Контакт

Забава

(Видео) Пoследен аплауз за Милена Дравиќ

Објавено пред

Во театарот „Звездара” е завршена комеморацијата по повод смртта на една од најдобрите актерки на нашите простори, Милена Дравиќ.

На самиот крај на комеморацијата беше пуштена песната на Арсен Дедиќ „Милена”, а во публиката на сите им беше тешко да ги задржат силните емоции и солзите. Колегите станаа и и упатија последен аплауз на Милена Дравиќ.

„Актерка со таква харизма, неповторлива и единствена. Секако, веќе нема да има таква актерка како Милена Дравиќ на нашите простори“, рече Бјелогрлиќ.

Милена Дравиќ денес ќе биде погребана во Алејата на заслужните граѓани на Новите гробишта во Белград.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Родригез изненаден од веста за Џеј Ло и Бен Афлек

Објавено пред

Алекс Родригез бил „шокиран“ од повторното обединување на Џенифер Лопез и Бен Афлек.

Бен и Џенифер неодамна беа видени на романтично бегство во луксузен скијачки резорт во Монтана на ексклузивни фотографии добиени од „Дејли мејл“.

Поранешниот свршеник на Џеј Ло, Алекс Родригез, се чини дека е прилично изненаден од повторната дружба на некогашниот холивудски пар, познат како „Бенифер“, по пауза од 17 години.

Таблоидите цитираат извори блиски до 45-годишниот бејзбол ветеран на „Њујорк Јенкис“ дека се натажил кога прочитал дека Бен и Џенифер минувале време заедно во последните неколку недели, само еден месец откако тој и Џенифер ја прекинаа веридбата.

Извор близок до Родригез изјави за Е! News во понеделникот: „Алекс е изненаден, тој воопшто не очекуваше дека Џеј Ло ќе продолжи по свој пат.“

„Тој мислеше дека ќе ги надминат несогласувањата и ќе бидат повторно заедно. Беше убеден дека нивната врска ќе успее.“

Прикажи повеќе...

Забава

Анџелина Џоли: Долго време сум сама

Објавено пред

Анџелина Џоли открива дека ќе биде многу селективна пред повторно да пронајде љубов… среде долга и мачна судска битка за старателство и прилично тежок развод од Бред Пит во 2016 година.

Во текот на интервју за E! News ја прашаа за можноста да почне нова врска по разделбата со Бред додека трае правната битка за старателство над нивните деца.

Актерката (45) се пошегува дека е сама веќе долго време и откри дека нејзините деца ѝ помагаат во самохраното мајчинство.

Анџелина, која со Бред ги дели Медокс (19), Пакс (17), Захара (16), Шајло (14) и близнаците Нокс и Вивиен (12), рече: „Нема ништо ново на љубовен план. Веќе подолго време сум сама“.

Анџелина, која го промовира својот најнов филм Those Who Wish Me Dead, зборуваше за тоа дека е способна да ги воспитува своите деца како самохрана мајка.

„Имам шест многу способни деца. Кога се будам наутро, првата помисла е да се осигурам дека се добро. Најважно е тие да се психички добро“, рече таа додавајќи дека се чини како да се смениле улогите во последните години.

Прикажи повеќе...

Забава

Амброзио ја почна работната недела со пилатес

Објавено пред

По поминатиот лежерен ден со семејството и пријателите на Денот на мајката, Алесандра Амброзио се врати на секојдневната рутина на одржување на својата беспрекорна фигура.

Бразилската убавица (40) беше забележана како излегува од пилатес-студио во Санта Моника, во близина на нејзиниот дом покрај Тихиот Океан.

Амброзио го покажа исончанато и тонирано тело во бел спортски градник и долни тренирки.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Во петок во Македонија ќе пристигнат 38.400 вакцини од „Астразенека“

Овој петок во Македонија ќе пристигнат 38.400 вакцини од „Астразенека“, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче. „Добивме уште една добра...

Македонија10 часа

Во Македонија 171 нов случај на коронавирус, починаа 26 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 171 нов случај на коронавирус, 26 лица починаа, а 409 оздравеа, соопшти...

Македонија11 час

Државата треба да ѝ врати над 1,7 милион евра на Европската комисија, пари што ги проневерил ексфунционер од МИОА

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал поднесе обвинение против поранешниот секретар во Министерството за информатичко општество и администрација и...

Македонија13 часа

Од четврток забраната за движење ќе трае само по четири часа

Владата на денешната 69-та седница донесе одлука полицискиот час, од 13 мај, да почнува на полноќ, наместо од 23 часот...

Македонија13 часа

(Видео) Заев: Европските лидери добро ја разбираат нашата порака – идентитетот не е за преговори

Премиерот Зоран Заев денеска ги сумира резултатите од средбите кои во изминатите два дена нашата владина делегацијата ги оствари со...

Македонија13 часа

Во првата недела од мај 37 отсто е намален бројот на новозаразени и починати од Ковид-19

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во текот на минатата недела (од 3 до 9 мај) тестирани...

Македонија14 часа

Доцна вечерва пристигнува офицерот на АРМ, кој со корона се заразил во Африка

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, ја потврди информацијата дека припадник на АРМ е заразен од коронавирус во Централноафриканската Република. Потполковник...

Свет16 часа

Еден од напаѓачите го најавил масакрот во руското училиште носејќи маска со натпис „бог“

Најмалку 11 лица се убиени во вооружениот напад во средно училиште во рускиот град Казањ. Напаѓачите, според информациите објавени од...

Македонија17 часа

Министерството за здравство: Вчера се аплицирани 14.033 дози вакцини

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови во државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица...

Регион18 часа

Во Србија пораст на бројот на вакцинирани по ветувањето на Вучиќ од 25 евра

Корона-бројките во Србија продолжуваат да паѓаат и покажуваат помалку од 1.000 заразени втор ден по ред, а белградските медиуми тврдат...

Македонија18 часа

Владата денеска ќе одлучува за новите рестриктивни мерки

Владата денеска ќе ја одржи редовната 69-та седница со повеќе точки на дневниот ред, информираат владините служби. На седницата, која...

Свет18 часа

СЗО: Сите треба да бидеме загрижени поради индискиот сој на коронавирус

Светската здравствена организација (СЗО) го класифицира индискиот сој на коронавирусот, исто така познат како двоен мутант, како можност од нова...

Свет19 часа

(Видео) Најмалку 20 загинати, меѓу нив 9 деца во синоќешните израелски напади

Палестинците рано утрово лансираа десетици ракети од Газа, а Израел возврати со нови воздушни напади. Израелската армија објави дека во...

Регион1 ден

Швајцарски весник со истражување: Зошто Балканот е легло на антиваксери?

Весникот Ноје Цирхер Цајтунг (НЗЗ), на почетокот на анализата од дописникот на Југоисточна Европа, Волкер Пабст, истакнува дека до неодамна,...

Македонија1 ден

Филипче: Значајно се испразнети болниците, хируршките одделенија се вратени во функција

Eпидемиолошката крива е во опаѓање и бројот на хоспитализирани пациенти во континуитет се намалува во изминатите денови, изјави министерот за...

Македонија2 дена

Инспекторатот за животна средина: Рудникот „Казандол“ не претставува опасност

Рудникот „Казандол“ во моментот не претставува опасност за животната средина и локалното население, соопшти Државниот инспекторат за животна средина, кој...

Македонија2 дена

Средба Заев – Фон дер Лаен: Идентитетски прашања не смее да бидат на масата за разговори

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, во рамките на посетата на Брисел, оствари средба и со претседателката...

Македонија2 дена

Заев од Брисел: Идентитетот не може да биде причина за блокада на европските интеграции

Премиерот Зоран Заев, придружуван од заменик-претседателот во Владата за европски прашања, Никола Димитров, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, и...

Македонија2 дена

Од 12 до 18 мај полициски час од 24 часот, дозволено да биде и организирање настани на затворено

Кризниот штаб предложи олеснување на рестриктивните мерки – полицискиот час да почнува од 24 часот, угостителските објекти да работат до...

Свет2 дена

(Видео) Застрашувачки снимки од Индија, пациенти оставени да умираат, лекарите се кријат

Во Индија се појавија застрашувачки снимки од пациенти заразени од коронавирус, кои, според тврдењата на нивните семејства, лекарите ги оставиле...

Досие