Контакт

Бизарно

(Видео) Штркот Роки стана домашно милениче, доаѓа кога ќе го повикаат и им јаде од рака

Објавено пред

Еден штрк стана домашно милениче на жителите на Михајловац кај Неготин, Србија, според zamedia.rs. Тие го чуваат и пазат со години, па дури и кога кратко ќе одлета во Романија, брзо се враќа на своите сопственици во Михајловац.

Роки првпат бил спасен од Станое Ристиќ, кој го здогледал на салашот уште кога бил млад. Тој го фатил и го однел дома, го хранел со риба во која ставал антибиотик, а потоа го учел да лета. До есента тој зајакнал и почнал да лета, раскажува Ристиќ.

Подоцна повторно го нашле повреден на пат, и тогаш бил спасен од Милорад Мариќ.

„Имаше некои јадици на патот, и тој влезе во нив. Му ги извадивме јадиците, го мачкавме со маст и така тој оздрави. Сега е постојано тука. Се одѕива на повикот Роки. Единствено не се знае дали е мажјак или женка“, вели Мариќ.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Бизарно

(Видео) Покојникот се јавил од ковчегот, ужалените се насмеале до солзи

Објавено пред

Пријатели и роднини се собрале во ирскиот град Килкени за погребот на Шеј Бредли (62), ветеран на ирската војска. Додека тажната поворка го гледала спуштањето во гробот на неговиот ковчег, со звуците на гајдите, слушнале гласно чукање.

„Здраво, здраво? Пуштете ме надвор, каде сум“, одеднаш се слушнал гласот на Бредли. Изгледало како да доаѓа од затворениот ковчег.

„Пуштете ме да излезам! Овде е темно!“, продолжил да вика.

Потоа почнал да пее, „Здраво, здраво, повторно. Се јавив само за да кажам збогум!“

Неговите најблиски тогаш почнале да се смеат. За разлика од другите учесници во поворката, тие знаеле дека станува збор за аудиоснимка што Шеј ја снимил една година пред да умре. Неговата последна желба била да се пошегува со пријателите, кои по првичниот шок, си отишле од погребот со насолзени очи од смеа.

„Тој сакаше неговата сопруга да не жали многу, туку да ѝ предизвика насмевка на лицето. Неговата порака беше дека треба да се прослави неговиот живот, а не да се тагува“, изјавила ќерка му Андреа за „Хафпост“.

Прикажи повеќе...

Бизарно

Грчки полицаец си го заборавил службениот пиштол во кафуле

Објавено пред

Грчки полицаец во атинско кафуле си ја заборавил чантата во која се наоѓал службениот пиштол, па сопственикот на кафулето преку бројот за итни случаи на полицијата го пријавил настанот и побарал да го најдат полицаецот, објавија грчките медиуми.

Според нивните информации, полицаецот не само што го заборавил службеното оружје во кафулето во центарот на Атина туку не се ни вратил да го побара.

„Ве молам, ќе можете ли да го најдете и да го известите полицаецот што си ја заборави чантата со службениот пиштол овде, да дојде да ја земе?“, рекол сопственикот на кафулето во телефонскиот повик до полицијата.

Медиумите пишуваат дека ова е еден од неколку случаи на изгубени или украдени службени пиштоли на полицајци во изминатиот период.

Прикажи повеќе...

Бизарно

(Видео) Тепачка за ,,Патики на Исус“ со мирис на темјан кои чинат 3 000 долари

Објавено пред

MSCHF, компанија со седиште во Бруклин, на пазарот пушти во продажба патики кои ги нарече Jesus shoes (Патиките на Исус), кои и покрај високата цена на продажба од 3.000 долари, се распродадоа за рекордно време.

Станува збор за преработена верзија на патиките Најк Air Max 97s со христијански симболи – крст и света вода. Тие имаат света вода од реката Јордан и се осветени од свештеник, пишуваат медиумите. Крстот, пак, е ставен врвките на десната патика.

Патиките имаат и мирис на темјан, еден од подароците што тројцата свети кралеви му ги донеле на Исус кога се родил.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Турција ги предупреди САД: Исполнете ги своите обврски или ја обновуваме операцијата во Сирија

Турскиот министер за одбрана, Хилуси Акар изјави дека турската војска е подготвена да ја обнови операцијата „Извор на мир“ во...

Свет4 часа

Џонсон: Предлог законот за брегзит ќе го испратам во парламентот идната недела

Британскиот премиер Бори Џонсон им порача на пратениците дека од Брисел нема да бара ново одлагање. Тој треба да побара...

Свет5 часа

Одложено конечното решавање на брегзит

Британските пратеници усвоиjа амандман со кој се бара одложување на гласањето за договорот за брегзит. За одлуката за пролонгирање на...

Топ5 часа

Во стан во Карпош пронајден мртов маж

Во стан на ул.„Вич“ во скопската населба Карпош, вчера утрото бил пронајден починат 54-годишнен маж, М.Ш., соопшти МВР. По наредба...

Македонија7 часа

(Видео) Мицкоски: Очекувам да се договориме за избори, ако Заев не се премисли

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вели дека очекува утре на лидерската средба да биде постигнат договор за предвремени парламентарни избори,...

Македонија10 часа

(Видео) Заев предлага предвремени избори што е можно побрзо

Премиерот Зоран Заев предлага одржување на предвремени парламентарни избори што е можно побрзо. Во своето прво обраќање откако Европската Унија...

Вести10 часа

(Видео) Вонредна состојба во Чиле по насилните протести поради поскапувањето на јавниот превоз

Чилеанскиот претседател, Себастијан Пинера, прогласи вонредна состојба во Сантијаго откако во градот со шест милиони луѓе синоќа избувнаа немири во...

Македонија10 часа

Инспекциски надзор во училиштето во Гостивар каде учениците ја поздравија воената операција во Сирија

Во основното училиште „Мустафа Кемал Ататурк“ во Гостивар, каде што учениците со војнички поздрав ја поздравија турската офанзива во Сирија,...

Македонија10 часа

Измама во ФК Куманово 1903, претседателот затаил данок од речиси милион денари

Полицијата поднесе кривична пријава против претседателот на правното лице „Фудбалски клуб Куманово 1903“, против сметководителка и против правното лице Здружение...

Свет11 час

Почна најдолгиот лет во светот, научници го следат однесувањето на патниците

Авиокомпанијата „Квантас“ вчера вечер го почна најдолгиот комерцијален лет во светот што ќе ги поврзе Њујорк и Сиднеј и ќе...

Економија12 часа

Светска банка ќе даде поддршка од 120 милиони долари за финансирање на пет проекти

Светска банка ќе даде поддршка од околу 120 милиони долари за финансирање на пет проекти со кои ќе се подобри...

Европа12 часа

(Видео) Полицијата ја презеде контролата над улиците во Барселона, уапсени 27 лица

Каталонската и шпанската полиција ја презедоа контролата над улиците во Барселона и другите каталонски градови по синоќешните насилни протести. Полицијата...

Македонија13 часа

САД: Разочарани сме од одлуката на ЕУ за Северна Македонија

САД изразија разочараност затоа што Европскиот совет не додели датум за преговори за Северна Македонија и за Албанија.Стејт департментот наведува...

Спорт23 часа

Батистута повторно на операција: Ги молев лекарите да ми ги ампутираат нозете

Аргентинската фудбалска легенда, Габриел Батистута открива дека ги молел лекарите да му ги ампутираат нозете по големите проблеми со повредите...

Македонија1 ден

Хелсиншки бара казна за училиштето во Гостивар каде деца со војнички поздрав ја поддржаа офанзивата во Сирија

Хелсиншкиот комитет остро го осудува злоупотребувањето на учениците од гостиварското основно училиште Мустафа Кемал Ататурк за политички цели. На 17.10.2019...

Македонија1 ден

Ципрас: Понекогаш европските вредности се посилни на Балканот, отколку во Европа

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас го осуди фактот дека лидерите на земјите-членки на ЕУ не успеаја да се постигнат согласност...

Култура1 ден

Министерството за култура го осуди вандализмот, бара да се заштити Аквадуктот

Министерството за култура енергично го осудува вандалскиот чин на оштетување на Аквадуктот, коj е дел од културно наследство, при што...

Македонија1 ден

(Видео) Интервју со Села: 18 години не одговарал ниеден функционер од ДУИ

Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, во интервју за „Макфакс“ рече дека не може да се оочекува ЕУ да...

Македонија1 ден

Влада: Во тек се консултации, Заев носи одлуки во интерес на граѓаните и државата

Во тек се интензивни консултации после заклучоците на Европскиот совет, премиерот Зоран Заев носи одлуки водејќи се исклучиво од интересите...

Македонија1 ден

Лидерската средба ќе се одржи в недела во вилата на Водно

На иницијатива на претседателот Стево Пендаровски, в недела – 20 октомври во кабинетот на претседателот во „Вилата Водно“, со почеток...

Досие