Забава
(Видео) Читач од усни открива што ѝ кажа Џеф Безос на Лорен Санчез по паѓањето

Лорен Санчез учествуваше во вселенската мисија на ракетата Блу Ориџин на Џеф Безос на 14 април, заедно со Кети Пери, Гејл Кинг, активистката Аманда Нгујен, ракетниот научник Ајша Боу и филмската продуцентка Керијан Флин.
Читателката на усните, Никола Хиклинг, тврди дека знае што си рекле Лорен Санчез и Џеф Безос откако се обединиле по враќањето на целосно женската мисија на Блу Ориџин.
Екипажот полета од Тексас со ракета Њу Шепард, а потоа се врати на Земјата. Безос, кој е свршен со Санчез, по слетувањето на ракетата брзаше да ја пречека својата вереница, а во еден момент падна.
По виралниот момент, тој ја прегрна својата свршеница и се поздрави со останатите членови на екипажот додека излегуваа од ракетата.
@nypost Jeff Bezos face-planted onto the Texas desert as he greeted Lauren Sanchez. 🫣
Хиклинг откри на промоцијата за Prime Casino дека вниманието на Санчез не останало фокусирано само на Безос долго откако таа се вратила на Земјата. „Лорен Санчез излегува од шатлот и го прегрнува Џеф Безос. Таа изгледа емотивно, а потоа прашува: Каде се моите бебиња?“, вели Хиклинг.
Санчез има три деца од претходните врски: најстариот син Ники, кој го доби со поранешниот играч на НФЛ, Тони Гонзалес, и Еван и Ела, кои ги доби со поранешниот сопруг Патрик Вајтсел.
Безос во тој момент и покажа на Санчез каде да оди. „Џеф Безос го покажува патот и потоа вели: Треба да одиш таму“, објаснува Хиклинг.
Додека остатокот од екипажот излегуваше од ракетата, Хиклинг исто така ги сподели своите набљудувања за Пери, која наводно рече: „Тоа беше неверојатно“.
Во интервјуата по вселенскиот лет, Санчез се осврна на критиките за мисијата, но исто така рече дека Земјата изгледала „толку тивко“ од вселената и дека „се чувствувала понизно“ и дека сега чувствува потреба да ја „заштити оваа планета“.
На прашањето дали очекува вселенските летови да станат достапни како комерцијалните летови на Земјата, Санчез одговори: „Го познавам Џеф и го знам Блу Ориџин. Блу Ориџин гради пат до вселената“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Познатата манекенка отворено зборуваше за естетските зафати кои ги имала

Манекенката Кристи Бринкли (71) продолжува да привлекува внимание со својот младешки изглед, а сега отворено проговори за естетските третмани на кои повремено се подложува, нагласувајќи дека нејзиното здравје е поважно од совршената кожа.
Во интервју за „Пипл“, таа откри дека користи ласерски третмани, повремено се одлучува за филери и дека ботоксот не и е непознат. Сепак, Бринкли тврди дека нејзината цел не е целосно да ги избрише знаците на стареење: „Најчесто правам ласери. Не се обидувам да се ослободам од секоја брчка“, рече таа.
„Пробав филери и одам на лекар, но не сакам да изгледам испеглано или вештачко. Неодамна направив Fraxel затоа што имав рак на кожата – тој третман помага да се отстранат преканцерозните клетки. За мене тоа сега е повеќе здравствен проблем”, додаде таа.
Бринкли, чија автобиографија Uptown Girl излегува на крајот на април, претходно нагласи дека не сака да ги избрише сите траги од животот од нејзиното лице: „Сакам да задржам неколку брчки. Тоа е мојот начин да го прифатам стареењето“.
Покрај ласер, таа признава дека двапати користела ботокс, но не била воодушевена: „Моето чело изгледаше мазно, но првиот пат веѓата ми се спушти. Не ми беше удобно“.
Денес, таа користи инјекции само еднаш годишно, за фините линии околу устата. „Сега сум повеќе во ред со тоа што работите остануваат такви какви што се“, рече таа.
Забава
Мадона сними видео за „Тик-ток“ со своето момче, го покажа лицето без шминка

Мадона (66) објави видео на „Тик-ток“ со нејзиното момче Аким Морис (28).
Во видеото, пејачката и нејзиното момче го рекреираат танцот од серијата „Принцот од Бел-Ер“. Во видеото Мадона нема шминка на лицето.
@madonna 👀 #fyp ♬ Anxiety – Doechii
Мадона ја објави нивната врска на Инстаграм во јули минатата година кога објави фотографии од нив на социјалните мрежи. Тие, наводно, се разделиле во октомври 2024 година, но брзо се помириле.
Забава
Познатата актерка привлече внимание на модна ревија: „Очигледно била на ботокс“

Ен Хатавеј се појави на ревијата на Ралф Лорен, кој ја претстави колекцијата за есен 2025 година во Њујорк.
42-годишната актерка се појави во фармерки со светки кои ги искомбинира со класична бела маичка без ракави и беж капут, а косата ја врза во опавче.
Но, многумина го забележаа нејзиниот младешки изглед, а на социјалните мрежи се појавија коментари дека направила естетска операција, лифтинг на лицето или некоја слична процедура за подмладување.
„Таа очигледно била на ботокс“, „Сите во Холивуд се како Бенџамин Батон“ и „Ако имала пластична операција, резултатот е многу добар“, коментираат тие.
Други напишаа дека нејзиниот младешки изглед е резултат на затегнатото високо опавче и посилна шминка.