Контакт

Забава

(Видео) По принудното слетување, пилот нарача 40 пици за вознемирените патници

Објавено пред

Патниците на летот на компанијата „Американ ерлајнс“, 2354, од Лос Анџелес до Далас, не ни можеле да претпостават дека ноќта ќе ја минат на аеродром во Тексас, каде што биле принудени да слетаат.

Имено, авионот принудно слетал на аеродромот поради силната бура што го погодила северниот дел на Тексас, каде што 150 исплашени патници морало да преноќат.

Со цел да се намали тензичната атмосфера и непријатноста, пилотот Џеф Рејнс нарачал 40 големи пици за испорака до аеродромот.

Видеото направено на аеродромот покажува како пилотот оди наваму-натаму и носи пици за патниците.

„Никогаш претходно не сум видел такво нешто“, вели Џош, вработен на аеродромот, кој го снимил видеото. Пилотот потоа кратко изјавил дека целиот екипаж сакал да им помогне на патниците.

Забава

Фановите на Криси Тајген сметаат дека е дебела и треба да вежба

Објавено пред

Поранешниот модел Криси Тајген (33), сопруга на американскиот пејач Џон Леџенд (40), се пресмета со хејтерите на социјалните мрежи, кои ја нарекоа дебела.

„Тајген сака да ги напаѓа луѓето, па сакам да ѝ укажам на нејзините килограми. Мислам дека дебелата треба да оди во сала за вежбање“, пишува нејзиниот следбеник на социјалните мрежи.

Кога ѝ порачаа дека е време да се врати на вежбањето поради, како што рекоа, вишокот килограми по бременоста, таа им одговори на свој начин.

„Воопшто не се оптоварувам со своите килограми, па твојот коментар не ме боли. Најслаба бев кога ја родив Луна, но страдав од постпородилна депресија. Затоа, со задоволство ќе ги прифатам овие килограми и овие чувства“, рече таа. На крајот на март Криси јавно се извини за она што се случува со нејзините килограми.

„Десет килограми сум потешка отколку пред раѓањето на Мајлс. Тој има 11 месеци сега, а јас никогаш не ги изгубив насобраните килограми бидејќи премногу ја сакам храната. Затоа се навикнав дека ова е мојот нов изглед бидејќи имам толку многу килограми веќе долго време“, објасни таа.

Прикажи повеќе...

Забава

Фосил од гигантски лав пронајден во шкаф на кениски музеј

Објавено пред

Откако истражувачи одлучиле подетално да ги испитаат коските кои со децении стоеле во шкаф на кениски музеј, откриле сосема нов вид  гигантски цицач, пишува Би-би-си.

Новооткриениот вид наречен simbakubwa kutokaafrika, што значи гигантски африкански лав на свахили, живеел во Источна Африка пред 20 милиони години и припаѓал на група на сега изумрени цицачи наречени Hyaenodon („хиенозаби“).

Ова најново откритие може да помогне во објаснувањето што се случило со таа група.

Членовите на групата Hyaenodon, именувана по забите кои се слични на оние со денешните хиени, биле доминантни месојади повеќе од пред 20 милиони години, но всушност еволуциски не се поврзани со хиените.

„Веруваме дека simbakubwa поради своите големи заби бил месојадец многу поголем од денешните лавови, а можеби и поголем од поларна мечка“, изјави палеонтологот Метју Бортс.

Тој во 2013 година работел на истражување во Националниот музеј во Најроби и во врска со оваа студија од музејот побарал да ја погледне содржината на збирката со назнака „хиени“.

Во шкаф на музејот наишол на уникатна челуст, заби и коски од непознато суштество кои таму пристигнале откако некој ги ископал во западна Кенија кон крајот на 70-тите години на минатиот век.

Прикажи повеќе...

Забава

Ким доби понуда да работи како адвокат, има сè што е потребно

Објавено пред

Ѕвездата на реалното шоу Ким Кардашјан (38) доби понуда за работа во адвокатската фирма на Роберт Шапиро (76). Овој познат адвокат соработуваше со нејзиниот покоен татко Роберт Кардашјан на судењето за убиство на О. Џ. Симпсон. Тој ги пофали квалитетите на Ким за кои рече дека ќе дојдат до израз кога ќе почне да работи како адвокат.

Кардашјан секогаш била заинтересирана за кривичното право, а нејзиниот татко, Роберт Кардашјан, кој почина во 2003 година, бил познат американски адвокат.

„Ким има сè што е потребно за да стане добар адвокат. Откако ќе го положи испитот, вратата ѝ е отворена во нашата компанија“ – рече Роберт Шапиро, пренесува ТМЗ. Тој додаде дека пред неа е долг и тежок пат и постои веројатност за неуспех.

Ѕвездата на реалното шоу поминува неколку месеци учејќи 18 часа неделно, како вистински студент. Ким сака да го положи правосудниот испит и до 2022 година да стане адвокат.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет8 часа

Помпео: Русија се меша во изборите во целиот свет

САД ќе продолжат да го осудуваат руското мешање во американските избори и ќе преземат одлучни мерки против злонамерното дејствување на...

Избори 20199 часа

МВР ќе издава лични карти и утре и задутре

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека сите одделенија за управни работи ќе работат в сабота и в недела...

Македонија15 часа

,,Сведочите на рекла-кажала”, Мијалков се обиде да го дискредитира Звонко Костовски

Со поставување вкрстени прашања, ексшефот на тајната полиција Сашо Мијалков се обиде да го дискредитира сведочењето на Звонко Костовски, еден...

Македонија16 часа

(Видео) Јанакиески побарал увид во доказите за крвавиот четврток

Околу триесетина минути траеше распитот на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески во Обвинителството за организиран криминал и...

Македонија18 часа

Револтирана мајка: Син ми доби силна тупаница по главата поради бојата на кожата

Револтирана мајка од Скопје на Фејсбук објави дека нејзиниот 13-годишен син добил тупаница по глава, а претходно бил навредуван на...

Македонија18 часа

Надица се логираше со други имиња за да види што другите гледаат во системот, сведочеше Звонко Костовски

Обвинетата началничка во МВР, Надица Николиќ, на денешното судење за масовното прислушување познато под кодното име „Таргет-Тврдина“ го испрашуваше инженерот...

Крвав четврток19 часа

Јанакиески повикан на распит во обвинителство за крвавиот четврток

Ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, е повикан на распит во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција во...

Македонија19 часа

Теренска вакцинација во училиштата против морбили

Медицински персонал денеска ќе тргне по училиштата и теренски ќе ги вакцинира оние што не ја примиле вакцината против морбили....

Европа20 часа

Шпанската полиција спречи терористички напад на џихадистите за Велигден во Севиља

Шпанската полиција, наводно, спречила планиран напад на велигденските поворки во Севиља, при што во Мароко е уапсен еден џихадист, соопшти...

Избори 20191 ден

Дескоска: Ако не се избере претседател, во игра се две опции

Во игра се две опции доколку на претседателските избори не биде постигнат потребниот цензус, изјави министерката за правда, Рената Дескоска....

Македонија1 ден

На интернет објавени четири прислушувани разговори

На интернет пред неколку часа објавени се четири телефонски прислушувани разговори. Зад објавата стои извесен корисник „Илија громовник“, а разговорите се...

Избори 20192 дена

Силјановска во штабот на Пендаровски

Гордана Силјановска-Давкова денеска го посети изборниот штаб на својот противкандидат Стево Пендаровски. Таа на „Твитер“ објави дека со присутните разговарале...

Македонија2 дена

(Видео) Поплава во средното уметничко училиште во Скопје

Во средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје вчера настанала поплава, откако избил вентилот за парно греење за време на...

Македонија2 дена

Нови 30 дена куќен притвор за Стевчо Јакимовски

Кривичниот суд во Скопје му определи нови 30 дена куќен притвор на поранешниот градоначалник на општина Карпош Стевчо Јакимовски во...

Свет2 дена

„Фејсбук“ без дозвола собрал адреси на е-пошта од 1,5 милион корисници

„Фејсбук“ призна дека собрал адреси на е-пошта од 1,5 милион корисници без нивно знаење и дозвола, објави Си-ен-ен. Најголемата социјална...

Свет2 дена

(Видео) Девојка во Бангладеш запалена зашто пријавила сексуална злоупотреба

Студенти ја полиле со керозин и ја запалиле нивната колешка Нусрат Џахан Рафи во училиште во Бангладеш бидејќи две недели...

Свет2 дена

Маж со канистери полни бензин и запалки сакал да влезе во катедралата во Њујорк

Триесет и седумгодишен маж e уапсен откако се обидел да влезе во катедралата Свети Патрик во Њујорк со два канистери...

Македонија2 дена

Репортери без граници: Земјава на 95. место според слобода на медиумите

Северна Македонија е на  95. место според последниот светски индекс за слободата на медиумите на Репортери без граници (РСФ), со...

Свет2 дена

„Тајм“ објави листа на највлијателни луѓе во светот

Пејачката Тејлор Свифт, телевизиската новинарка Гејл Кинг и фудбалската ѕвезда Мохамед Салах се меѓу шесттемина познати и највлијателни луѓе според...

Европа2 дена

(Видео) Португалија: Загинаа 29 германски туристи во автобус кој излета од патот на островот Мадеира

Најмалку 29 туристи од Германија загинаа синоќа во несреќа на португалскиот остров Мадеира, кога препол автобус излета од патот и...

Досие