Контакт

Бизарно

Видео што го обиколи светот: свештеник на крштевка истепа дете

Објавено пред

Шокантно видео од свештеник како му удира шлаканица на бебе на крштевка го обиколи светот. Не е познато каде е снимено видеото, но може да се чуе дека свештеникот зборува на француски јазик.

На видеото се гледа како детето плаче, а свештеникот се обидува да го смири и бидејќи не успева, насилно му ја фаќа главата, а во еден момент му удира и шлаканица. По ова, мажот во просторијата, кој најверојатно е татко на детето, насилно го одзема детето од рацете на свештеникот.

Бизарно

Нај(не)среќниот човек во светот е Хрват

Објавено пред

Фрањо Селак, професор по музика од Петриња, Хрватска, целиот свет го прогласи за најсреќен и најнесреќен човек во светот. Шестпати ја избегнувал смртта, а на лото добил околу 900 000 евра.

Како професор по музичко тој често ги менувал градовите во кои работел и поминал дел од својот живот во Модрича во БиХ. Училишниот излет во Оџак во 1957 година се претворил во кошмар за Фрањо и возачот Ахмет. За среќа, тие децата ги оставиле во Оџак, а тој и возачот на автобусот отишле во Модрича со намера да се напијат по една чашка. На една кривина, наместо десно, отишле право иако Ахмет го свртел воланот. Тие удриле во оградата на мостот и паднале во реката Босна. За среќа, реката не е длабока на тоа место, па затоа не се удавиле, раскажа Фрањo.

Следната година, Фрањо преживува уште една голема несреќа. Тој беше еден од патниците во возот Сараево-Дубровник. Во некогаш популарниот „Ќиро“ се возел со баба во купе кога огромна карпа паднала на шините и возот отскокнал од шините и паднал во студената Неретва.

WORLD'S LUCKIEST MANFrano Selak, retired music professor from Croatia was dubbed the world's luckiest man after…

Gepostet von Destiny Rules am Dienstag, 21. Juli 2015

„Никогаш не реков дека сум храбар. Попрво ќе кажам дека сум кукавица и ужасно се исплашив. Некако го скршив прозорецот и водата влезе во вагонот. Успеав да ја фатам бабата и  испливавме на површината. Ја држев бабата сè додека не почувствував нечии раце, кои нѐ повлекоа на сигурно“, вели тој.

Кога мајка му во 1962 година беше сериозно болна во Риека, тој одлучил да лета од Загреб до Риека со авион.  Седел во опашката на авионот, веднаш до вратата за излез во случај на опасност и до мала шведска маса од каде што стјуардите носеле освежување за патниците. Фрањо се загледал во една убава стјуардеса, го извадил ременот и станал да разговара со неа неколку минути. Потоа слушнал силен удар. По три дена, во шок-собата на Клиниката за трауматологија во Загреб тој дознал што се случило.
Лекарите му кажале дека авионот удрил во планината и дека загинале сите членови на екипажот и патниците – 20 лица. Преживеале само Фрањо и убавата Розика.

Подоцна, Фрањo уште двапати ја избегнувал смртта возејќи се во својата „лада“, која првиот пат се запалила за време на возење, а вториот пат се запалила и експлодирала.

А потоа во 2002 година Фрањо погоди седмица на лото и доби околу 942 000 евра.

Денес тој живее од пензија. Фрањо признава дека не го бидува за бизнис. Тој им позајмувал пари на сите, но вели дека не му ги вратиле. Им купил 25 автомобили на пријатели, кумови, роднини и познајници. На луѓето им купувал крави и мебел, инструменти за цели оркестри. Купил куќа за 120 000 евра и ја продал за 70 000 евра. Купил два апартмана во Чиово за 100 000 евра, а кога сфатил дека воопшто немаат прозорци, ги продал за 30 000…

Некои интернет-страници и медиуми ја проверуваа неверојатната приказна на Фрањо и сѐ уште има доза скепса дека навистина му се случиле сите овие несреќи. Без оглед на вистината, факт е дека Селак минатата година стигна на Риплиевата листа „Верувале или не“.

Прикажи повеќе...

Бизарно

Русинка 35 пати го избола својот сопруг, кој се пожалил дека храната не е доволно солена

Објавено пред

Жена го убила својот сопруг бидејќи тој го критикувал нејзиното готвење, објави руската полиција. Таа несреќниот маж со нож го избола најмалку 35 пати, пишува британски „Дејли мејл“.

Слава Давидкин на возраст од 43 години бил убиен кога се пожалил дека неговата сопруга не ставала доволно сол во храната.

Неговата сопруга Евгенија (31) чекала тој да заспие, па го избола со нож пред нивното четиригодишно дете, стои во полицискиот извештај. Подоцна, тaa го призналa убиството и оттогаш се наоѓа во домашен притвор.

Двојката почнала расправија кога рибарот се пожалил дека јадењето што го подготвила сопругата не е доволно солено. Тој тврдел дека тоа значи оти таа не го сака доволно.

Расправијата продолжила и кога нивните гости заминале на спиење, а рибарот ја удрил својата сопруга.

Таа била испровоцирана поради она што се случило. Потоа го убила сопругот на спиење, па побарала од еден од машките гости да повика брза помош. Лекарите само ја констатирале смртта на 43-годишникот.

Рускиот комитет за истраги објави дека двојката се расправала за послужена храна. Убиениот сопруг, наводно, рекол дека доколку жената навистина го сакала, ќе ставeла повеќе сол во храната.

За време на сослушувањето Евгенија изјавила дека тоа не била прва расправија меѓу нив двајца. Според нејзините зборови, сопругот секогаш прв почнувал да се расправа.

Локалните жители ја критикуваа одлуката на полицијата обвинетата да остане во куќен притвор и да се грижи за детето.

Убиениот човек од претходниот брак имал друго дете – 19-годишна ќерка.

Прикажи повеќе...

Бизарно

Карлеуша го моли Вучиќ да ја реши неправдата поради децата

Објавено пред

Српските медиуми во понеделникот објавија експлицитни фотографии, на кои е, како што велат, Јелена Карлеуша (40), и со тоа почна приказната дека пејачката го изневерува сопругот, фудбалерот Душко Тошиќ (33), и тоа со репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Огњен Врањеш (29). Бидејќи пејачката веќе не може да ги запре злобните коментари на своја сметка, за помош се обрати до српскиот претседателот Александар Вучиќ (48).

Таа преку „Твитер“ го моли да ја спречи хистеријата во врска со наводните фотографии на кои се наоѓа, првенствено поради нејзините деца.

„Господине Вучиќ, може ли јавно да ве замолам да ми помогнете и да ги запрете ова лудило и неправда? Ако не поради мене, тогаш поради моите деца, сопругот, болната мајка… Ве молам. Отиде премногу далеку“, објасни Јелена.

На социјалните мрежи објави фотографија на која шета во Кина со сопругот и ќерките. Обожавателите се надеваат дека оваа афера нема да влијае врз нивниот брак.

Во меѓувреме фудбалерот на „Андерлехт“ сè уште тврди дека на спорните фотографии е токму пејачката.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Миленко Неделковски: Не сум виновен

Новинарот и водител Миленко Неделковски денеска првпат седна на обвинителна клупа како обвинет за ширење расистички и ксенофобичен материјал на...

Македонија1 час

Агенцијата за обезбедување СГС доби нов тендер од 113 илјади евра

Агенцијата за обезбедување „Секјурити груп сервисес“ (СГС), која се поврзува со поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, доби нов тендер...

Македонија3 часа

Стразбур ја донесе првата пресуда во корист на девојка од Македонија што го смени полот

Европскиот суд за човекови права во Стразбур, денеска, првпат се произнесе за случај на македонско трансродово лице и пресуди во...

Македонија4 часа

Владимир Талески и 20 обвинети во „Транспортер“ слушаа разговор меѓу Јанкулоска и Ставрески

Во кривичниот суд во Скопје продолжи изведувањето на писмените докази во случајот на СЈО со кодно име „Транспортер“. Претходно беше...

Монструм Монструм
Македонија4 часа

Косово сè уште молчи за екстрадицијата на обвинетите во ,,Монструм”

Министерството за правда сè уште нема добиено одговор од Косово за екстрадиција на двајцата обвинети за петкратното убиство кај Смилковското...

Свет4 часа

(Видео) Пронајдена коса од двегодишното дете што падна во бунар во Шпанија

Спасувачките екипи пронајдоа коса од двегодишното дете што падна во длабок бунар во Шпанија. Со ДНК-тестовите е потврдено дека детето...

Свет5 часа

Тереза Меј подготвена да соработува со опозицијата за да се оствари брегзитот

Британската премиерка, Тереза Меј, изјави дека на опозицискта Лабуристичка партија ѝ се отворени вратите за преговори за брегзитот, при што...

Вести5 часа

Секој трет вработен во ОН бил сексуално вознемируван

Секој трет вработен во Обединетите нации бил сексуално вознемируван во последните две години, покажува извештај на оваа меѓународна организација, објави...

Свет6 часа

Путин во Белград со двајца двојници

Владимир Путин денеска ќе пристигне во Белград во придружба на 30 најблиски специјалци од Федералната служба за обезбедување, а околу...

Свет7 часа

Исчезната германска туристка пронајдена мртва во австралиската дивина

Телото на една германска туристка, која исчезна претходно овој месец, било пронајдено во средата во пеколно жешката австралиска пустелија, соопшти...

Свет7 часа

Планот на САД за Блискиот Исток: 90 отсто од Западниот Брег за Палестина и поделен Ерусалим

Планот за мирно решавање на кризата на Блискиот Исток, кој го подготвува администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, ќе биде...

Регион17 часа

Ципрас ја доби довербата од Парламентот

Со 151 глас, Владата на грчкиот премиер, Алексис Ципрас, ја доби довербата во Парламентот по дебатата која траеше два дена....

Европа18 часа

Преживеа Владата на Тереза Меј

Владата на британската премиерка Тереза Меј вечерва ја доби довербата од Парламентот. 306 пратеници гласаа против Меј, а 325 за неа....

Македонија19 часа

(Видео) Власта и опозицијата се договорија – Антикорупциска ќе има увид во банкарските сметки на функционерите

Прашањето за директен увид во сметките на носителите на јавни функции е затворено, Државната комисија за спречување  корупцијаа ќе има...

Македонија22 часа

Избега еден од осудените напаѓачи на Села, распишана е потерница

Никола Војминовски, кој е осуден на 13 и пол години затвор за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села на...

Економија23 часа

И официјално заврши стечајот за „Фени“, апелација ги одби жалбите

Судот во Велес денес соопшти дека е правосилно одобрен планот за реорганизација на „Фени индустри“ од Кавадарци со што и...

Македонија23 часа

Меѓународна криминална група осомничена за кражби од сефови во македонски банки

Обвинителството отвори истрага против седум лица, и тоа четворица државјани на Украина и по еден државјанин од Молдавија, Казахстан и на...

Македонија1 ден

(Видео) Анкета: Џабе ни е јазикот кога младите си заминаа во странство

„Џабе ни е двојазичност кога младите континуирано бегаат од државата. Заев само зборува, зборува на празно, каде е таа плата...

Македонија1 ден

Три илјади анкетни листови за имотот на функционерите заглавени во антикорупциската комисија

Повеќе од 60 претставки за корупција и триесетина предмети за судир на интереси стојат во фиоките на Државната комисија за...

Македонија1 ден

(Фото) Олимпија фати морбили

Посине споменикот на мајката на Александар Македонски, Олимпија, која се наоѓа на плоштадот Карпошово востание. На спомениците на Олимпија и...

Досие