Контакт

Забава

(Видео) Телохранителите на Георгина Родригез знаат одличен трик како да ја заштитат од љубопитни фотографи

Објавено пред

Георгина Родригез често е тема на светските медиуми поради нејзиниот атрактивен начин на облекување. Нејзините модни избори секогаш наоѓаат начин да привлечат љубопитни погледи, а со тоа и многу текстови за нејзините раскошни облини.

Поради оваа причина, свршеницата на Кристијано Роналдо мора да биде внимателна со папараците, особено со фотографиите што се појавуваат во медиумите. За среќа, нејзините лојални телохранители знаат одличен трик за да ја заштитат од љубопитните фотографи.

На мрежите се прошири видео на кое се прикажани Георгина Родригез и обезбедувањето. Нејзините телохранители користат силни ЛЕД-светла за да ја заштитат од фотографите и на тој начин потенцијално да ги уништат сите добри фотографии од нејзините раскошни облини.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Поминаа 24 години од нивниот бурен развод, а сега таа го шокираше и него и светот со еден потег

Објавено пред

Актерката Ким Бесинџер и актерот Алек Болдвин имаа турбулентна љубовна приказна и уште потурбулентен развод што се случи пред 24 години, но тоа не ја спречи познатата холивудска ѕвезда јавно да проговори и да му посака среќен роденден на својот втор поранешен сопруг, што беше огромно изненадување и за него.

Алек беше целосно затекнат од оваа постапка кога таа објави сцена од филмот „The Marrying Man“, во кој двајцата глумат, а тогаш и се заљубија еден во друг, во 1990 година.

Поминаа 35 години од објавувањето на филмот, а Ким го искористи овој момент и за да му посака среќен роденден на Алек Болдвин, кој полни 68 години.

„Исто така, морам да напоменам дека денес е роденденот на Алек Болдвин. Среќен роденден на Алек, мојот филмски партнер. Му посакувам здравје, многу смеа и уште многу прекрасни години со семејството и пријателите“, напиша таа во објава на Инстаграм.

Набрзо следеше одговорот на Болдвин, во кој не криеше колку е изненаден.

„Ова е исклучително љубезно и сосема неочекувано. Ти благодарам, Вики Вејл, за желбите за роденденот“, одговори актерот.

Ким Бесинџер и Алек Болдвин се венчаа во 1993 година, а девет години подоцна, во 2002 година, следеше бурен развод. Тие ја добија ќерката, Ирланд Болдвин, во 1990 година, а нивната битка за старателство траеше седум години.

Прикажи повеќе...

Забава

(Фото) Никола Пелц ги загрижи обожавателите со својот изглед

Објавено пред

Никола Пелц, младата милијардерка и сопруга на Бруклин Бекам, објави неколку фотографии на Инстаграм и малку ги загрижи обожавателите, токму кога семејниот скандал навидум се смири.

Откако Бруклин ги објави сите детали од неговата врска со мајка му, предизвикувајќи лавина коментари и принудувајќи многумина да заземат страна, се чини дека Бекамови продолжија со своите животи, а исто така и Бруклин и Никола.

Како што се смирија страстите, Инстаграмот на убавата богаташка повторно се најде во фокусот, а најновите фотографии беа особено впечатливи, кои се дури и малку шокантни.

На нив, Никола позира пред огледалото, но наместо нејзиното убаво лице, сите коментираат за нејзиниот слаб изглед. Познато е дека ослабела на 45 килограми за една улога, но сега многумина се плашат дека сака да продолжи со овој процес на слабеење.

На една од претходните фотографии, таа позираше во долна облека и краток летен фустан, а дури и тогаш привлече внимание со својот изглед.

„Ова е премногу“, „Коска и кожа“, „Што остана од неа“, „Премногу слаба“, „Дали ќе се здебели малку“, „Како гранче“, беа само дел од коментарите.

Прикажи повеќе...

Забава

(Фото) Оваа нежна боја е новиот голем тренд за пролет/лето, а еве ги боите со кои најдобро се комбинира

Објавено пред

Новата сезона носи нови трендови и нови бои во нашите гардероби.

Дури и птиците на гранката знаат дека една од најпопуларните бои на модната сцена за пролет 2026 година ќе биде светлата нијанса на црвена, позната и како бојата на афионот. Сепак, не секој е љубител на вакви впечатливи и доминантни нијанси. Црвената најчесто ќе биде адут за посебни пригоди, а за сè друго ќе ни треба нешто малку подискретно.

Тука доаѓа до израз ружата розова, нежна нијанса на розова што ја видовме насекаде во колекциите пролет/лето 2026 година.

За разлика од бебешко розовата, ружата розова ќе биде лесна за вклучување во вашиот гардеробер и комбинирање со други парчиња и бои, а можете да проверите со кои бои најдобро се вклопува подолу.

Најнежната нијанса на розова сака…

1. Црна

2. Бела

3. Светло сина

4. Бургунди

5. Сива

6. Кафеава

Прикажи повеќе...

Најново

Свет7 часа

Американската војска потврди дека два нејзини брода го поминале Ормутскиот теснец, почнува расчистувањето мини

Американската војска соопшти дека два нејзини воени брода пловеат низ Ормускиот теснец како дел од планот за започнување со отстранување...

Спорт8 часа

(Видео) Тинејџерот Нгумоа го раздвижи Ливерпул – „Црвените“ славеа против Фулам

Фудбалерите на Ливерпул го победија Фулам со 2:0 во 32-то коло од Премиер лигата. Ливерпул ја прекина серијата од три...

Спорт8 часа

(Видео) Јамал доминираше во градското дерби – Барселона го победи Еспањол

Фудбалерите на Барселона го победија Еспањол на стадионот „Камп Ноу“ (4:1), во натпреварот од 31-то коло на Ла Лига. Во...

Свет8 часа

САД и Иран ја завршија првата фаза од преговорите во Исламабад

Првата фаза од директните разговори меѓу делегациите на САД и Иран во Пакистан е завршена, објави Ал Џезира. Двете страни...

Спорт9 часа

(Видео) Удинезе на „Сан Сиро“ го декласира Милан

Фудбалерите на Удинезе го декласираа Милан на „Сан Сиро“ со 3:0, во 32-то коло. Екипата од Удине прв пат во...

Свет10 часа

Утре избори во Унгарија, анкетите покажуваат водство на опозицијата

Утре се одржуваат парламентарни избори во Унгарија, а најновата анкета покажува водство на опозициската десноцентристичка партија Тисза пред владејачката коалиција...

Свет10 часа

Деветгодишно дете извадено од комбе во кое било заклучено од 2024 година во Франција

Деветгодишно дете е спасено оваа недела во источна Франција, откако од 2024 година било заклучено во комби на неговиот татко,...

Спорт11 часа

(Видео) Столе еднаш капитулираше, Валенсија загуби од Елче

Фудбалерите на Елче ја победија Валенсија на домашен терен со 1:0 во натпреварот од 31-то коло на шпанската Примера. Тимот...

Спорт11 часа

ПСЖ ќе го потпише Енрике до 2030 година

Луис Енрике ќе потпише нов договор со Пари Сен Жермен. Неколку сигурни извори потврдија дека преговорите се при крај, дека...