Контакт

Забава

(Видео) Роботот од „Бостон динамикс“ се движи како акробат

Објавено пред

Само две години откако првпат го претставија роботот Атлас, „Бостон динамикс“ има снимено докази за неговата опуштена прошетка во шумата, а сега се фалат со делото наречено Паркур, кое е потсетник дека технологијата и роботиката напредуваат малку побрзо отколку што многумина од нас би сакале.

Во видеото, всушност, се гледа двоногиот робот кој џогира, скока преку балвани и потоа се качува по дрвени скали, скокајќи од една на друга. Сето тоа функционира без никакво двоумење, движејќи се како акробат. Роботот, според „Бостон динамикс“, има доволно процесорска моќ за да ги користите нозете, рацете и торзото, со цел да воспостави рамнотежа во текот на движењето и да го напојува секој чекор со досег од 40 см, патем користејќи ја камерата за мапирање на следниот чекор.

Рекламите за оваа технологија често прикажуваат кревки луѓе кои од урнатините ги спасуваат храбри роботи, но реално – на сите ни е во глава една епизода од „Блек мирор“. „Бостон динамикс“ веќе една година е во сопственост на јапонскиот „Софтбанк“, кој, како што се верува, има многу подалекосежни планови отколку снимање на забавни „јутјуб“-видеа.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

„БАФТА“ воведува нови номинации среде полемика за различностите

Објавено пред

Британските филмски награди „БАФТА“, кои се своевиден еквивалент на американските „Оскари“, ќе имаат повеќе номинации следната година во обид да ја зголемат различноста на sвездите и на креаторите на филмови кои треба да ги добијат сите почести кои ги заслужуваат.

Сите четири актерски категории, како и наградата за најдобар режисер ќе имаат шест номинирани, наместо вообичаените пет.

Десет наслови ќе бидат во конкуренција за највисоката британска награда за филм – четири повеќе од вообичаените шест.

На почетокот на оваа година „БАФТА“ доби остри критики по објавувањето на листата на номинирани актери, а на која сите беа белци.

Во меѓувреме, ниту една жена не беше номинирана за наградата најдобар режисер веќе седма година.

Организаторите извршија детален преглед како резултат на критиките, и рекоа „ќе се обидат да таргетираат“ 1.000 нови членови со право на глас од недоволно застапените групи.

Овој потег, како што рекоа, е еден во низата чекори „да се обезбеди порепрезентативно и поинклузивно членство што го рефлектира денешното британско општество“, пренесуваат британските медиуми.

Прикажи повеќе...

Забава

Наградата „Меркјури“ доделена на Мајкл Киванука

Објавено пред

Пејачот текстописец Мајкл Киванука е добитник на наградата „Меркјури“ 2020, една од најпрестижните британски музички награди, за неговиот албум „Киванука“.

Извонреден албум на политизирана душа, коментира „Би-би-си мјузик“ и додава дека ѕвездата истражува теми на самодоверба, вера и граѓански права.

Објавен во ноември минатата година, „Киванука“ ги победи најпродаваните Future Nostalgia на Дуа Липа и Heavy Is The Head на Стормзи, освојувајќи ја наградата од 25.000 фунти.

„Музика е сè што некогаш сум сакал да направам, па затоа сум над месечината. Бев уверен дека ако не освојам награда оваа година, веројатно никогаш нема да освојам“, изјави тој за „Би-би-си 6 мјузик“.

Прикажи повеќе...

Забава

Селена Гомез со порака: Сите тела се убави

Објавено пред

Селена Гомез сподели фотографија во спортски костим за капење и испрати силна порака за своите 193 милиони следачи на „Инстаграм“.

„Кога направив трансплантација на бубрегот, се сеќавам дека ми беше многу тешко да ја покажам лузната. Не сакав да биде на фотографии, затоа носев работи што ќе ја прикријат.

„Сега, повеќе од кога било, се чувствувам сигурна во тоа која сум и низ што поминав… и се гордеам на тоа. Мојата порака до жените е: сите тела се убави.

Во септември 2017 година познатата пејачка и актерка ги изненади своите фанови кога сподели дека ѝ била извршена трансплантација на бубрегот поради лупус, операција што ѝ го спасила животот. Бубрегот ѝ го донирала нејзината најдобра пријателка Франсија Раиса.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 минути

(Видео) Пендаровски го пречека словенечкиот претседател Борут Пахор

Денеска во претседателскиот кабинет во „Вила Водно“, претседателот Стево Пендаровски на церемонија со највисоки државни и воени почести го пречека...

Свет53 минути

Водечкиот германски епидемиолог предупредува: Пандемијата допрва ќе почне

Водечкиот германски епидемиолог Кристијан Дростен во својот говор на Светската здравствена конференција во Берлин предупреди на предвременото славење на успехот...

Свет56 минути

Трамп: Бајден ќе ја уништи Флорида, мојот план ќе го уништи вирусот

Како дел од предизборната кампања, американскиот претседател, Доналд Трамп, ги посети Северна Каролина и Флорида, некои од државите каде што...

Свет1 час

Бројот на заболени од Ковид-19 во САД надмина 7 милиони

Бројот на заболени со коронавирус во САД вчера надмина седум милиони, што е повеќе од 20 проценти од вкупниот број...

Македонија1 час

Заев: Бруталноста од полициски службеници врз граѓани Роми е за најсилна осуда

Премиерот Зоран Заев го осуди вчерашниот инцидент, во кој полицајци брутално тепаат Роми. Според него, таквото однесување е срамно за...

Регион1 час

Албански претседател: Косово гарант за безбедноста на Балканот

Претседателот на Албанија, Илир Мета, на 75. заседание на ООН изјави дека членството на Косово во ООН би било корисно...

Свет16 часа

Гутереш: Вирусот се шири во сите правци, потфрли заедничката соработка

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, денеска изјави дека светот не успеал да соработува во борбата против пандемијата на Ковид-19....

Топ16 часа

(Видео) Во Визбегово пронајдена мини лабораторија за масло од канабис, уапсени три лица

Попладнево, околу 15 часот, Единицата за недозволена трговија со дрога извршила претреси во скопско Визбегово, при што пронајдена била мини...

Европа17 часа

Додека Навални закрепнуваше во Берлин, во Русија му го заплениле станот

Сметките на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални се замрзнати, а неговиот стан во Москва е одземен додека тој во болница во...

Македонија19 часа

Двајца починати и 152 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.630 тестирања, а регистрирани се 152 нови случаја на...

Македонија20 часа

Владата ќе го разгледа барањето за продложување на породилното отсуство

Владата ќе ги разгледа барањата на родителите кои предлагаат времено продолжување на породилното отсуство за месец или два и ќе...

Свет20 часа

Ниту едно вакцинирано лице во Москва немало компликации

Не се забележани компликации кај ниту едно од 3.000 лица кои биле вакцинирани против коронавирусот во Москва како дел од...

Македонија21 час

Врховниот суд ја потврди 4-годишната казна за Сеад Кочан

Врховниот суд ја потврди 4,8-годишната казна на Сеад Кочан за случајот „Труст“, која од Апелација му ја намали од изречените...

Македонија22 часа

Рангелова: Ја докажав правдата и слободно можам да се пресметам со тие кои ме обвинуваа

Експратеничката Даниела Рангелова, која е ослободена во предметот „Насилство во Центар“, по судењето, на сведоците кои лажно сведочеле против неа...

Македонија22 часа

Царовска на средба со наставниците: Важно е наставата да почне и покрај сите предизвици

Министерката за образование и наука, Мила Царовска, и заменик-министерот Арафат Шабани со градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски, и претседателот...

Свет22 часа

(Видео) Насилни протести во САД поради случајот со Бреона Тејлор, ранети се двајца полицајци

Двајца полицајци од Луисвил, во американската држава Кентаки, беа застрелани во средата вечерта во центарот на тој град среде масовни...

Регион24 часа

Земјотреси во Албанија и во Грција

Во Албанија утрово е регистриран земјотрес со јчина од 4,3 степени според Рихеривата скала, а земјотрес од 4,1 степен ја...

Топ24 часа

Маж загина по пад од покрив

Педесет и шестгодишен маж од село Злетово почина во болница, откако претходно паднал од покривот на куќата додека го чистел...

Македонија24 часа

Николоски: Заев нема да ме замолчи да зборувам за „Рекет“, денес ме тужеше, а не дојде на суд

Денес најмоќниот човек во државата, премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, ме тужи за клевета, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар...

Македонија24 часа

Фетаи ја ослободи Рангелова во „Насилство во Центар“

По три и пол години судења, обвинителката Фатиме Фетаи го повлече обвинението против експратеничката Даниела Рангелова, но и против Борче...

Досие