Забава
(Видео) Од Исланд до Индија – каде одат ѕвездите да ги снимаат своите музички спотови

Поп-спотовите постоеја многу пред 1 август 1981 година, но со лансирањето на 24-часовниот музички канал Ем-ти-ви беше јасно дека визуелните елементи ќе станат еднакво важни како и песните.
А кога се однесува на привлечни имиџи, изведувачите беа и сè уште се (тоа им го дозволува Ковид-19) повеќе од среќни да се качат во авион и да се упатат на некое егзотично место за да снимаат мини филм.
Во раните 80-ти „Дјуран Дјуран“ беше синоним за модерни кинематографски продукции снимени на далечни места.
Снимена во Шри Ланка, промоцијата за филмот Hungry Like the Wolf (1982) доловува неверојатно чувство на Raiders of the Lost Ark , а посетителите што планираат обиколка на островот во Индискиот Океан може да изнајмат автомобил и возач и да ги пронајдат локациите претставени во Save a Prayer (1982).
Друг класик на сјајниот гламурозен жанр е спотот на „Вем“ за нивниот хит Club Tropicana (1983), кој беше снимен во хотелот Pikes, на шпанскиот остров Ибица.
Хотелот, тогаш во сопственост на кралот на хедонизмот на Ибица, Тони Пајк, беше популарен кај славните гости, меѓу кои Елтон Џон, Бој Џорџ, Фреди Меркјури и Кејт Мос.
Видеото за друг хит на „Вем“, Last Christmas (1984), делумно беше снимено во хотелот Walliserhof Grand, во скијачкиот центар Saas-Fee, Швајцарија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
„Пучи“ на сцена го враќа познатиот стил со ефективни мотиви и бои

Брендот што го носи името на поранешната sвезда меѓу дизајнерите, Емилио Пучи, во новата колекција му оддава почит на славниот креатор и неговите мотиви со јаки тонови.
Дизајнерскиот тим на брендот „Пучи“ стилски се реферира на наследството на италијанската модна куќа, а тоа се мотиви и дезени препознатливи во целиот свет.
Во текот на шеесеттите и седумдесеттите светлите нијанси беа хит, а Емилио Пучи го нудеше идеалното – тесно, кусо и привлечно.
Забава
Хит на пролетта: маслинести панталони инспирирани од ретро армиски стилови

Една од креациите што ќе ја гледаме насекаде во текот на претстојната пролет се практични панталони со џебови, во придушени нијанси на зелена боја, а освен патики, се носат и на чизми и на сандали.
Ретро панталоните инспирирани од стиловите во седумдесеттите се враќаат на сцената во низа интересни комбинации.
Забава
Сопругот на кралицата Елизабета закрепнува по операцијата на срцето

Војводата од Единбург, принцот Филип, бил подложен на успешна процедура за постојната срцева состојба и ќе остане во болница уште неколку дена до целосно закрепнување, соопштија од Бакингемската палата.
Дедото на принцот Хари бил опериран вчера во болницата „Свети Вартоломеј“ во Лондон, најдобрата болница за срце во Велика Британија, откако бил пренесен таму во понеделникот од приватната болница „Крал Едвард Седми“ во Мерилбоун, каде што се лекуваше од инфекција.
Нејзиното височество, кралицата Елизабета Втора, и војводата од Единбург, принцот Филип, беа вакцинирани против коронавирусот на 9 јануари.
Војводата од Единбург ќе наполни 100 години на 10 јуни.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер