Забава
(Видео) Познат актер евакуиран од бар на плажа во Грција, имало лажна дојава за бомба
Актерот Мет Дејмон моментно е на одмор на Миконос, Грција со сопругата Лусијана Баросо. За време на посетата на еден бар, полицијата добила анонимна е-пошта, во која лажно се тврди дека биле поставени експлозивни направи во четири бара на плажата на грчкиот остров, пишува „Дејли мејл“.
Околу 4.000 посетители на забавата беа на ноќно излегување кога од сопствениците на баровите беше побарано да ја намалат музиката и да им кажат на посетителите да си заминат на мирен начин, вклучувајќи го и популарниот актер Мет Дејмон, кој изгледаше смирен и ги следеше упатствата.
„Тоа беше тешка ситуација, но успеавме да го одржиме редот“, вели еден од сопствениците.
@queen_casablanca #fypage #scorpiosmykonos #mykonos #mattdamon #jasonbourne ♬ πρωτότυπος ήχος – Elena Casablanca Nyamwaya Odul
Локалната полиција подоцна информира дека се работи за лажна пријава.
Мет Дејмон е на одмор со сопругата Лусијана и нивните четири ќерки. Парот се запознал во еден бар на Мајами, каде што Лусијана работела како келнерка. Дејмон тогаш бил во градот на снимањето на Stuck On You, а по долгиот ден на снимање, членовите на филмската екипа го поканиле на пијачка.
„Ја видов во преполна соба и осум години и четири деца подоцна, таа е мојот живот. Не знам како ќе се вкрстеа нашите патишта да не се случеше ова. Поента на приказната? Кога си уморен, оди во бар и можеби ќе ја сретнеш сопругата“, сподели Дејмон во 2011 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
