Контакт

Забава

(Видео) Оскаровци во филм што предупредува на климатските промени

Објавено пред

Режисерот Адам Мекеј собра ѕвездена актерска екипа за да даде духовито предупредување за климатските промени во новиот филм „Не гледај нагоре“ (Don’t Look Up).

Во филмот на „Нетфликс“ оскаровците Џенифер Лоренс и Леонардо ди Каприо глумат двајца астронаути што почнуваат медиумска турнеја во обид да го предупредат човештвото за приближување комета што ќе ја уништи планетата.

„Мислам дека големиот трик е во тоа што сакаме да се смеете… Доброто нешто во пробната проекција на филмот беше и десно и лево сите се смееја“, рече режисерот Мекеј на премиерата на филмот во неделата на 6 декември.

Трикратната оскаровка Мерил Стрип, чија првична реакција на ликот што го глуми е да седне и да проценува, рече дека пораката на филмот е едноставна: „Погледнете нагоре… знаеме што доаѓа и знаеме дека можеме да направиме нешто во врска со тоа“.

Во комедијата се гледа како ликовите на Ди Каприо и Лоренс очајно се обидуваат да ја пренесат лошата вест и како почнуваат медиумска кампања.

Во филмот глумат и Кејт Бланшет, Џона Хил, Роб Морган, Тајлер Пери, Марк Рајленс и пејачката Аријана Гранде.

Don’t Look Up, кој ќе има лимитирано издание во киносалите, почнува со стриминг на „Нетфликс“ на 24 декември.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Нов хит на авторот на „Наркос“: Софија Вергара станува кралица на кокаинот

Објавено пред

Колумбиската наркокралица Гризелда Бланко ќе добие своја приказна благодарение на новата серија на „Нетфликс“.

Софија Вергара ќе ја потретира Гризелда, а зад проектот стои креаторот на „Наркос“, Ерик Њуман. Дејството на серијата ја следи снаодливата колумбиска претприемачка Гризелда Бланко, која создаде еден од најпрофитабилните картели во историјата. Згора на сè, таа беше и грижлива мајка, а смртоносната комбинација на шарм и дивјаштво ѝ помогна вешто да ги балансира семејството и работата.

Во описот на серијата стои: „Таа е посветена мајка. Фаталниот микс на шарм и дивјаштво ѝ помогна да го најде патот меѓу семејството и работата поради што стана нашироко позната како кума“.

Проектот се развива веќе осум години, пренесуваат медиумите. Колумбискиот режисер Андрес Баиз ќе ги режира сите шест епизоди.

Ова е и проект од соништата на Вергара, која извлече максимум од него, а Њуман тврди дека овој пат докажала колку е исклучително талентирана.

Прикажи повеќе...

Забава

Бекамови се подновија со луксузна јахта

Објавено пред

Викторија Бекам се враќа на деновите од „Спајс грлс“ во мал црн мини фустан додека им се придружува на родителите и сопругот Дејвид Бекам на неговата нова суперјахта вредна 5 милиони фунти, а која го доби името Seven по бројот на неговиот дрес во Мајами.

На модната дизајнерка (47) и фудбалскиот ас (46) им се придружија нејзините родители Ентони и Џеки Адамс на бродот долг 93,5 метри додека се подготвуваа да испловат од местото каде што беше закотвен во Мајами.

И славните домаќини се чини дека добро се снаоѓаат додека ги служат гостите со пијалаци на сребрен послужавник пред да тргнат на мини крстарење по зајдисонце на бродот произведен во Италија.

Минатиот месец беше објавено дека Дејвид се почестил со луксузниот брод во кој помогнал да се дизајнира по инспирацијата од поморските излети со Елтон Џон и Дејвид Фурниш, кои често летуваат на море.

Извор откри за весникот „Сан“ дека Дејвид разгледувал некои јахти летово и решил да се почести. Тој самиот помогнал во дизајнирањето на пловилото.

„Не е мегајахта во стил на олигарх, но е прилично добра. Дејвид доби инспирација по одморот со Елтон Џон и Фурниш на нивниот брод – и го засака животот на вода“.

„Ќе има простор за нуркање на децата, а бродот ќе биде одлична основа за целиот клан Бекамови за магични одмори во странство“.

Прикажи повеќе...

Забава

Почина рокерот Мит Лоуф

Објавено пред

Mит Лоуф, пејачот чиј албум Bat Out Of Hell, е еден од најпродаваните на сите времиња, почина на 74-годишна возраст.

Веста ја потврди неговото семејство на фејсбук-страницата на ѕвездата.

„Нашите срца се скршени да објавиме дека неспоредливиот Мит Лоуф почина вечерва со сопругата Дебора покрај него“, се наведува во објавата.

„Ќерките Перл и Аманда и блиски пријатели беа со него во последните 24 часа. Знаеме колку тој значеше за толку многу од вас и навистина ја цениме сета љубов и поддршка додека поминуваме низ овој момент на тага поради губењето на еден таков инспиративен уметник и прекрасна личност“.

Музичката легенда продаде 100 милиони албуми во светот, а се појави и во филмови, како Fight Club, Rocky Horror Picture Show и Wayne’s World.

Еден од неговите најголеми хитови I’d Do Anything for Love (But I Won’t Do That) му донесе „Греми“ за најдобра рок-изведба.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет9 минути

СЗО: Повеќе од 340 милиони луѓе во светот се заразиле со коронавирус

Бројот на регистрирани случаи на зараза со коронавирус во светот надмина 340 милиони луѓе, соопшти Светската здравствена организација. Според информациите,...

Македонија52 минути

Во притвор е спроведен возачот кој ја усмрти 24-годишната радовишанка на „Партизанска“

Судот доцна синоќа му одреди 30-дневен притвор на 22-годишниот Јордан Ѓ. кој со автомобил „цитроен Ц4“ ја усмрти 24-годишната радовишанка...

Македонија15 часа

Регистрирани 2.071 нов случај на Ковид-19 и 11 починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 6.010 тестови, а регистрирани се 2.071 нов случај на...

Македонија16 часа

Комисијата за заразни болести со препорака периодот за изолација да се намали на 7 дена

Намалување на периодот на изолција од 10 на 7 дена за ковид-позитивните пациенти е ставот што произлезе од денешната вонредна...

Македонија17 часа

Фон дер Лајен до Ковачевски: Лично сум подготвена да помогнам во процесот со Бугарија

Премиерот Димитар Ковачевски попладневно остварил телефонски разговор со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која му го честитала...

Македонија18 часа

Опасност од одрон на карпа тешка 20 тони врз кањонот Матка – од ЦУК велат нема простор за паника

Центарот за управување со кризи доби известување од ЕВН за опасност од одрон на голема карпа над кањонот Матка. Директорот...

Регион19 часа

Петков: Бугарија сама одлучува за својата одбрана

Бугарија сама ќе одлучува за плановите за одбрана во координација со партнерите од НАТО, изјави денеска бугарскиот премиер Кирил Петков....

Свет21 час

Лавров по средбата со Блинкен: Следната недела од САД ќе добиеме писмени одговори

САД ќе ѝ дадат писмени одговори на Русија на барањата за безбедносни гаранции следната недела, изјави рускиот министер за надворешни работи,...

Македонија23 часа

Плевнелиев: Не сакаме да ги внесеме Тито и Сталин во ЕУ

Северна Македонија не ги спроведе потребните реформи за почеток на преговорите со Европската Унија. Македонските тајни служби се разгранок на...

Топ24 часа

Нова трагедија кај Струма: возач загина во сообраќајна несреќа со македонски камион

Возач на автомобил загина по сообраќајна несреќа што се случила со македонски камион на патот помеѓу Благоевград и граничниот премин...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ и натаму инсистира на предвремени избори, од СДСМ велат дека барањето е од пуста желба за власт

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и денеска порача дека е неопходно да се одржат предвремени парламентарни избори. Тие инсистираат на брзи избори, без...

Македонија1 ден

Снег и забрана за товарни возила на дел од патиштата

Утрово, поради обилни врнежи од снег, воведена е забрана за тешки товарни возила кај планинскиот премини Стража, патниот правец Деве...

Свет1 ден

Властите во Калифорнија предлагаат тинејџерите да се вакцинираат без согласност од родителите

Калифорнија треба да дозволи вакцинација на деца на возраст од 12 и повеќе години без согласност од родителите, предложи синоќа...

Македонија2 дена

Загина 24-годишна девојка – автомобил ја прегази на пешачки пред Сити мол

Загина 24-годишна девојка откако вечерва беше прегазена на пешачки премин во близина на Сити мол во Скопје. Девојката преминувала улица...

Економија2 дена

ЕСМ ќе управува со БЕГ заради континуирано обезбедување топлинска енергија

Владата донесе одлука за обезбедување дополнителни количини топлинска енергија во услови на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија. „...

Свет2 дена

Бајден со нова закана кон Путин: Русија ќе плати висока цена

Американскиот претседател Бајден рече дека јасно му кажал на рускиот претседател Владимир Путин дека секое движење на руските воени сили...

Свет2 дена

Шведска ги менува препораките – лицата со слаби симптоми на настинка не мора ни да се тестираат

Под силен притисок од ширењето на омикрон и зголемениот број на заразени и здрави, но изолирани, кои почнаа да ги...

Македонија2 дена

Нови 13 починати и 1.172 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 4.021 тестови,...

Македонија2 дена

(Видео) Катица Јанева сака лично да ги следи судењата во кои Камчев ѝ бара да му врати дел од милионот

Експецијалната јавна обвинителка, Катица Јанева, има желба и самата да присуствува на судењата против неа, Бојан Јовановски-Боки 13, Зоран Милески-Кичеец,...

Македонија2 дена

Камчев не сака Кичеец да му врати дел од милионот, парите ги бара од Јанева, Боки-13 и државата

Бизнисменот Орце Камчев нема да бара од Зоран Милевски-Кичеец, осуден во случајот „Рекет“, да му врати дел од 1,5 милион...

Досие