил заб на пациент под анестезија додека истовремено се возел на ховерборд. Тој го снимил целиот настан, а потоа и го објавил, што само по себе е престап.

Стоматологот ја испратил снимката од операцијата до своите пријатели шегувајќи се дека на видеото е прикажан нов метод во медицинската грижа. Кога му го извадил забот на пациентот, тој триумфално парадирал на ховербордот низ просторијата смешкајќи се во камерата.

За време на судењето неговиот адвокат се извини во име на клиентот посочувајќи дека ваквото однесување е неприфатливо.

„Кога се согласив да го застапувам, јасно го прекорив и убаво му кажав што мислам за неговите постапки“, изјавил адвокатот.

Покрај ова обвинение, на Локхарт му се судело, меѓу другото, и за проневера на средства обезбедени од државната здравствена организација во Алјаска во висина од 10.000 долари. Се покажало дека стоматологот непотребно барал поскап вид анестетик на штета на граѓаните што плаќаат данок.

 

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет15 минути

(Видео) Лошото време и густата магла се можна причина за несреќата во која загина Коби Брајант

Лошото време и густата магла, но и низа грешки на пилотот се најверојатно причините за страшната несреќа во која синоќа...

Спорт9 часа

Полицијата тврди дека имало девет лица во хеликоптерот, именувани само Коби и неговата ќерка

Полицијата на Лос Анџелес на официјална прес-конференција даде првични детали за хеликоптерската несреќа во која загина НБА ѕвездата Коби Брајант....

Спорт10 часа

Спортскиот свет во шок и неверица по смртта на Коби, фановите се собираат пред „Стејплс центарот“

Голем број на спортисти, спортски клубови, славни личности и многу обични луѓе на социјалните мрежи реагираа со неверување и со...

Спорт11 час

Потврдено: Во хеликоптерот на Брајант била и неговата 13-годишна ќерка Џиџи

По првите извештаи на американската ТВ-мрежа „Еј-би-си“ дека во хеликоптерската несреќа во која загина НБА легендата Коби Брајант биле неговите...

Свет12 часа

(Видео) Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа

Легендарниот американски кошаркар и еден од најдобрите во НБА историјата Коби Брајант загина во својата четириесет и прва година во...

Топ17 часа

Со возило на Црвен крст излетале од патот на Водно додека се обидувале да спасат повреден маж

Екипа на Црвен крст не успеала да го спаси повредениот маж на Водно по којшто трганала, бидејќи нивното возило излетало...

Македонија19 часа

Спасовски ја повика опозицијата да го поддржи законот за ЈО: „Престанете со партиски калкулации“

Техничкиот премиер, Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарски прашања ја повика опозицијата да го поддржи Законот за јавно обвинителство кој, како...

Свет19 часа

(Видео) Успешно полета најдолгиот патнички авион во светот

Компанијата Боинг извести дека вчера успешно е завршен пробнот лет на нивниот нов модел на авион „боинг 777Х“, најголемиот двомоторен...

Македонија21 час

Термалните камери на скопскиот аеродром ќе детектираат симптоми за коронавирусот

Нема простор за паника кога во прашање е коронавирусот, посочи министерот за здравство, Венко Филипче, по состанокот со Комисијата за...

Култура22 часа

Љума и Даут од „Медена земја“ добитници на престижната ASC награда за најдобра кинематографија

Самир Љума и Фејми Даут од „Медена земја“ се добитници на наградата за најдобра кинематографија за Документарен филм на 34...

Свет23 часа

Бројот на загинати од земјотресот во Турција се искачи на 31 лице

Бројот на загинати во катастрофалниот земјотрес што ја погоди Турција во петокот се искачи на 31 лице, додека спасувачите се...

Регион23 часа

Автобус со кинески туристи од Вухан стигна во Хрватска

Во Хрватска пристигна автобус со кинески туристи од градот Вухан, епицентарот на епидемијата на коронавирусот, дознава хрватскиот портал „Индекс.хр“. Според...

Свет23 часа

Потврден прв случај на новиот корона вирус во Канада

Прв случај на новиот корона вирус е потврден во Канада, соопшти Владата во земјата. Здравствениот систем во Торонто бил известен...

Свет1 ден

Москва: Седум кинески државјани пренесени во болница за заразни болести

Седум кинески државјани од хотел во Москва се пренесени во болница за заразни заболувања, поради сомнение дека имаат акутна вирусна...

Регион2 дена

Нов земјотрес во Турција

Не престанува да се тресе земјата во Турција. Нов земјотрес ја потресе земјата за помалку од 24 часа. Земјотрес со...

Свет2 дена

Шји Џјинпинг: Ситуацијата е сериозна, ширењето на вирусот забрзува

Ширењето на новиот корона вирус се забрзува, предупреди денеска кинескиот претседател, Шји Џјинпинг, по состанокот на Политбирото на Комунистичката партија,...

Топ2 дена

Нова жртва на иста измама – ѝ рекле да даде пари или синот ќе лежи во затвор поради сообраќајка

„Син ти направи сообраќајна несреќа во која загина дете. Да ни дадеш пари и ќе средиме тој да не лежи...

Македонија2 дена

(Видео) Мицкоски: Ќе продолжиме со разговорите за законот за Јавното обвинителство

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања денеска кажа дека ќе продолжат со разговорите за законот за Јавното...

Македонија2 дена

Дескоска: Жалам што ВМРО-ДПМНЕ избега од разговорите за законот за Јавното обвинителство

Министерката за правда, Рената Дескоска на социјалните мрежи напиша дека жали што преговарачката тројка на ВМРО-ДПМНЕ за Законот за јавното...

Топ2 дена

Возило прегази 10-годишно дете на булевар во Скопје

Синоќа на булеварот „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ патничко моторно возило управувано од 32-годишниот Д.Д. од Скопје удри во дете пешак на...

Досие