Контакт

Забава

(Видео) Почина Биби Андерсон, една од омилените актерки на Бергман

Објавено пред

Шведската актерка Биби Андерсон, една од омилените актерки на Ингмар Бергман, почина во неделата на 83-годишна возраст, објави нејзината ќерка Џени Гред Далстарнд.

Андерсон глумеше во многу филмови на шведскиот режисер, меѓу кои и „Седмиот печат” во 1957 година, „Диви јагоди” од истата година и „Персона” од 1966 година.

Таа на петнаесетгодишна возраст почнала да соработува со Бергман кога снимаа рекламни спотови за сапуните „брис”.

Биби Андерсон исто така е добитник на бројни награди, меѓу кои и „Сребрена мечка“ за најдобра актерка на Берлинскиот филмски фестивал во 1963 година. Таа глумеше сè до 2009 година кога мозочен удар парализираше дел од нејзиното тело.

Медиумите и самиот Бергман честопати зборуваа за актерите од неговите филмови како за „негови актери”, додека Биби Андерсон не кажа дека „таа си припаѓа единствено себеси“.

Забава

(Видео) Десетгодишно девојче родено без дланки доби награда за најубав ракопис

Објавено пред

Десетгодишно девојче од САД, кое е родено без дланки, докажа дека може да врши задачи како и секој друг – ако не и подобро.

Сара Хинсли ја освои наградата „Николас Максим“ на натпреварот Занер-Блосер за најубав ракопис. Оваа награда им се доделува на ученици со интелектуална и физичка попреченост.

За да пишува, Сара го држи пенкалото меѓу краевите на рацете. Таа е ученичка во трето одделение на регионалното католичко училиште „Св. Џон“ во Фредерик, во Америка.

За убавиот ракопис на Сара е заслужна нејзината учителка, но и нејзиниот природен талент, пишува Klix.ba.

Сара доби награда од 500 долари и сè уште не одлучила што ќе прави со неа, но се надева дека другите деца со попреченост ќе бидат инспирирани од нејзината приказна.

Нејзината мајка Кетрин Хинсли рече дека била воодушевена кога Сара ја освоила наградата.

„Сара е многу независно девојче. Кога сака нешто, се труди да го добие тоа. Секоја задача ја сфаќа многу сериозно и не се откажува од неа додека не ја изврши“, рече мајка ѝ.

Покрај тоа што сака да пишува, таа се занимава со уметност, вози велосипед, чита и плива.

Прикажи повеќе...

Забава

На фарма во САД се роди теле со две глави

Објавено пред

На една фарма во сојузната американска држава Монтана родено е теле со две глави. Фотографијата од оваа навистина ретка појава ја објавила фармерката Хедер Херман, која навела дека го пронашла додека го прегледувала добитокот.

„Отидов во вообичаен дневен преглед на нашето стадо и зебележав дека една крава се издвоила од другите. Кога дојдов до неа, видов теле како лежи до неа а уште од далеку сфатив дека со него нешто не е в ред. Кога разбрав за што станува збор, не сакав ниту да гледам“, објаснила Хедер.

Таа додала дека ја зачудило како воопшто кравата успеала да се отели со такво теле а без помош, но рекла дека со кравата сè е во ред и дека здравјето не ѝ е влошено. Телето, како што рекла, починало набрзо.

Цицачи со две глави се многу ретка појава, но се случува ако ембрионот делумно се одели или кога два одделни ембриони делумно се спојат, пишува „Метро“.

Прикажи повеќе...

Бизарно

На аукција се продава опасна птица што уби човек на Флорида

Објавено пред

Се продава голем каузар, птица што пред десет дена го уби својот сопственик Марвин Хаџос на Флорида, а која се смета за една од најопасните во светот, објавија американските медиуми.

На аукцијата, која ќе се одржи на 27 април, ќе бидат понудени уште стотина егзотични животни кои некогаш му припаѓале на одгледувачот Марвин Хаџос, објавија организаторите на аукцијата.

Хаџос (75) бил нападнат на 12 април кога се сопнал и паднал во близина на затворениот простор каде што биле неговите два каузара. Тој бил итно пренесен во болница, каде што починал.

Портпаролот на полицијата, Брет Роденизер, смртта на Хаџос ја нарече трагична несреќа.

Хаџос ги одгледувал големите каузари за продажба на колекционерите на егзотични птици.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет55 минути

Ким ја напушти Русија четири часа порано

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун замина од Владивосток и тргна кон Пјонгјанг, јави руската новинска агенција „ТАСС“. Ким ја...

Свет1 час

Антитерористичка операција во Мелбурн, уапсен маж пред црква

Еден маж е уапсен во близина на англиканската црква Света Марија во северниот дел на Мелбурн, при операција на австралиската...

Македонија2 часа

На граничниот премин Богородица се чека и до 45 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, велат од Автомотосојузот на Македонија. На граничните премини...

Избори 201914 часа

(Видео) Заев од Велес: Ќе игра метлата и на другата страна, кај оние што опструираат и враќаат режим!

Ќе фаќа метлата и на другата страна, на оние што опструираа. Ние сме добри, сите сме еднакви. Слушам пак списоци...

Топ14 часа

Извршен увид во скопско Рашче, каде што беше убиено едно лице

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид во селото Рашче каде што попладнево беше пронајдено починато машко...

Избори 201915 часа

Сиљановска во Карпош: Силата на аргументите мора да победи, вистината е на наша страна

Кандидатот за претседател Гордана Сиљановска-Давкова денеска на трибина во Општина Карпош им се заблагодари на граѓаните што ја подржаа во...

Македонија21 час

95 новозаразени со сипаници, бројката се намалува, но епидемијата не стивнува

Во последните шест дена, од 20 до 25 април, пријавени се 95 нови случаи на заразени со сипаници. Во споредба...

Избори 201921 час

Гласањето поништено, но прегласување нема – ДИК прифати 7 од 14 приговори

Од 14 приговори, Државната изборна комисија (ДИК) прифати 7 приговори поднесени од штабот на Гордана Силјановска-Давкова, кои се однесуваа на...

Македонија22 часа

(Видео) Пендаровски: Да не бараат изговори, функционерите веднаш да ги повлечат своите роднини

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски изјави дека е неоправдано и неодговорно изнаоѓањето изговори дека се работи за некакви грешки и побара...

Македонија23 часа

Кирацовски најави повлекување на роднините од државните институции

Пратеникот од СДСМ, Александар Кирацовски, вели дека ќе ги повлече сите свои роднини од работните места во државните компании. Ова...

Избори 201924 часа

(Видео) 42 потпишани во списокот, а 82 гласачки ливчиња на избирачко место во Охрид

На избирачкото место 1338 во општина Охрид се делеле по две гласачки ливчиња за претседател и за градоначалник, а гласачите...

Македонија24 часа

Кабинетот на Иванов: Прекршочните пријави на ДКСК се политичка одлука

Прекршочните пријави на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) против претседателот Ѓорге Иванов се политичка одлука, реагира Кабинетот на претседателот....

Избори 20191 ден

(Видео) Вишок ливчиња во гласачките кутии, ДИК поништи гласање на повеќе избирачки места

Државната изборна комисија го поништи гласањето на повеќе избирачки места затоа што во гласачките кутии имало повеќе гласачки ливчиња од...

Македонија1 ден

Судијата Киро Здравев е нов претседател на Судскиот совет

Членовите на Судскиот совет едногласно со 12 гласа „за“ го избраа врховниот судија Киро Здравев за нов претседател на телото...

Избори 20191 ден

Кекеновски: Мицкоски повикува на одѕив како Груевски во 2004 година кога одработи за Црвенковски

Историјата и постапките на лидерите на политичките партии кога се во прашање претседателските избори се повторуваат, констатира професорот и лидер...

Македонија1 ден

Земјотрес во Дојран и Гевгелија

Земјотрес со јачина од 2,8 степена според Рихтеровата скала бил почувствуван ноќеска во Дојран и Гевгелија. „Телеметриската сеизмолошка мрежа утринава...

Свет1 ден

Путин: Разговорот со Ким беше темелен; Ким: Плоден и конструктивен

Рускиот претседател, Владимир Путин, денеска изјави дека разговорот во четири очи со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун во Владивосток бил темелен....

Вести1 ден

Прва средба Путин – Ким во Владивосток

Светска тема број еден денеска е средбата меѓу рускиот претседател, Владимир Путин, и севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун. Аналитичрите ја споредувааат...

Македонија2 дена

(Видео) ИВЗ: Одлуката на судот е донесена со фалсификувани документи, местото на судиите им е во Зоолошка

ИВЗ обвинува дека Граѓанскиот суд донел одлука за именување нов реис врз основа на фалсификувани документи, печати и потписи. Oд...

Македонија2 дена

ДКСК: Без интервјуа и записници се вработувале роднините на Кирацовски, Бектеши, Адеми

Целиот процес за тоа како тече непотизмот во државните и јавни институции денеска беше обелоденет на седницата на Државната комисија...

Досие