Контакт

Естрада

(Видео) Фановите се простуваат од Арета Френклин, која лежи во златен ковчег 

Објавено пред

Илјадници обожаватели од вторникот ѝ оддаваат почит на кралицата на соулот, Арета Френклин, поминувајќи покрај нејзиниот одар во детроитскиот Музеј на афроамериканската историја „Чарлс Х. Рајт“.

Во вторникот отворениот златен ковчег со телото на легендарната пејачка е поставен меѓу букетите розови и виолетови рози, а обожавателите ќе може да ѝ оддадат почит и во наредните два дена.

Телото на кралицата на соулот, која почина на 16 август од рак на панкреасот на возраст од 76 години, е пренесено до Музејот во класичен бел олдтајмер од 1936 година.

Според организаторите, цветовите се одраз на нејзината љубов кон обожавателите, но и склоноста кон високата мода. На нозете дивата има црвени чевли со високи потпетици, а на усните виолетово-црвен кармин. Нејзиниот црвен фустан го симболизира нејзиното членство во сестринството „Делта сигма тета“, кое се бореше за правата на афроамериканските жени.

Многубројни фанови пред да го донесат ковчегот спиеле на улиците за да ја испратат својата омилена пејачка. Некои патувале стотици километри за да ѝ оддадат почит.

В четврток ковчегот ќе биде однесен во црквата каде што служеше нејзиниот покоен татко, кој беше пастор.

Погребот ќе се одржи на 31 август и на него ќе присуствуваат членовите на семејството и пријателите на Арета од целиот свет. Погребот ќе биде затворен за јавноста.

Естрада

Тејлор Свифт добива закани по живот

Објавено пред

Од

Познатата пејачка Тејлор Свифт, конечно, издејствува судска забрана за приоѓање обожавател кој ја следи веќе две години и ѝ испраќа заканувачки писма.

Ерик Свабрик (26) во писмата што ги испраќа од 2016 година напиша навистина ужасни работи, пишува „Дејли мејл“.

„Сакам да ја силувам Тејлор Свифт. Јас знам дека таа е мојата сродна душа и тоа е причината зошто ја мразам”, „Научив да го потиснам чудовиштето во себе, но наскоро ќе станам одговорен за себе и не постои друг логичен заклучок освен смртта”, „Јас нема да се двоумам да те убијам, и не постои ништо што ти, адвокатот или полицијата можат да направи во врска со тоа. Запомни кој сум јас”, пишува тој, меѓу другите нешта.

Пејачката овие писма толку ја вознемируваат што таа е во постојан страв и стрес, а нејзините адвокати сметаат дека заканите се многу реални и дека тој ќе се обиде да ги оствари.

Судијата веднаш издаде забрана за приод и контакт со пејачката, а на лудиот обожавател му е забрането да се приближи до нејзината куќа.

Ова не е првпат Тејлор да ја прогонува манијак. Минатиот месец полицијата уапси маж кој се обидел да влезе во нејзината куќа, носејќи маска и гумени ракавици. Тој носел нож, муниција и јаже, додека во неговиот автомобил пронашле уште маски, куршуми, дрога и психијатриска документација.

Прикажи повеќе...

Естрада

Џеј Зи за една година заработил 76,5 милиони долари

Објавено пред

Од

Раперот Џеј Зи е прогласен за најплатен хип-хоп музичар во 2018 година. Во изминатите 12 месеци заработил 76,5 милиони американски долари.

Шон Картер, познат како Џеј Зи, успеал да го помине раперот и продуцент Шон Комб или Паф Деди, кој три години по ред беше на врвот на листата на „Форбс“.

Џеј Зи во втората половина на 2017 година го промовира својот последен албум „4.44“, а оваа година настапуваше со својата сопруга Бијонсе на заедничката турнеја „Он д ран 2“. Двојката во јуни го објави албумот „Евритинг ис лав“.

Паф Деди заработил 64 милиони долари, Кендрик Ламар е трет на листата со годишна заработка од 58 милиони долари. Зад него се наоѓа Дрејк со заработка од 47 милиони долари.

Прикажи повеќе...

Естрада

Оскаровката јавно проговори: Очувот ме силуваше кога бев мала

Објавено пред

Од

Оскаровката Сали Филдс (71) целиот живот го помина под светлата на рефлекторите, но успеа вешто да сокрие еден мрачен дел од својот живот.

Филдс открила неколку шокантни факти од својот живот во својата книга „Во делови“, која наскоро ќе биде објавена. Во мемоарите таа пишувала за злоупотребата што ја трпела со години од нејзиниот очув, но и за тајниот абортус што го имала на 17 години во Мексико.

Во мемоарите, таа пишува дека очувот, додека нејзината мајка не била дома, ја повикувал во спалната соба. „Тогаш знаев“, напишала таа. „Во истиот момент се чувствував како беспомошно дете, а не бев. Моќно. Тоа беше моќ. Сакав да бидам дете“, додала.

Во книгата останало нејасно кога почнала  злоупотребата, но се наведува дека престанала кога таа имала 14 години. Неколку години подоцна, поточно во 1968 година, мајка ѝ се развела од очувот.

Сали ѝ признала на мајка ѝ дека очувот ја злоупотребувал дури кога имала 66 години во 2012 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 минути

Томевски: Поради острата миризба станарите мораше веднаш да се евакуираат на безбедно

Околу 18 часот добивме дојава од граѓани, кои почувствувале остар мирис на влезот, по што беше испратена екипа. Поради остриот...

Македонија37 минути

(Во живо) Евакуирани станарите во зграда во Скопје, полицијата влезе внатре

Жителите од зграда на улицата ,,Кузман Јосифовски Питу” број 15 во скопската населба Аеродром, кај Мезе барот се евакуирани по...

Македонија56 минути

Евакуирана зграда во Аеродром, паника кај станарите

Жителите од зграда на улицата Кузман Јосифовски – Питу, број 15, во скопската населба Аеродром, кај „Мезе бар“, се евакуирани...

Македонија4 часа

(Видеоинтервју) Софијанова: Балканската школа на педијатрите ги обедини кадрите и важните аспекти во лекувањето на децата

Повеќе од 500 доктори, медицински сестри и специјализанти ја посетиле Балканската школа на педијатрите, што првпат се одржа во хотелот...

Македонија4 часа

(ВИДЕОИНТЕРВЈУ) Јовановиќ: Путин преку своите дипломати сака да го сруши договорот помеѓу Македонија и Грција

Претседателот на српската Либерално-демократска партија, Чедомир Јовановиќ, во интервју за „Макфакс“ вели дека има руско влијание на Балканот и дека...

Крвав четврток7 часа

Напаѓачите добиваа насоки од команден штаб, сведочеше пратеникот Ферид Мухиќ за 27 април

На продолжението на судењето за настаните од 27 април, судијката Добрила Кацарска, која го суди предметот, рече дека претседателот на...

Топ8 часа

Тинејџери силувале дете во Битола

Двајца тинејџери на возраст од 14 и 16 години се осомничени дека силувале дете во Битола. Според информациите на МВР,...

Димитар Апасиев, Тодор Петров Димитар Апасиев, Тодор Петров
Македонија8 часа

(Видео) Апасиев: Да се испита кој ги повикувал уставните судии на разговор и им влијаел на одлуката

Има сознанија дека уставните судии се повикувани на разговор пред денешната седница, вели Димитар Апасиев, еден од подносителите на инцијативата...

Kacarska Кацарска Kacarska Кацарска
Крвав четврток9 часа

Адвокатот на Тарчуловски не сака да суди Кацарска оти била роднина со оштетен

Судијката Добрила Кацарска, која го суди предметот за крвавиот четврток, даде еден час пауза за претседателот на судот, Иван Џолев,...

Македонија9 часа

Референдум ќе има, одлучи Уставниот суд

Уставниот суд со 7 гласа „за“ и два „против“ ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на собраниската одлука...

Топ9 часа

Почина пожарникар во Скопје, му се слошило додека гасел пожар

Пожарникар кој учествувал во гасење пожар во близина на транзитниот центар за странци во Скопје починал неколку часа по интервенцијата....

Крвав четврток9 часа

„Излезете комуњари, отворете“ викаа по нас, а ние стоевме зад регал за да не се одбие куршум, рече сведок за 27 април

Во кривичниот суд во Скопје со сослушување на четворица сведоци продолжи судското рочиште за 27 април, познат како крвавиот четврток....

Вести11 час

Ким Џонг-ун наскоро ќе отпатува во Сеул

Севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун, по состанокот со претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае-ин, изјави дека во наскоро планира да го...

Македонија12 часа

Ристиќ: Против полицајците кои ме приведоа ќе бидат преземени сите правни мерки

Актерката Ирена Ристиќ и нејзиниот адвокат Јанаки Митровски најавија дека против полицајците кои во саботата ја приведоа и ја одведоа...

Македонија12 часа

Заев во Вашингтон на покана од потпретседателот Пенс

Премиерот Зоран Заев патува за Вашингтон каде утре (20 септември) ќе има билатерална средба со американскиот потпретседател, Мајк Пенс. Како...

Македонија1 ден

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава против Заев поради поткуп при избори

ВМРО-ДПМНЕ  достави кривична пријава во Јавното обвинителство против премиерот Зоран Заев, поради јавен повик на поткуп при избори. Димитар Димовски,...

Култура1 ден

(Видеоинтервју) Адеми: Нулта толеранција за корупцијата во културата, нови комисии на претстојниот конкурс

Строги и јасни критериуми по кои ќе одлучуваат новооформените комисии на претстојниот конкурс за проекти во културата, нулта толеранција за...

Топ1 ден

Камион удри во баба и внуче на пешачки премин на булевар Србија

Почина бабата која со внучето вчера беше прегазена на пешачки премин на булеварот Србија во скопската населба Аеродром, информира полицијата....

Македонија1 ден

,,Море Миле, нити е сечено, нити е лепено”, му рече обвинителката на Миле Јанакиески

Во кривичниот суд во Скопје продолжува рочиштето за предметот на СЈО со кодно име ,,Траекторија”, за провизиите за кинеските автопатишта....

Македонија1 ден

Хан до Мицкоски: Референдумот не е момент за политички игри

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, на средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, му кажал дека референдумот не е партиски...

Досие