Контакт

Забава

(Видео) Црквата иницира петиција за забрана на филм за лезбиски калуѓерки

Објавено пред

Католичка активистичка група во Белфаст иницира петиција за забрана на прикажување на филмот „Бенедета“ на Велипеток.

dobivaj vesti na viber

Филмот на режисерот Пол Верховен, базиран на животот на сестрата Бенедета Карлини, требаше да почне да се прикажува овој петок.

„Овој филм е измама и ништо повеќе од очигледен напад на католичката вера“, изјави Демијен Марфи, портпарол на Ирското друштво за христијанска цивилизација, за „Белфаст телеграф“ .

„Овој филм е пресметана навреда за сите христијани“, вели тој и додава дека е срамота што е дозволен на толку важен ден.

Филмот претходно наиде на критики од верниците, кои се згрозени од сцените на калуѓерки што се галат со Исус, статуа на Дева Марија, што се користи како секс-играчка, и од порнографски прикази на калуѓерки во лезбиски сцени.

Режисерот Верховен одговори на критиките: „Не разбирам како нешто што се случило во 1625 година би го нарекле богохулство. Не можете да ја промените историјата или работите што се случиле, а јас го базирав филмот на она што се случило. Во овој случај глупаво е да се користи зборот богохулење“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Канје Вест ја разгорува војната со Ким во новиот сингл

Објавено пред

Канје Вест повторно ја разгорува војната со поранешната сопруга Ким Кардшијан за старателството над нивните четири деца во најновиот сингл New Love, кој излезе во четвртокот навечер.

dobivaj vesti na viber

„Кога ќе ги земам, се чувствувам како да ми ги позајмиле“ гласи еден стих од песната.

Во песната, со вокал од покојниот XXXTentacion, се појавува Канје (44), изразувајќи го своето незадоволство од распоредот за неговото старателство, додека рапува: „Чекај, кога ќе ги видиш децата? Ќе се видиме утре/ Чекај, кога ќе зајде сонцето? Се гледаме утре“.

Раперот, исто така, тагува поради фактот што неговите деца не се постојано со него: „Кога ќе ги земам, се чувствувам како да ми ги позајмиле/ Кога треба да ги вратам, ги скенирам ги како бар-код“.

Вест, кој ги дели Норт (8), Сент (6), Чикаго (4), и Псалм (3) со реалити-ѕвездата (41), продолжува да се жали на облеката на децата.

„Кој ги облака децата во овие алишта?“/ Зошто не можат да носат ‘Јизи’? прашува тој, алудирајќи  на сопствениот бренд.

Прикажи повеќе...

Забава

Луѓето ја коментираат реакцијата на Херд кога Кејт Мос сведочеше за Деп

Објавено пред

Манекенката Кејт Мос, која беше повикана како сведок од адвокатите на Џони Деп, во средата сведочеше преку видеолинк во рамките на спорот помеѓу Амбер Херд и ѕвездата на „Пиратите од Карибите“.

dobivaj vesti na viber

Кејт, која беше во врска со Деп од 1994 до 1997 година, ги демантира шпекулациите дека нејзиниот поранешен партнер Деп еднаш ја турнал по скалите.

А реакцијата на Херд во текот на исказот на манекенката беше повод за многубројни негативни коментари на социјалните мрежи насочени кон поранешната сопруга на Деп.

„Кејт е елегантна и достоинствена. Нешто што Амбер никогаш нема да биде“. „Амбер е лута и сигурно ќе пукне однатре“, „Колку е страшна“. „Така се однесуваше татко ми кога ќе го фатеа во лага – бргу трепка и воздивнува“.

„Лицето на Амбер кажува сè“. „Смешно е да се видат нејзините очи како трепкаат кога е бесна“. „Ги врти очите, не знае каде да гледа поради експлозивниот бес што го држи во себе“.

„Јасно е дека Амбер не сака да слуша дека Кејт и Деп имале долга врска“, „Сликата на Амбер како пука во тишина е веројатно најсмешното нешто што сум го видел“.

„Многу чудно однесување за некој што бил малтретиран,“ напиша друг. „Амбер е нарцисоидна и не може да поднесе што Џони не е нејзина сопственост“, „Ооо, таа полуде. Не може да го поднесе фактот што е фатена во своите лаги и дека Кејт е многу поубава од неа“, ова се само некои од многуте коментари за вчерашното судење.

Прикажи повеќе...

Забава

Кан 2022: Нина Добрев поробува со својот изглед во црвен фустан

Објавено пред

Меѓу многуте гламурозни настани во рамките на Филмскиот фестивал во Кан, на распоредот беше и еден со хуманитарен предзнак – amfAr гала – каде што преку аукции се собираат финансиски средства што ќе бидат донирани за потребите на програмите за истражувања во борбата против сидата.

dobivaj vesti na viber

Десетици супермодели, актери и други славни личности не го пропуштија овој настан, па го привлекоа вниманието на медиумите во блескави тоалети, а меѓу нив беше и Нина Добрев.

33-годишната актерка блесна на најгламурозниот настан на филмскиот фестивал, галата amfAr, која како и секоја година се одржува во Hotel du Cap-Eden Roc.

Таа се појави во друштво на своето момче, сноубордерот Шон Вајт.

Актерката, која се прослави со филмот The Vampire Diaries („Вампирски дневници“), блеска додека позира како бура во хотелот Du Cap-Eden-Roc.

Елегантниот црвен фустан со смело деколте во форма на солза ја истакнува нејзината фигура нa песочен часовник. Креацијата е без ракав од едната страна, а од другата страна има подигнато рамо и долг ракав закачен на ракавица.

Традиционалниот настан е со хуманитарен предзнак. Преку аукции се собираат финансиски средства, што ќе бидат донирани за потребите на програмите за истражувања во борбата против сидата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Притвор за осомничените за продажба на парцели за “ЕВН електрани”

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против седум лица, од кои за двајца постои основано сомнение...

Регион4 часа

Бугарија нема да отстапи од ветото без согласност на парламентот

Го потврдивме ветувањето дека темата за Северна Македонија задолжително ќе помине преку Народното собрание, изјави портпаролката во кабинетот на премиерот...

Свет7 часа

Русија тврди: Американската војска ослободи мајмунски сипаници од своите лаборатории

Мајмунската сипаница е увезена од Нигерија, каде што работат најмалку четири американски биолошки лаборатории, изјави Игор Кирилов, началник на силите...

Европа9 часа

Путин: Притисокот од непријателските земји е практично агресија

Притисокот од непријателските држави е „практично агресија“, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин. – Предноста на интеграцискиот курс сега е...

Македонија12 часа

Османи: Слободата на Северна Македонија и секоја друга европска земја денеска се брани во Украина

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамките на посетата на Украина оствари средба со својот домаќин Дмитро Кулеба. Ова...

Свет12 часа

Лавров: Западот ѝ објави тотална војна на Русија

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, ги обвини западните земји дека водат тотална војна против Русија и рускиот народ...

Македонија13 часа

(Видео) Црвенковски: Договорот со Бугарија со формулацијата „заедничка историја“ беше голема грешка

Договорот со Бугарија не само што не затвори ниту едно прашање туку, напротив, ја отвори Пандорината кутија и создаде основа...

Македонија14 часа

Во Софија вонреден коалициски совет за Северна Македонија

На вонреден состанок на коалицискиот совет вечерва ќе се соберат владините партнери. Средбата е по барање на премиерот Кирил Петков....

Регион14 часа

Русија протера петмина хрватски дипломати

Русија прогласи за непожелни пет хрватски дипломати во хрватската амбасада во Москва, а на хрватскиот амбасадор му беше врачена нота....

Свет14 часа

Најбогатиот човек во Украина и сопственик на „Азовстал“ ќе ја тужи Русија

Најбогатиот човек во Украина и сопственик на фабриката за челик „Азовстал“, Ринат Ахметов, вели во Мариупол дека планира да ја...

Македонија15 часа

Османи во Украина: Она што го видов ме убеди колку е оправдан нашиот став за агресијата

Во рамките на својата работна посета на Украина, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, придружуван од претставници на украинската Влада,...

Македонија16 часа

Земјотрес утрово регистриран во Тетовско

Земјотрес од 3,6 степени утрово го стресе Тетовскиот Регион, а беше почувствуван и во Скопје. Според податоците, земјотресот се случил...

Свет17 часа

Медведев: Условите на Зеленски се категорични до идиотизам

Дмитриј Медведев денеска изјави дека условите што му ги постави претседателот на Украина, Володимир Зеленски, за примирје не се остварливи....

Свет17 часа

САД подготвуваат досега најмоќно оружје против Русија

Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден се подготвува да го зголеми оружјето на Украина. Администрацијата има намера да го направи...

Свет1 ден

Лавров: Испораката на оружје способно да погоди руска територија е чекор кон неприфатлива ескалација

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров предупреди дека „испораката на оружје за Украина способно да ја погоди руската територија...

Економија1 ден

Ковачевски: Во ребалансот на буџетот направиме намалување на непродуктивните трошоци, нè oчекува тешка зима

„Ребалансот на буџетот е насочен главно кон справување со економската криза, ревидирање на фискалните проекции, реконструирање на буџетските расходи, зачувување...

Спорт1 ден

РК Вардар го прегази Тиквеш и го потврди 15. шампионски пехар (ФОТО)

Македонскиот ракометен првак Вардар ја освои двојната круна оваа сезона, откако денеска со триумфот против Тиквеш (37:25) го потврди и...

Економија1 ден

Путин: Санкциите против Русија му се вратија на Западот како бумеранг

Рускиот претседател Владимир Путин денеска оцени дека антируските санкции се вратиле како бумеранг за оние што ги применувале бидејќи, како...

Македонија1 ден

Кривични пријави за двајца управители во ЕВН и за петмина други за продажбата на парцели во Делчево

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против седум лица за продажбата на парцели на ЕВН во Делчево за изградба...

Македонија1 ден

Собранието: Деловникот дозволува можност за затворање на вратите на салата на барање на претседателот

Проѕирна е намерата на опозицијата, која сите овие години ја опструира работата на законодавниот дом и оневозможува донесување битни закони...