Контакт

Забава

(Видео) Судијата што ѝ го причува детето на адвокатката трогна многумина

Објавено пред

Судијата во американската државата Тенеси стана популарен поради својот потег. Неговата студентка, 27-годишната адвокатка Џулијана Ламар, полагала заклетва и тој одлучил во тоа да го вклучи и нејзиниот едногодишен син Бекам.

Тој го зел во рацете и нежно потскокнувал со момчето, а насобраните луѓе веднаш решиле да го снимат неочекуваниот момент со своите мобилни телефони.

Како што подоцна изјавила мајката, судијата ја поддржувал за време на бременоста да го заврши последниот семестар на Правниот факултет при Универзитетот „Белмонт“.

„Судијата Динкинс беше таму за мене од мојата прва година на Правниот факултет и, се разбира, знаеше дека ќе се породам во текот на минатата година. Тој знаеше колку е важна церемонијата на полагање заклетва за мене, но и за Бекам“, рече таа за „Јаху лавстајл“.

Снимката од тој момент бргу стана многу споделувана, а Џулијана заклучи дека токму тој кадар совршено ги опишува нејзиното патување и нејзините достигнувања.

Бизарно

(Видео) Напнатост поради коронавирусот во Италија – изби тепачка во супермаркет

Објавено пред

Опасниот коронавирус, кој предизвика повеќе од 2.700 смртни случаи низ целиот свет, минатата недела пристигна во Италија и за кратко време одзеде 12 животи. Според најновите информации, повеќе од 300 луѓе се заразени, вклучително и деца.

Повеќе градови во северниот дел на земјата се блокирани за да се спречи ширењето на вирусот, а полицијата го контролира влезот и излезот на некои патишта во близина на Милано.

Блокираните градови се речиси целосно пусти, а полиците во продавниците веќе неколку дена се празни бидејќи луѓето панично ги купуваат најнеопходните намирници.

Колку се очајни граѓаните покажува и фактот дека се случуваат инциденти во маркетите, каде купувачите се тепаат за храна.

Една ваква непријатна сцена се случи во понеделникот во провинцијата Лоди во Ломбардија.

Прикажи повеќе...

Забава

Ветеринарка со неверојатен зафат му помогна на папагал со отсечени крилја повторно да лета

Објавено пред

Ветеринарката од австралиски Бризбејн, Кетрин Апули, му помогнала на папагалот Веј Веј повторно да лета.

На птицата ѝ биле отсечени крилјата и луѓето коишто ја вдомиле биле сигурни дека никогаш повеќе нема да лета. Меѓутоа, докторката Апули направила сè што е во нејзина моќ за Веј Веј повторно да се вивне во височините. За време на интервенцијата ветеринарката користела донирани пердуви, лепак и чепкалки за заби.

Како што пренесува српски „Телеграф“, постапката била безболна бидејќи папагалот бил под анестезија за време на пресадувањето.

„Веј Веј беше донесена на преглед за сопственикот да се информира за нејзината здравствена состојба. Веднаш беше очигледно дека женскиот папагал има исечени крилја, односно дека нема пердуви“, изјавила д-р Апули.

Ветеринарката користела донирани пердуви за да направи вештачки крилја. Веј Веј за време на интервенцијата не почувствувала никаква непријатност.

„Го предупредив новиот сопственик за евентуалните повреди што може да се појават како резултат на сечењето на крилјата. Една недела подоцна, Веј Веј повторно дојде во ординацијата за вградување чип. Тогаш ми кажаа дека птицата паднала додека очајнички се обидувала да полета и поради тоа си ја повредила ногата“, објаснила докторката.

Апули рекла дека постапката за вметнување вештачки крилја била направена една недела подоцна. Папагалот се вратил во домот на новиот сопственик, каде се навикнува на новите крилја и учи да лета.

Инаку, Веј Веј од страна на првиот сопственик била подложена на контроверзен третман на сечење на крилјата, со кој луѓето сакаат да се осигураат дека нивните птици нема да побегнат.

 

 

 

 

 

 

Прикажи повеќе...

Забава

Британскиот принц се ослободува од кралските должности: Можете да ме нарекувате само Хари

Објавено пред

Британскиот принц Хари ја почна последната рунда од своите кралски должности и им порача на присутните во говорот на неформалниот состанок во Единбург дека може едноставно  да го нарекуваат Хари.

Внукот на кралицата Елизабета и неговата американска сопруга Меган, војводата и војвотка од Сасекс, најавија дека ќе отстапат од своите кралски должности следниот месец за да поминат повеќе време во Северна Америка.Иако Хари повеќе нема да биде познат како Неговото Кралско Височество, тој и понатаму ќе биде принц.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Спасовски: Нема потреба од паника, сè е под контрола

Претседателот на Владата, Оливер Спасовски, на прес-конференција изјави дека нема потреба од паника во јавноста поради појавата на првиот случај...

Македонија2 часа

(Видео) Прв случај на коронавирус во земјата

Потврден првиот случај на коронавирус во земјата. Се работи за жена, родена 1970 година, од Скопје. Како што изјави министерот...

Економија6 часа

Бебе имало дивиденда над 1 милион денари во 2018 година, а скопјанка пријавила приход од 17 милиони евра

Скопјанка со годишен бруто-приход од 17, 1 милион евра е најбогатата Македонка. Таа во 2018 година пријавила во УЈП годишен...

Свет6 часа

(Видео) Бебе кое има само 17 дена излечено од коронавирус

17-дневно бебе од Вухан, на кое му беше дијагностицирана инфекција со коронавирус КОВИД-19 веднаш по неговото раѓање, заздравило без лекување...

Македонија6 часа

(Видео) Обвинетите за организација на крвавиот четврток во судот рекоа дека ќе докажат оти не се виновни

Заврши главната расправа за организација на насилствата на 27 април. За случајот обвинети се поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, поранешните...

Регион6 часа

Во Грција потврден прв случај на коронавирус

Прв случај на новиот коронавирус е потврден денеска во Солун, во соседна Грција, соопшти грчкото Министерство за здравство. Станува збор...

Регион8 часа

Близнаци заразени со коронавирус во Хрватска

Двајцата заразени од коронавирус во Хрватска се близнаци. Како што пишуваат хрватските медиуми, затворена е фирмата каде што работел едниот...

Европа8 часа

Во Италија заразени пет деца, во Австрија почина италијанска туристка

Петмина малолетници се заразени со коронавирус во Италија. Четворица од нив се во Ломбардија, а еден случај е забележан во...

Забава9 часа

НАСА објави видео за Месечината снимена од астрoнаутите на Аполо 13

Дали некогаш сте посакале да ја видите Месечината снимена одблизу од астронаутите од Аполо 13 на нивната мисија во вселената?...

Економија10 часа

Најбогатите во светот за само еден ден изгубија 120 милијарди евра

Најбогатите 500 луѓе во светот во понеделникот изгубија 139 милијарди долари, или над 120 милијарди евра на берзите, што ги...

Македонија10 часа

Од денеска до 11 март граѓаните ќе можат да извршат увид во Избирачкиот список

Од денеска до 11 март на полноќ граѓаните ќе можат да извршат увид во Избирачкиот список преку апликацијата на веб-страницата...

Македонија11 час

Патничката од Милано нема коронавирус, покажаа анализите

Резултатите на пациентката која синоќа беше тестирана на коронавирус на Инфективната клиника во Скопје се негативни, соопшти Министерството за здравство,...

Спорт21 час

За три месеци ќе се знае дали ќе има Олимпијада во Токио

Членот на Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ), Дик Паунд предупредува дека наскоро ќе мора да се донесе одлука за откажување на...

Македонија23 часа

Продолжен притворот за Емил Јакимовски, пресуда на 6 март

Нови 30 дена притвор му биле определени на Емил Јакимовски, поранешниот вработен во Централниот регистар и член на ВМРО-ДПМНЕ, обвинет...

Македонија23 часа

Мицкоски побара да се поведе истрага за Заев: „Слушнавме како ја егзекутира правдата“

„Ова е протестен марш со кој почнува крајот на неславното владеење на СДСМ“. Вака лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го...

Македонија1 ден

Филипче: Дојдените од Италија да побараат преглед дома ако почувствуваат симптоми на коронавирус

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција порача дека оние што допатувале од Италија и имаат симптоми на болеста...

Македонија1 ден

Патникот од Дубаи нема коронавирус

Министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти дека патникот од Дубаи, кој јавил симптоми, нема коронавирус. „Вториот случај што го тестиравме...

Македонија1 ден

Владата со препораки за коронавирусот – да се откажат сите патувања и екскурзии на учениците во Италија

Владата донесе повеќе заклучоци и препораки за превенција и заштита на јавното здравје и здравјето на граѓаните од коронавирусот. Како...

Регион1 ден

Во Хрватска потврден првиот случај на коронавирус

Потврден еден случај на заразен со коронавирус во Хрватска. „Се работи за помлад човек, кој се наоѓа на Клиниката за...

Македонија1 ден

Маж варел кафе на плин и го предизвикал пожарот во Ново Лисиче

Од запалениот стан во Ново Лисиче пожарникарите извлекле петмина, меѓу кои една неподвижна жена и маж, кој од стресот не...

Досие