Контакт

Бизарно

(Видео) Сопругата на Џон Леџенд стави ботокс во пазувите

Објавено пред

Сопругата на пејачот Џон Леџенд (40), манекенката Криси Тајген (33), повторно ја шокираше јавноста споделувајќи го својот приватен живот на социјалните медиуми. Додека многумина кријат што коригирале и какви пластични операции направиле, Криси го споделила тоа со нејзините следбеници.

Неодамна таа објави видео на кое лекарот ѝ инјектира ботокс во пазувите.

„Ги ботоксирав пазувите. Најдобар потег што сум го направила. Повторно можам да носам свила без да се потам!“ рече Криси возбудено.

Ова не е првпат Криси да се занимава со пазувите. Пред две години, таа призна дека лекарите ѝ го вшмукале масното ткиво.

Бизарно

(Видео) Вработена на аеродром добила отказ зашто му порачала на патник дека е грд

Објавено пред

Вработена во обезбедувањето на аеродром во Њујорк доби отказ од работа кога на еден патник му врачила ливче со рачно напишана порака „Ти си грд!!!“

Инцидентот се случил во текот на јуни, но за него се дозна пред неколку дена кога патникот Нил Страснер добил снимка од надзорните камери и ја поставил на „Јутјуб“.

На снимките од меѓународниот аеродром „Грејтер Рочестер“ се гледа како вработената во обезбедувањето му врачува порака на Страснер кога тој поминал низ детекторот за метал.

Страснер вели дека во тие моменти не размислувал за пораката и се упатил кон излезот, но работничката викнала по него: „Зарем нема да ја прочиташ пораката?“

Кога му довикнала, таа почнала да се смее, a Страснер подоцна се пожалил кај нејзините претпоставени.

Одделот за безбедност во сообраќајот соопшти дека жената била привремено вработена како припадник на обезбедувањето додавајќи дека има нулта толеранција за такво поведение на работниците.

Прикажи повеќе...

Бизарно

(Видео) По 50 години, најдена порака во шише од руски морнар

Објавено пред

На брегот на западна Алјаска на почетокот на овој месец било пронајдено шише во кое се наоѓала порака од руски морнар напишана пред 50 години, а благодарение на социјалните мрежи набргу бил пронајден и авторот.

Пораката во зелено шише ја нашол човек додека собирал дрва.

Тајлер Иваноф го објавил откритието на „Фејсбук“, а корисниците што знаат руски јазик ја превеле пораката и таа значела поздрав на руски морнар уште од времето на Студената војна. Во неа е напишана адреса и се бара одговор од лицата што ќе ја најдат.

Новинари на руската телевизија „Русија 1“ откриле дека авторот на пораката е капетанот Анатолиј Ботсаненко.

„Изгледа дека е мој ракопис. Сигурно!“ рекол Ботсаненко наведувајќи дека пораката ја испратил додека бил на бродот „Сулак“, чија изградба ја надгледувал во 1966 година и со кој пловел до 1970 година.

Ова откритие стариот капетан го примил многу емотивно и се расплакал кога слушнал од новинарите дека неговата пловна база е фрлена во отпад во деведесеттите години.

Прикажи повеќе...

Бизарно

Маж и жена од САД лажеле дека добиле бебе за да присвојат пари и подароци

Објавено пред

Една двојка од Пенсилванија е обвинета дека лажирала раѓање и смрт на дете за да добие повеќе од 600 долари донации и подароци од пријателите и семејството.

Државната полиција ги обвини Џефри и Кејси Ланг дека со измама украле и присвоиле туѓ имот, пренесува агенцијата АП.

Двојката објавила фотографија од бебе на својот фејсбук-профил. Во прилог на објавата напишале дека бебето се родило на 3 јули, но дека починало неколку часа подоцна.

Властите соопштија дека сликата на бебето одговара на изгледот на кукла од новороденче, откриена во нивниот дом во округот Сомерсет.

Двојката имала сметка отворена за донации и исто така во мај организирала и прослава по повод очекуваното раѓање на бебето.

Властите велат дека во овој случај засега нема никакви докази за раѓање и смрт на дете.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион3 часа

Според Мета, Албанија не може да биде дел од дијалогот Косово – Србија

Албанскиот претседател Илир Мета вели дека „Албанија не може да биде дел од дијалогот Косово – Србија“. Во изјавата што...

Свет4 часа

Литванија со јод ќе се бори против радијацијата

Литванската влада соопшти дека ќе купи повеќе од четири милиони таблети јод во вредност од 900.000 евра, бидејќи соседна Белорусија...

Регион4 часа

Меркел: Европа ќе биде целосно обединета кога Западен Балкан ќе се приклучи на ЕУ

Европа ќе биде целосно обединета кога Западен Балкан ќе влезе во Европската Унија, рече германската канцеларка Ангела Меркел. Таа ја...

Европа4 часа

Французи зеле 40 килограми песок од Сардинија, се соочуваат со казна до 6 години затвор

Туристи кои зеле како сувенир 40 килограми песок од плажа во Сардинија се соочуваат со затворска казна до 6 години....

Топ7 часа

Расправија за пасишта во Арачиново заврши со пукање, едно лице е рането

Расправија околу пасиштата во Арачиново завршила со пукање, при што едно лице е рането. Како што информира МВР, вчера во...

Топ8 часа

Полицајци фатиле струмичанец додека се обидувал да ограби куќа

Полицајци фатиле струмичанец додека се обидувал да ограби куќа. Според МВР, синоќа во 21:00 часот на улица Панче Пешев во...

Македонија9 часа

Во државата нема вештак што ќе оцени дали Исмет Гури преправал потписи

Нова пауза на денешното рочиште за предметот „Титаник 3“ даде судијката Марија Клетничка. Советот, по паузата, одлучи да не го...

Македонија10 часа

Катица не ги иззема Фетаи и Бубевски

  Шефицата на СЈО во оставка, Катица Јанева, не ги иззема обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски од застапување во...

Македонија14 часа

Адвокатот Миланов бара изземање на Јанева од „Титаник 3“ поради тензиите во СЈО

Адвокатот на обвинетиот Исмет Гури во предметот на СЈО, „Титаник 3“, Еленко Миланов, побара да бидат изземени Катица Јанева и...

Топ14 часа

Возач загина во сообраќајна несреќа кај Свети Николе

Четириесет и петгодишен возач од Куманово загина во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Куманово – Свети Николе. Како што соопшти полицијата,...

Македонија14 часа

15-годишник се удави во Пчиња

Петнаесетгодишник од селото Љубодраг влегол во вода од ископ на сепарација на реката Пчиња и починал. Како што соопшти МВР, телото...

Македонија15 часа

Фетаи: Постапката за „Рекет“ ја води друго обвинителство и не сакам да се мешам

Обвинителката Фатиме Фетаи пред почетокот на денешното рочиште за предметот „Титаник 3“ рече дека не сака да се меша во...

Европа15 часа

Три децении од падот на Железната завеса

Унгарскиот премиер Виктор Орбан и германската канцеларка Ангела Меркел денеска во пограничното место Шопрон ќе ја одбележат 30-годишнината од падот...

Свет16 часа

Трамп за купувањето на Гренланд: Не е приоритет, но стратешки е интересно

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја коментираше идејата за купување на Гренланд од Данска, наведувајќи дека тое не е приоритет,...

Македонија1 ден

(Видео) Пожар над Усје

Нов пожар над скопската населба Усје избувна вечерва, откако пожарникарите со часови се обидуваат да го локализираат огнот над населбата...

Свет1 ден

Голем пожар на Канарските острови, евакуирани над 4.000 лица

Околу 4.000 лица се евакуирани поради пожар што избувна по втор пат за една недела и уништи рурална област на...

Свет1 ден

Жителите на Нов Зеланд доброволно предале над 10 илјади парчиња оружје на полицијата

Повеќе од 10,000 парчиња огнено оружје се предадени доброволно на властите во Нов Зеланд, како дел од акцијата што беше...

Македонија1 ден

Димитров: ,,Рекет” е раскрсница – едниот пат води кон иднина, другиот кон бездна

Дискредитацијата на СЈО преку аферата ,,Рекет” е со цел да и се избега на правдата, смета министерот за надворешни работи...

Свет1 ден

1,7 милиони луѓе на протест во Хонгконг

Најмалку 1,7 милиони граѓани излегоа на улиците во Хонгконг, на уште еден од низата масовни продемократски протести, соопштија организаторите на...

Спорт1 ден

Ландстрам со гол во сите четири англиски лиги – Шефилд јунајтед со победа (видео)

Шефилд јунајтед имаат одличен старт на својата прва премиерлигашка сезона по долга пауза, откако со 1:0 ги победија Кристал палас...

Досие