Забава
(Видео) Се ожени голманот Џанлуиџи Буфон, кума беше Моника Белучи
Еден од најдобрите голмани на сите времиња и долгогодишен предводник на италијанската фудбалска репрезентација Џанлуиџи Буфон, во саботата се ожени со новинарката Иларија Дамико. Луксузната церемонија се одржа во Вила „Олива“, имот од 19 век во италијанскиот град Лука. На прославата присуствуваа многу познати личности.
На нивната венчавка присуствуваа и нивните деца, Луис Томас и Дејвид Ли од претходната врска на Буфон со Алена Шередова, Пјетро, синот на Иларија со Роко Атисани, и Леополд, нивниот најмал заеднички син.

Приватниот ручек беше наменет за 150 гости на имотот на плажата на семејството Буфон, Ла Романина во Марина ди Маса, каде што Џиџи и Иларија го поминуваат летниот одмор со своите деца и неговото семејство.
Congratulations to Gigi Buffon who married his long time partner, Ilaria D’Amico 🎉pic.twitter.com/3w1dNMMEyY
— Italian Football News 🇮🇹 (@footitalia1) September 28, 2024
Според пишувањата на „Ил Месагер“, голманот бил многу емотивен, а до олтарот пристигнал во придружба на своите два сина. Иларија дојде рака под рака со својот 14-годишен син Пјетро.
View this post on Instagram
Буфон рече: „Благодарение на тебе, Иларија, ја запознав вистинската љубов. Не верував дека може да постои“, пренесува италијанскиот магазин.
Кума на невестата била познатата актерка Моника Белучи, која дошла со својот партнер, режисерот Тим Бартон. Присутни беа и двајца други сведоци: новинарите Анџела Педрини и Џорџија Кавацано.
View this post on Instagram
За потсетување, тие се во врска од 2015 година. Таа е шест години постара од него, но тоа не било пречка за нивната љубов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
