Контакт

Забава

(Видео) По 15 години, Хју Грант откри низ што минал поради познатата сцена од Love Actually”

Објавено пред

Еден од најпопуларните божикни филмови е романтичната комедија Love Actually, која премиерно беше прикажана пред 15 години. Во ова остварување, главната улога ја играше Хју Грант (58), кој изјави дека не му е јасно зошто овој филм стана толку популарен, но од друга страна му е драго што го засакаа луѓето од целиот свет.

„Мило ми е што овој филм стана еден вид божикен обичај за многу луѓе”, рече Грант.

Тој се присети на онаа легендарна сцена кога игра и пее по дома, и според сопственото признание, не му се допаднало што ја снимил.

„Тоа беше една од најлошите сцени што требаше да ги снимам. Беше седум часот наутро, па натерајте еден 43-годишник трезен да игра и пее“, рече Хју Грант.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Хороскопски знаци на кои не им се допаѓа Евровизија

Објавено пред

Некои хороскопски знаци едноставно не можат да се пронајдат во евровизискиот хаос и спектакл, па го гледаат на сосема поинаков начин.

Јарец

Го гледа Евросонг како хаотичен спектакл без структура и често се прашува дали некој воопшто навистина пее.

Девица

Гледа, но анализира сè: вокал, сценографија, облека. За неа има премногу „cringe“ моменти и премалку совршенство.

Шкорпија

Не сака површност и претерана драматика, па ексцентричните настапи ѝ делуваат премногу и брзо ја губи интересот.

Бик

Премногу гласно, хаотично и заморно. Преферира мирна вечер, храна и нешто проверено наместо евровизиски спектакл.

Водолија

Иако сака оригиналност, Евросонг ѝ делува како „пресметана чудност“ и затоа често ја губи магијата.

Прикажи повеќе...

Забава

Пет земји ја бојкотираат Евровизија оваа година

Објавено пред

Почна 70. издание на Eurovision Song Contest 2026, кое оваа година се одржува во Виена, Австрија, во салата Wiener Stadthalle. Вкупно учествуваат 35 земји. Велика Британија, Франција, Германија и Италија како дел од „големата петорка“ имаат директен пласман во финалето, заедно со домаќинот Австрија како лански победник.

Оваа година, од натпреварот се повлекоа пет земји: Исланд, Ирска, Холандија, Словенија и Шпанија. Шпанската одлука е посебно значајна затоа што земјата е меѓу најголемите финансиски поддржувачи и вообичаено има директно место во финалето. Исланд бил последен што се приклучил на бојкотот.

Причината за повлекувањето е протест против воената кампања на Израел во Газа, која започна во октомври 2023 година.

Покрај бојкотот, три земји – Шпанија, Ирска и Словенија – одлучија да не го пренесуваат натпреварот. Ирската телевизија RTÉ наместо тоа ќе емитува епизода од серијата „Father Ted“, а Словенија ќе прикажува циклус палестински филмови под наслов „Гласови на Палестина“.

Големото финале на Евросонг ќе се одржи во сабота, 16 мај.

Прикажи повеќе...

Забава

Ништо нема да биде исто: Два знака донесуваат одлука што ќе им го промени животот

Објавено пред

Некои недели минуваат мирно и без поголеми промени, но има и такви моменти кога една одлука става сè во движење.

Астрологијата покажува дека оваа недела ќе биде пресвртница за два знака, по што работите повеќе нема да бидат исти.

Ова се одлуки што ги одложувале долго време, иако длабоко во себе веќе знаеле што треба да направат. Сега доаѓа моментот кога повеќе нема да можат да го игнорираат она што го чувствуваат.

Шкорпија
Шкорпиите веќе некое време се чувствуваат како да стојат во место. Иако однадвор изгледаат смирени и контролирани, незадоволството се натрупува во нив веќе долго време.

Оваа недела доаѓа моментот кога ќе мора да се откажат, без разлика дали станува збор за врска, работа или ситуација што емоционално ги исцрпува. Одлуката нема да биде лесна, но ќе донесе чувство на ослободување што им недостасувало долго време.

После тоа, тие повеќе нема да се согласуваат со работи што ги задушуваат.

Водолија
Водолиите се познати по тоа што долго размислуваат пред да направат голем чекор. Сепак, откако ќе одлучат, нема враќање назад.

Оваа недела, тие би можеле да ги изненадат оние околу нив со потег што никој не го очекувал. Ќе сфатат дека повеќе не сакаат да ги исполнуваат очекувањата на другите и ќе одлучат да ги стават своите потреби на прво место.

Оваа одлука би можела да го промени нивниот поглед кон иднината.

Прикажи повеќе...

Најново

Забава2 секунди

Хороскопски знаци на кои не им се допаѓа Евровизија

Некои хороскопски знаци едноставно не можат да се пронајдат во евровизискиот хаос и спектакл, па го гледаат на сосема поинаков...

Забава18 минути

Пет земји ја бојкотираат Евровизија оваа година

Почна 70. издание на Eurovision Song Contest 2026, кое оваа година се одржува во Виена, Австрија, во салата Wiener Stadthalle....

Македонија30 минути

Утре променливо облачно време со дожд и грмежи, температурите во опаѓање

Времето утре ќе биде променливо облачно, а претежно во западните делови од земјата ќе има повремен дожд. Локално се очекуваат...

Свет1 час

Трамп: Иранците рекоа дека ќе добиеме нуклеарен прав

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е уверен дека Иран ќе престане да збогатува ураниум и ќе се откаже од...

Свет1 час

Пентагон објави колку војната во Иран ја чинела Америка досега

Американската војна во Иран досега чинела 29 милијарди американски долари, изјави денес висок функционер на Пентагон, што е зголемување од...

Македонија2 часа

Ученикот кој беше прободен во училиште во Ченто е во болница и е во добра состојба, вели Стефковски

Ученикот кој вчера беше прободен во основно училиште во Ченто е во болница и е во добра состојба, вели градоначалникот...

Економија2 часа

Мукаетов на Самитот „Македонија 2025“: „’Алкалоид’ е пример дека Македонија може да се натпреварува глобално“

Компаниите од земјава и од регионот треба да ги напуштат локалните практики и да работат според глобалните правила и стандарди,...

Македонија2 часа

Во завршна фаза е изградбата на боксерската сала во Битола

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, изврши увид на изградбата, односно завршницата на еден капитален објект за Битола. Центарот за спорт...

Македонија2 часа

Средба на Сиљановска-Давкова со канадските претприемачи со македонско потекло, Џон Битов помладиот и Јордан Битов

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на македонската дијаспора во Канада, меѓу кои и канадските претприемачи Џон Битов помладиот и...