Контакт

Забава

(Видео) Јапонски остров на кој зајаците некогаш биле убивани, а денес се најмногубројни жители

Објавено пред

Oкуношима е мал јапонски остров, познат по своите кампови, пешачки патеки и места од историско значење. Сепак, најпознат е по големиот број диви зајаци што се движат слободно насекаде на островот, па локалните жители често го нарекуваат остров на зајаците.

Многу од нив потекнуваат од зајаците што биле донесени на островот по завршувањето на Втората светска војна кога тој бил претворен во парк. Во текот на војната зајаците на Oкуношима биле користени за експерименти, при што на нив биле тестирани разни видови хемиско оружје. Тие зајаци биле убиени при уништувањето на хемиската лабораторија и не се поврзани со зајаците што денес живеат на островот. Ловот е забранет, а на копното не се дозволени кучиња и мачки.

Во 2015 година Би-би-си презентира кратка телевизиска серија наречена „Миленичиња – диви во срцето“, во која е прикажано однесувањето на домашните миленици вклучувајќи ги и зајаците на овој остров.

Тогаш биле снимени и туристи кои на островот доаѓаат да ги хранат зајаците, кои воопшто не се плашат од луѓето и со радост им се приближуваат.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Трамп го поздрави враќањето на Меланија од болница и го згреши нејзиното име

Објавено пред

Од

Американскиот претседател, Доналд Трамп, го поздрави враќањето од болница на првата дама во Белата куќа, но на Твитер погрешно го напиша нејзиното име.

„Одлично е што нашата исклучителна прва дама се врати дома, во Белата куќа. Меланије се чувствува добро. Им благодарам на сите за молитвите и добрите желби“, напишал Трамп на социјалната мрежа. Неколку минути подоцна, претседателот ја коригирал грешката, па напишал „Меланија“ наместо „Меланије“.

Првата дама на САД беше во болница пет дена поради мал хируршки зафат на бубрезите. Белата куќа соопшти дека таа била во Медицинскиот центар „Волтер Рид“ во близина на Вашингтон.

Инаку, претседателот неколку пати ја посетил својата 48-годишна сопруга за време на нејзиниот престој во болницата.

Прикажи повеќе...

Естрада

(Фото) Концертот на Балашевиќ ги наполни трибините во салата „Борис Трајковски“

Објавено пред

Од

Легендарниот пејач и кант автор, Ѓорѓе Балашевиќ, ги наполни буквално сите трибини на салата „Борис Трајковски“.

На бината се појави во свој стил, а за почеток за публиката ја отпеа песната „Бранов бал“ од албумот кој го издаде во 2017 година.

Публиката е на нозе, а Балашевиќ ветува вистинска концертна забава.

Прикажи повеќе...

Забава

На Американец му се закануваат 12 години затвор поради кражба во износ од 40 долари

Објавено пред

Од

На маж од САД му се закануваат 12 години затвор за кражба од 40 долари. Кертис Лоусон на 26 декември 2016 година дошол во продавница на „Волмарт“, во Тенеси, на југот од Америка. Со него имал сметка во вредност од 39,57 долари од претходно пазарење во текот на месецот, но работите за него тргнале во непосакувана насока.

Имено, Американецот во кошницата ги имал истите производи што ги купил и претходно – детергент за миење садови, паста за заби и женски фармерки. Тој сакал да ги врати со прикажување на сметката и назад да добие 39,57 долари. Меѓутоа, Лоусон всушност се обидел да ги измами продавачите дека враќа веќе купени производи, што не ги ни купил, пренесува британски „Гардијан“.

Неговата измама била регистрирана благодарение на надзорните камери, па тој веднаш бил фатен и пријавен по што признал сè.

Потоа бил приведен во полиција и ставен во затвор со кауција поставена на 2 500 долари, а поради ваквиот обид за кражба може да се соочи со затворска казна од 12 години. Лоусон веќе ѝ е познат на полицијата за сообраќајни прекршоци, консумирање опијати и кражби.

Во Тенеси, како и во многу други сојузни американски држави, кражбата под 1 000 долари се карактеризира како прекршок, но во последниве години окружното обвинителство ги гони измамниците како Лоусон под статут легално дефиниран како „незаконско и свесно влегување во објект без согласност на сопственикот и вршење кражба“.

Интересно, Лоусон бил уапсен пред четири години за крадење градници од други продавници на „Волмарт“ и тогаш му бил забранет пристапот во сите продавници од овој трговски синџир, што значи дека по тоа немал дозвола да стапне во  кое било вакво продажно место. Во моментов, Американецот сé уште чека сослушување и пресуда.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Во четврток нова средба за името со медијаторот Нимиц во Њујорк

Во четврток и петок ќе се одржи нова средба за името во Њујорк со медијаторот Метју Нимиц. Како што информира...

Македонија2 часа

Поради спор со името, ПСК „Чеплес“ четири години одбиван за членство во Федерацијата на планинари

Планинарскиот спортски клуб (ПСК) „Чеплес“ од Велес четири години се обидува да стане член на Федерацијата на планинарски спортови на...

Македонија3 часа

Шекеринска: Со Илинденска Македонија покажуваме дека ниту сме имале ниту ќе имаме територијални претензии

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска смета дека предлогот Република Илинденска Македонија е решение со кое сите од процесот...

Македонија7 часа

Република Илинденска Македонија е име со временска одредница, му реплицираат од Владата на Ципрас

Република Илинденска Македонија е име со временска одредница кое се повикува на конкретни датуми од минатото и е реална можност...

Македонија9 часа

Грчките политички лидери не го прифаќаат предлогот за решавање на спорот за името

Грчката влада соопшти дека предлогот за решавање на спорот околу името на Македонија треба да содржи географскa или временска одредница....

Македонија1 ден

(Видео) Иванов: Став за новиот предлог ќе изградам откако ќе го добијам на писмено

Се додека не добијам писмена достава за она што се разговарало на средбите помеѓу Македонија и Грција во врска со...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа промена на името и Уставот

ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот од минатото дека нема да поддржи промена на Уставот и промена на уставното име, рече лидерот...

Македонија1 ден

(Видео) Република Илинденска Македонија е предлогот за името

По денешната лидерска средба премиерот, Зоран Заев, во изјава за медиумите обелодени дека предлогот за кој разговарале со неговиот грчки...

Македонија1 ден

(Видео) Угриновски по трет пат избран за претседател на Федерацијата на планинари

Јовица Угриновски попладнево по трет пат е избран за претседател на Федерацијата на планинари.  Тој беше единствен кандидат за оваа...

Македонија1 ден

Мицкоски: Да се обединиме против злото, а тоа е Зоран Заев

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги искористи сите алатки кои што му стојат на располагање да се бори против оваа ненародна власт и...

Македонија1 ден

Група граѓани со транспаренти и патриотски песни ги пречекуваат учесниците на лидерската средба

Група граѓани со транспаренти и пеејќи патриотски песни ги пречекуваат лидерите на партиите кои денеска попладне во Клубот на пратеници...

Свет1 ден

(Во живо) Кралската свадба на принцот Хари и Меган

Меган Маркл официјално ќе стане дел од британското кралско семејство. Церемонијата ќе се одржи напладне во Сент Џорџ капелата и...

Свет1 ден

(Видео) Сe е подготвено за спектакуларната кралска венчавка 

Камерите и фотоапаратите на светските медиуми викендов се свртени кон најголемиот настан за кралското семејство, венчавката на принцот Хари и...

Економија2 дена

(Видео) Тасева обвини дека проблемот во „Фени“ е поголем од оној во „Скопје 2014“, бара државните институции да го испитаат

Стечајната судијка на „Фени“ направила формална повреда на Законот за стечај оти не го отфрлила планот за реорганизација на комбинатот...

Култура2 дена

Петиција против пазарењето со културата – Не шуткајте нè во невидливи ќошиња

Интензивни реакции на социјалните мрежи по шпекулациите дека Владата преговара со Беса за ресорот култура. Оваа информација не ја потврдија...

Македонија2 дена

Грујевски и Бошкоски нема да бидат екстрадирани, одлучи Врховниот суд во Атина

Горан Грујевски и Никола Бошкоски нема да бидат екстрадирани во Македонија за да им се суди за децениското нелегално прислушување. Врховниот...

Македонија2 дена

Од Владата не коментираат за Република Илинденска Македонија

Република Илинденска Македонија неофицијално е последниот предлог за решение на спорот за името за кој вчера во Софија дискутирале премиерите...

Македонија2 дена

„Катимерини“: Името Илинденска Македонија е предлог на ФИРОМ

Името Илинденска Македонија (што означува два историски настана од 1903 и 1945 година), според информациите што доаѓаат од страна на...

Македонија2 дена

Јанушев: Итна лидерска средба за името, Заев да каже кои се опциите што ги договорил со Ципрас

Од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека изминатите денови неколкупати јавно побарале од премиерот Заев одржување лидерска средба во врска со името, но...

Македонија2 дена

Каракачанов: Едно од можните решенија е Илинденска Македонија

Илинденска Македонија е едно од можните имиња за Македонија кое било договорено вчера меѓу премиерите на Македонија и Грција. Слушнав...

Досие