Контакт

Бизарно

(Видео) Турската јавност вознемирeна од постапката на татко кој ја возел ќерка си врзана за комбе

Објавено пред

Социјалните мрежи во Турција се преплавени со коментари на корисници, предизвикани од снимка каква што ретко се гледа. Татко е снимен како вози комбе, на кое претходно ја врзал својата 13-годишна ќерка.

Видеото за кратко стана најгледана снимка на социјалните мрежи во оваа земја.

Комбето било снимено во регионот Чанкирис, кој се наоѓа северно од главниот град Анкара. Полицијата, преку бројот на регистрацијата го идентификувала возачот и го привела.

Станува збор за извесен Идрис К., татко на осум деца, кој имал оправдување за неговиот чин.

Имено, во полицијата раскажал дека ја врзал својата ќерка за комбeто бидејќи таа сакала да се вози на носачот за велосипеди.

Во своја одбрана, тој кажал дека така ја возeл околу 400 метри, а потоа ја одврзал. Исто така рекол дека девојчето било безбедно на носачот за велосипеди бидејќи тој може да издржи тежина до 150 килограми.

Неговиот 22-годишен син, Енис К., подоцна објаснил дека медиумската хајка го растажила семејството. Полицијата сè уште не објави какви чекори ќе презеде против таткото на девојчето.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Бизарно

Брус Ли се врати во Мостар – полицијата успеа да ја пронајде украдната статуа

Објавено пред

Украдената статуа на легендарниот актер и мајстор за боречки вештини Брус Ли, која беше поставена во големиот градски парк во Мостар во 2005 година, беше пронајдена од полицијата, а злосторникот што ја украл и сокрил е уапсен.

Статуата исчезна од паркот во Мостар на 3 март, а како што утврдила полицијата, статуата била одвоена од постаментот со пила и украдена. Потоа се преземени сите истражни мерки за пронаоѓање на статуата и изведување на сторителот пред лицето на правдата.

Настанот предизвика бројни осуди, критики, коментари и бура од реакции, бидејќи статуата во најголемиот град во Херцеговина стана своевидна атракција.

Автор на бронзената статуа на Брус Ли е загрепскиот академски скулптор Иван Фијолиќ, а споменикот во неколку наврати беше мета на вандали кои неколкупати го оштетуваа, па градските власти претходно го отстранија поради санација и доработка.

Прикажи повеќе...

Бизарно

(Видео) Мона Лиза посипана со супа: Две жени го нападнаа познатото ремек дело во Лувр

Објавено пред

На снимката се гледаат две демонстрантки како се прикрадуваат под бариерите заштитувајќи го ремек-делото на Леонардо да Винчи пред да ја потурат сликата со супа.

Потоа и двете ги соблекле јакните за да откријат бели маици на кои со големи црни букви беше испишано „Riposte Alimentaire“ – што значи „Одговор на храната“.

Сликата се наоѓа во музејот Лувр во Париз.

Демонстрантите, наводно, барале право на „здрава и одржлива храна“.

Ова не е прв пат Мона Лиза да биде мета на климатски активисти – во мај 2022 година, демонстрантите фрлија торта врз неа.

Маж преправен во постара жена во инвалидска количка фрли торта врз непроценливото дело, пред да извика „мислете на планетата!“ додека беше придружуван надвор од зградата.

Се обидел да го скрши и заштитното стакло пред сликата, но не успеал.

Прикажи повеќе...

Бизарно

УФЦ шампион донел девојка дома да ја вери, па дознал дека веќе е омажена

Објавено пред

Навистина бизарна ситуација му се случила на актуелниот шампион на УФЦ во полутешка категорија, Алекс Переира. Тој тврди дека неговата поранешна свршеница Мерл Кристин во текот на целата врска криела дека веќе била мажена за друг маж!

Се чинеше дека на Переира му цветаат рози на сите полиња. Тој е непобедлив во октагонот, а одлично му оди и на љубовен план… Беше во долгогодишна врска со избраничката Мерл Кристин и планираше да се венчаат, но потоа откри дека неговата саканата водела двоен живот.

Кристин била во брак додека била во врска со познатиот борец. Барем така тврди Переира.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 минути

По 7 месеци пауза, Вардариште повторно гори, велат од „Стоп за Вардариште“

По протестите и јавниот притисок што се случуваа кон крајот на минатата година, Вардариште не гореше цели 7 месеци, но...

Свет25 минути

Украина останува без ракети „Патриот“; Џ.Д. Венс: Горд сум што ја прекинавме помошта

Украина се соочува со критичен недостиг на противвоздушни ракети „Патриот“, а ситуацијата е многу лоша, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски....

Свет38 минути

Шефот на НАТО вети 60 милијарди долари воена помош за Украина

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, вети дека членовите на Aлијансата ќе ѝ обезбедат на Украина 60 милијарди долари воена...

Свет1 час

Столтенберг: Ако на Трамп му се дозволи да го земе Гренланд, НАТО ќе ги изгуби своите вредности

Заканите на Доналд Трамп за повлекување на САД од НАТО треба да се сфатат сериозно, предупреди поранешниот генерален секретар на...

Свет2 часа

Осмооделенец уби осум ученици и еден наставник во училиште во Турција

Девет лица, меѓу кои осум деца, беа убиени денес во пукотница во училиште во југоисточна Турција, изјави турскиот министер за...

Македонија2 часа

Утре променливо облачно време со локални врнежи од дожд

Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе има услови за појава на нестабилност...

Македонија2 часа

Муцунски – Прево: Белгиска поддршка на Македонија во нејзината европска интеграција

На покана на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес во официјална посета на Република Северна Македонија...

Свет3 часа

Германски министер: Не учествуваме во војната во Иран, но ги чувствуваме последиците

Германија, иако не е вклучена во војната во Иран, директно ги чувствува нејзините економски последици, изјави денеска германскиот министер за...

Свет3 часа

Маѓар објави видео, од далеку се гледа Орбан на балкон: Што мислите дека чита – неговиот проштален говор или спортски вести?

Победникот на неодамнешните унгарски избори и иден премиер, Петер Маѓар, објави видео од претседателската палата Шандор во Будимпешта, каде што...