Естрада
(Видео) Тура посветена на Бијонсе и Џеј Зи во „Лувр“
Музејот „Лувр“ во Париз, кој е еден од најпосетените музеи во светот, организира 10-минутна тура посветена на Бијонсе и Џеј Зи кои токму таму го снимија спотот за „Apeshit“.
Турите сега се достапни само на француски јазик, а обиколката опфаќа 17 уметнички дела прикажани во спотот.
Ако има интерес, музејот ќе воведе тури на повеќе странски јазици.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Естрада
Бони Тајлер се разбуди од индуцирана кома
Велшката пејачка Бони Тајлер се разбудила од индуцирана кома во Португалија, каде што се опоравува по срцев застој што го доживеала по итна операција.
„Бони повеќе не е во кома, но и натаму е тешко болна. Иако нејзината состојба се подобрува, закрепнувањето е бавно“, изјавил нејзиниот претставник за британскиот таблоид „Д Сан“.
Според британските медиуми, 75-годишната пејачка сè уште се наоѓа на одделение за интензивна нега во болница во Фаро, но лекарите очекуваат целосно закрепнување.
Здравствените проблеми започнале додека Тајлер престојувала во Лондон. Нејзиниот долгогодишен пријател Либерто Меаља изјавил дека лекарите првично не откриле причина за нејзините тегоби, по што таа отпатувала во Алгарве, каде што почувствувала силни болки во стомакот.
Два дена подоцна била примена во приватна болница, а потоа итно префрлена во болницата во Фаро, каде што била оперирана поради пукнато слепо црево. По операцијата доживеала срцев застој и била ставена во индуцирана кома за да се поттикне нејзиното закрепнување.
Поради здравствената состојба, откажани се сите настапи на Бони Тајлер до крајот на август. Нејзиниот менаџмент им се заблагодари на обожавателите ширум светот за поддршката и пораките со желби за побрзо оздравување.
Естрада
Добитник на „Греми“ награда избоден до смрт во Лондон
Пејачот и текстописец Талај Рајли, чие вистинско име е Марк Орабији, почина на 35-годишна возраст откако бил избоден во источен Лондон, објави Скај њуз.
Полицијата соопшти дека музичарот бил пронајден со убодни рани во населбата Силвертаун во петокот и починал на местото на нападот.
Рајли беше добитник на Греми награда и соработуваше со голем број познати изведувачи, меѓу кои Дуа Липа, Бритни Спирс и Ели Голдинг. Во текот на кариерата настапувал и на турнеи со Ашер.
Во истиот инцидент бил избоден уште еден маж на дваесетина години, кој е хоспитализиран, но неговите повреди не се опасни по живот.
Во врска со случајот се приведени три лица. Еден 27-годишен маж е пуштен со кауција, додека 24-годишен маж и 25-годишна жена се ослободени по полициското испрашување.
Естрада
Семејството на Метју Пери обвинува: асистентот ја прикривал вистината за неговата смрт
Семејството на Метју Пери бара правда откако неговите сестри и мајка изјавија дека неговиот долгогодишен асистент Кенет Ивамаса ја прикривал вистината за околностите на смртта на актерот во 2023 година.
Ивамаса, кој призна вина за набавка и давање кетамин што довел до смртта на Пери, се соочува со казна затвор. Тој бил близок со актерот повеќе од 25 години и на денот на смртта му инјектирал кетамин неколку пати.
Сестрата Маделин во изјава наведе дека чувствува длабокo предавство и дека дознала дека сè што ѝ било кажано за смртта на нејзиниот брат било лага. Таа тврди дека асистентот го оставил Пери да умре во џакузи, додека претходно ја прикривал вистината пред семејството.
Другата сестра, Кејтлин Морисон, изјавила дека нема никакво сочувство за него и дека смета оти тој ја злоупотребил довербата на Пери и придонел за трагичниот исход.
