Забава
(Видео) Џенифер Анистон го откри вистинското име на Рис Витерспун по 25 години пријателство
Џенифер Анистон и Рис Витерспун се пријателки и колешки со децении, но се чини дека сè уште има работи што не ги знаат една за друга. Анистон беше во целосен шок кога го дозна вистинското име на својата колешка за време на неодамнешно интервју.
Двете, кои играа сестри во култната серија „Пријатели“, а сега се колешки во популарното „Утринско шоу“, дадоа заедничко интервју за LADBible. Во еден момент Анистон доби задача да го каже средното име на Рис Витерспун, но наместо тоа, го научи нејзиното целосно име.
„Јас сум Лора Џин“, откри Витерспун. „Тоа е моето вистинско име, да“.
Реакцијата на Анистон беше непроценлива. „Лора?!“, извика таа со неверување, а Витерспун се расплака од смеа. „Која е Лора? Што! Која е, по ѓаволите, Лора?“, продолжи Анистон шокирана.
„Отсега нема да те викам така“, додаде ѕвездата на „Пријатели“. „Ајде, Лора Џин! Од каде е Рис?“
Витерспун потоа разјасни дека нејзиното целосно име е Лора Џин Рис и дека Рис е, всушност, нејзиното средно име, кое секогаш го користела. Потоа ја праша Анистон за нејзиното средно име, кое е Џоана.
Рис Витерспун не е единствената ѕвезда што ја изненади јавноста со своето вистинско име. Актерот Вил Ферел го откри своето целосно име уште во 2020 година за време на интервју со Џејмс Корден правилно предвидувајќи дека информацијата ќе стане вирална.
„Добро, еве го. Подгответе се. Вирален момент, токму тука“, објави тој тогаш. „Џон Вилијам Фарел. Тоа е она што го пишува на пасошот“, рече тој додавајќи дека татко му понекогаш го нарекува ЏВ.
Целосното име на Том Круз е Томас Круз Мапотер IV. Иако пократкото име звучи попаметно и посоодветно за Холивуд, главната причина за промената е многу лична и тажна. Круз сакаше да се дистанцира од својот татко кого го опиша во интервју за списанието Parade во 2006 година како насилник и извор на хаос.
фото: принтскрин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Страст, храброст и нови почетоци: Четири хороскопски знаци ќе доживеат голема среќа во љубовта
Доаѓа Полна Месечина во знакот Лав, која носи силна космичка енергија и интензивни љубовни случувања. Според астрологинката Лиса Стардаст, овој период буди храброст, страст и желба, а емоционалните врски стануваат подиректни и полесни.
Најголеми промени на љубовен план ќе почувствуваат четири хороскопски знаци:
Лав – Полна Месечина е во вашиот знак и ви носи зголемена популарност. Слушајте ја интуицијата и бирајте само искрени и здрави односи.
Водолија – Време е да ги спуштите ѕидовите. Ако некој ви се допаѓа, направете чекор напред и бидете искрени.
Вага – Љубовната среќа ви е наклонета. Поканете ја симпатијата на средба и оттурнете ги луѓето кои не ве инспирираат.
Шкорпија – Во центарот на вниманието сте. Прифатете ја наклонетоста и обидете се вистински да ја запознаете личноста спроти вас.
Забава
Бед Бани го откри вистинското значење на бројот 64 на неговиот дрес на Супербоул
Бед Бани не само што го стави Порторико во центарот на вниманието на најголемата можна сцена, туку донесе и дел од неговата семејна историја на Супербоул. Кога излезе на теренот на стадионот Левис, обожавателите веднаш забележаа детаљ на неговиот дрес: бројот 64.
Корисниците на Интернет, како што се очекуваше, почна да нагаѓаат: некои тврдеа дека бројот е почит кон неговата мајка, други го поврзаа со албумот „El Último Tour del Mundo“. Но, објаснувањето е многу по лично.
Претставници на 31-годишниот порторикански музичар испратија соопштение до USA TODAY, откривајќи дека бројот 64 е во чест на неговиот чичко Кутито, брат на неговата мајка, кој е роден во 1964 година. Бед Бани, исто така, рече дека научил „она малку“ што го знае за НФЛ од својот чичко, бидејќи ги гледале натпреварите заедно со години.
Чичко му бил голем обожавател на Сан Франциско 49, а починал пред две години, кратко откако 49ерс го загубија Супербоулот во 2024 година. Бед Бани вели дека отсекогаш сонувал да го однесе на Супербоул, но никогаш не успеал да го направи тоа, па затоа сега го однел на свој начин, преку неговиот дрес: неговото презиме Окасио и неговата година на раѓање, 64.
„1964 е годината кога е роден мојот чичко Кутито, братот на мајка ми. Она малку што го знам за НФЛ, го знам благодарение на него. Кога бев дете, ги гледав натпреварите со него бидејќи тој нè посетуваше кон крајот на јануари или почетокот на февруари, точно на средина од плејофот. Тој беше луд по 49ерс. Почина пред две години, кратко по Супербоулот во 2024 година. Отсекогаш сонував да го однесам на Супербоул, но никогаш не успеав. Па затоа решив да го направам овој настап негов: ОКАСИО, неговото презиме и 64, неговата година на раѓање. Сигурен сум дека гледал и бил горд.“
фото/епа
Забава
Едноставен појадок полн со витамини
Начинот на кој го започнуваме денот има големо влијание врз нашата енергија и концентрација. Еден од наједноставните чекори за подобро утро е да ги земате вашите витамини во првите неколку часа од денот.
Ова вкусно смути е совршено кога немате многу време и сакате брз, здрав и хранлив појадок или ужина.
Состојки
1 црвено јаболко
1 банана
половина чаша јогурт
половина чаша млеко,
20 бадеми
четвртина лажичка цимет
1-2 коцки мраз.
Подготовка
Ставете ги млекото и јогуртот во блендер, додадете го овошјето исечено на парчиња, цели или мелени бадеми и цимет и блендирајте сè заедно околу триесет секунди додека не добиете густа смеса.
Наместо мраз, можете да користите замрзната банана.
фото/Depositphotos

