Контакт

Hitech

(Видео) Претставена внатрешноста на патничката капсула што ќе се движи со брзина од 1.000 километри на час

Објавено пред

Германскиот автомобилски гигант БМВ, во соработка со компанијата „Вирџин хајперлуп“, со седиште во Калифорнија, подготвува физички прототип на патничка капсула, кој ќе биде претставен на настанот „Сити вок“ во Дубаи, што се организира во рамките на месецот за иновации во Обединетите Арапски Емирати.

Судејќи според објавата на баварскиот бренд, во индина ваквите капсули би се користеле за патување низ вакуумски цевки, при што би се движеле со брзина до 1.080 киломери на час, со помош на електромагнета технологија. Со таква брзина патот од Дубаи до Абу Даби долг 140 километри би траел само 12 минути, пишува „Фокс њуз“.

Следниот чекор на целокупниот процес подразбира преговори меѓу „Вирџин хајперлуп“ со властите одговорни за сообраќајот и патиштата во Дубаи, со цел патувањето со ваквите капсули да стане реалност во текот на следните неколку години.

Капсулата нема прозорци, но нејзината внатрешност е опишана како удобна и практично осмислена. Од безбедносни причини патниците ќе мора да седат во текот на целото патување.

Доколку некој се одлучи за патување со прва класа, ќе ужива во кожени седишта со греење и ладење, како и екран на допир за лична употреба. Се очекува целиот проект да се реализира до 2020 година, а се проценува дека капсулите ќе превезуваат по 10.000 луѓе на еден час.

Hitech

„Самсунг“ тестира контрола на телевизори со помош на мисли

Објавено пред

Идејата за контрола на предмети со користење на нашиот ум изгледа како сцена од научнофантастичен филм, но таа всушност и не е толку недостижна.

Во минатото сме виделе како со помош на мислите луѓето може да контролираат уреди, како што се инвалидските колички, поради што употребата на умот за контрола на телевизори и не изгледа толку невозможно. Всушност, за време на конференцијата на програмери на „Самсунг“ компанијата откри дека работи на софтвер што потенцијално ќе им овозможи на корисниците да ги контролираат своите телевизори со помош на мозокот.

Според „Самсунг“, работата на овој проект е почната пред три месеци во партнерство со Центарот во Швајцарија – EPFL, со идеја да им овозможи на оние со одредени пречки во развојот да ги контролираат своите уреди.

Според Ричард Чаваријага, научник во EPFL, кој исто така работи на проектот, станува збор за технологија која е сложена и интелигентна, односно токму каква што треба да биде со оглед дека е наменета за да се поврзе со луѓето.

 

 

Прикажи повеќе...

Hitech

„Фејсбук“ прави напредок во борбата против говорот на омраза

Објавено пред

Компанијата „Фејсбук“ соопшти дека прави напредок во откривањето говор на омраза, графичко насилство и други облици на кршење на правилата на социјалната мрежа, дури и пред корисниците да ги забележат и пријават ваквите содржини.

Во извештајот за спроведувањето на стандардите на компанијата, од „Фејсбук“ велат дека во периодот од април до септември двојно се зголемило проактивното откривање на говор на омраза во споредба со претходните шест месеци.

Исто така, се истакнува дека деактивирани се повеќе од 1,5 милијарда лажни наводи во изминатите шест месеци во споредба со 1,3 милијарда во претходното полугодие.

Повеќето лажни наводи биле финансиски мотивирани, а не поради дезинформации, објави агенцијата АП.

„Фејсбук“ има околу 2,3 милијарди корисници во светот.

Прикажи повеќе...

Hitech

(Видео) НАСА објави прво видео со висока резолуција од вселената

Објавено пред

НАСА почна на „Јутуб“ да објавува видеа од вселената во висока резолуција – 8К.

Првото вакво видео е снимено на Меѓународната вселенска станица, која дава сосема нов поглед на бурата, Месечината, па дури и на научните експерименти.

„На новото видео деталите се видливи повеќе од кога било. Технологијата на камерата продолжува да напредува, а можноста да ја видиме планетата на толку детален начин е добра работа“, вели Дилан Матис од НАСА.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет15 часа

(Видео) Девојка се разнесе пред полициски пункт во Чеченија

Девојка се разнесе со експлозив пред полициски пункт во главниот град на Чеченија, Грозни. Никој друг не е убиен, ниту...

Бегството на Груевски17 часа

Бугарски „Фокус“: Груевски ја напуштил Унгарија

Според сè уште непотврдена информација, поранешниот македонски премиер Никола Груевски веќе ја напуштил Унгарија, објави бугарската агенција „Фокус“ повикувајќи се на изјава...

Македонија18 часа

(Видео) Револтирана студентка: Доста се криете зад Фејсбук, излезете и кажете дека сакате чист воздух

Доста се криете зад лажни Фејсбук профили и седите по кафулиња, излезете и кажете дека саакате чист воздух , порача...

Македонија19 часа

СЈО: Јанакиески и Божиновски се во притвор поради сознанијата дека планираат бегство

На поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски, им е определен...

Македонија19 часа

Клиника за гинекологија: Намален бројот на починати предвреме родени бебиња

Според податоците на Универзитетската клиника за гинекологија и акушертво, годинава е забележан намален процент на смртност на предвреме родените новороденчиња....

Македонија20 часа

(Видео) Протест против загадувањето: Власта повеќе троши за свои ќефови отколку за животната средина

Патиме сите од загадениот воздух, а најмногу децата и повозрасните, 30 години нè трујат, некој профитира од тоа, порачаа учесниците...

Interview/Debate22 часа

(ИНТЕРВЈУ) Унгарски новинар: Се кладам дека Орбан е замешан во бегството, Груевски ќе заврши во Москва

Питер Ерделај е уредник и новинар во еден од ретките унгарски медиуми кои се независни и надвор од контрола од...

Вести22 часа

(Видео) Околу 1.000 исчезнати и 71 загинат во најсмртоносните пожари во Калифорнија

Повеќе од 1 000 луѓе се пријавени како исчезнати во пожарите во Калифорнија во кои загина најмалку 71 лице, објави...

Вести23 часа

„Вашингтон пост“: ЦИА заклучи – принцот го наредил убиството на Кашоги

ЦИА заклучи дека саудискиот принц Мохамед бин Салман го наредил убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во Истанбул, објави „Вашингтон...

Бегството на Груевски1 ден

Приватниот авион на Орбан одлетал за Белград, еден ден откако Груевски објави дека побарал азил

(Фото: Илустрација „Bombardier Global 6000“) Луксузниот приватен авион што го користи унгарската владејачка и бизнис-елита, меѓу кои и премиерот Виктор...

Македонија2 дена

Канческа-Милевска за протестот пред нејзината куќа: Почитувам изразување став, но не на овој начин

Пратеничката Елизабета Канческа-Милевска им се извини на нејзините соседи, роднини и пријатели за синоќешниот протест пред нејзината куќа во населба...

Македонија2 дена

Кабинетот на Иванов бара одговор од МВР: Врз основа на што УБК ги следи активностите на претседателот

Од Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов реагираат на јавно објавеното решение за притвор на поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил...

Јоханес Хан Јоханес Хан
Македонија2 дена

Хан: Македонија напредува во владеење на правото, сите членки на ЕУ треба да ја поддржат

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, на „Твитер“ порача дека владеењето на правото е еден од основните критериуми за влез во...

Бегството на Груевски2 дена

(Видеоинтервју) Есмеров: ЕУ и САД нема да се мешаат во внатрешните работи на Унгарија

Поранешниот амбасадор на Македонија во Унгарија, Игор Есмеров, во интервју за „Макфакс“ тврди дека се крајно симптоматични тврдењата на премиерот...

Бегството на Груевски2 дена

Унгарската влада: Ниту унгарската држава ниту унгарските власти не помогнаа Груевски да ја напушти Македонија

Унгарската влада соопшти дека во бегството на експремиерот Никола Груевски од Македонија не помагала ниту унгарската држава ниту унгарските власти,...

Македонија2 дена

На Груевски за „Шлаканиците во Центар“ ќе му се суди во отсуство

Основиот суд Скопје 1 – Скопје, по барање на специјалното јавно обвинителство, денеска одлучи на обвинетиот Никола Груевски, кој моментно...

Свет2 дена

(Видео) Постапокалиптички сцени од пожарите во Калифорнија

Според последниот биланс на жртви од пожарите во Калифорнија, досега загинале 63 лица, а 630 се водат за исчезнати. Видеата...

Бегството на Груевски2 дена

Заев потврди: Груевски бил пренесен со унгарско дипломатско возило

Премиерот Зоран Заев ги потврди информациите што стигаа до медиумите од албанската и црногорската полиција за бегството на Никола Груевски...

Бегството на Груевски2 дена

Заев: Груевски да каже дали доброволно заминал или бил киднапиран

Дали Никола Груевски доброволно ја напуштил Македонија или бил киднапиран?! Очекувам и Груевски и Унгарија да дадат одговори на овие...

Бегството на Груевски2 дена

Унгарската влада за Груевски: Доколку се побара екстрадиција, ќе се следи правната процедура

Унгарската влада вели дека експремиерот на Македонија, Никола Груевски, кој е осуден на две години затвор, побарал азил поради закани...

Досие