Контакт

Hitech

(Видео) Серијата самсунг галакси С10 официјално претставена во Македонија

Објавено пред

Трите уникатни уреди од галакси С серијата на мобилни уреди – S10, S10+ и S10e кои пристигнуваат со првиот динамичен АМОЛЕД-екран, камера од новата генерација и интелигентни перформанси, од 8 март ќе бидат достапни на македонскиот пазар. Новите паметни телефони од серијата S  поставуваат нови стандарди и се создадени за корисници кои сакаат врвни мобилни уреди со моќни перформанси. Сите заинтересирани уредите ќе може да ги набават кај овластените продажни партнери на Самсунг и мобилните оператори.

Уредите од  серијата галакси С10 ќе бидат достапни во Македонија во неколку бои: Призма црна, призма бела, призма сина и интензивно жолта. Дополнително, заинтересираните за Galaxy S10+ ќе може да одберат од два сосем нови, премиум модели: Керамичко црна и керамичко бела. Препорачаните продажни цени за овие мобилни уреди се движат од 54.999 денари за Galaxy S10 (128GB), односно 69.999 денари за Galaxy S10 (512GB), 60.999 денари за Galaxy S10е (128GB), 75.999 денари за Galaxy S10+ (512GB), 97.999 денари за Galaxy S10+ (1TB) и 44.999 денари за Galaxy S10е.

„Серијата паметни телефони Галакси С10 е навистина посебна за нас како Компанија. Создадена е за да може да ги исполни специфичните потреби на денешниот пазар на паметни телефони. Во овие уреди е втемелена цела деценија на врвни иновации. Галакси С10 уредите се приказ на нашата заложба за динамична, храбра и светла иднина. Секој од новите уреди носи револуционерна иновација за екранот, камерата и перформансите. Создадени за потребите на различни корисници, претставуваат вистински избор без разлика за кој ќе се одлучи корисникот. С10 уредите имаат елегантен изглед и пристигнуваат со технологии кои за прв пат се имплементирани во уреди или се целосно практични за корисникот. Уверен сум дека ова е ново поглавје кога станува збор за револуционерни технологии“, истакна Милан Вујович, директор на Секторот за маркетинг во компанијата „Самсунг“ за Адриатик регионот.

Галакси С10 уредите го имаат првиот динамичен АМОЛЕД-екран со HDR10+ сертификат кој создава живописни бои и извонреден контрастен сооднос за уште подлабоки темни нијанси и уште посветли светли нијанси. Екранот, пак, пристигнува со првиот ултрасоничен скенер за отпечатоци сместен на самиот екран, кој ги вчитува 3Д-контурите на физичкиот отпечаток на корисникот, наместо 2Д-сликата од отпечатокот, што претставува поголема заштита и безбедност за корисникот. Уникатниот Innity-O екран на галакси С10 пристигнува со низа сензори и технологија за камера сместена во отвор на екранот, овозможувајќи им на корисниците на овој начин да ја зголемат работната површина на екранот без дистракции.

За првпат воведена во S серијата на паметни телефони, камерата со ултра широк објектив создава можност за сликање на која било сцена во видно поле од 123 степени. Покрај Ултра Широката камера совршена за сликање на панорама, S10 уредите имаат и телефото камера со неверојатни можности за зумирање, како и широкоаголна камера за зачувување на секојдневните моменти. Galaxy S10+ пристигнува со три задни и две предни камери, Galaxy S10 има три задни и една предна камера, додека пак Галакси С10е пристигнува со две задни и една предна камера. Двојниот објектив, поставен на задната широкоаголна камера, е направен за да го прилагодува и оптимизира осветлувањето на поддржаните режими за фотографирање – F1,5 и F2,4. Стабилизираното снимање е овозможено преку технологијата за дигитално стабилизирање без разлика на ситуацијата – Super Steady. И предната и задната камера може да снимаат до UHD квалитет, а прв пат во оваа индустрија, задната камера овозможува снимање со HDR10+ квалитет.

Камерата на галакси С10 уредите е уште поинтелигентна благодарение на функцијата за обработка на податоци Scene Optimizer, како и функцијата Shot Suggestion. Со овие функции корисниците може мануелно да ги селектираат напредните поставки, додека камерата сугерира што корисникот да снима и
овозможува автоматски препораки за композицијата, за подобро врамување на сликата.

Галакси С10 е создаден со врвен хардвер и софтвер базирани на машинско учење. Од комплетно нови можности за споделување на енергијата, до подобрени перформанси на вештачка интелигенција и интелигентен Wi-Fi, галакси С10 претставува најпаметниот Самсунг уред досега.

Со функцијата безжично споделување на енергија се овозможува лесно полнење на паметни телефони кои имаат Qi-сертификат, како и полнење на компатибилни уреди за носење. Воедно, уредот може да се полни и сам, но и да полни други уреди додека е ставен на обичен полнач. Новиот софтвер за вештачка интелигенција автоматски ги оптимизира батеријата, процесорот, РАМ-меморијата и температурата на уредот врз база на тоа како се користи телефонот. Галакси С10 има интелигентна безжична поврзаност која овозможува непрекината и безбедна конекција со беспрекорен премин од Wi-Fi кон LTE и обратно, воедно известувајќи го корисникот за потенцијално ризични безжични конекции и поддржувајќи го новиот Wi-Fi 6 стандард. Преку брзото безжично полнење 2.0 (Fast Wireless Charging 2.0), галакси С10 се полни за 29% побрзо од Ноут9 (Note9) и 33% побрзо споредено со С9 (S9).

Како дел од галакси С10 серијата на уреди, интелигентната платформа Бигзби (Bixby) ги автоматизира навиките и обезбедува персонализирани препораки. Дел од карактеристиките на овие уреди се отпорноста на вода и прашина – дел од стандардот IP68, услугите како Самсунг здравје (Samsung Health) и Самсунг декс (Samsung DeX). Галакси С10+ пристигнува со 1 Терабајт меморија и можност за додавање на микро СД-картичка со дополнителни 512 гигабајти, што вкупно создава простор за користење од 1,5 терабајт. Со помош на безбедносниот систем Самсунг нокс (Samsung Knox), со стандарди за безбедност на ниво на одбранбени сили, галакси С10 поседува безбеден простор за зачувување податоци.

Корисниците може однапред да ги нарачаат мобилните уреди галакси С10, галакси С10+ и галакси С10е. Оние кои ќе ги нарачаат галакси С10 и галакси С10+ во одреден временски период, бесплатно ќе ги добијат новите галакси бадс (Galaxy Bads), безжични слушалки на Самсунг. За дополнителни информации за галакси С10 серија, посетете ја веб-страницата.

Никола Бурагев

Hitech

ФБИ предупредува: Паметните телевизори може да ве шпионираат

Објавено пред

Во сезоната на големи попусти на крајот од годината и од Црниот петок наваму, електронските уреди се особено барани, а меѓу нив сe и т.н. паметни телевизори.

Сепак, ваквите телевизори, бидејќи за разлика од обичните овозможуваат поврзаност со интернет, се особено ранливи. На тоа предупредува дури и американското ФБИ.

Во новата објава на блогот на преставништвото на ФБИ во Орегон се објаснува дека интернет-врската на телевизорот, иако овозможува пристап до популарни платформи за стриминг, како што е „Нетфликс“, исто така им овозможува на хакерите да влезат во вашиот дом преку незаштитен телевизиски уред, а потоа да дојдат и до вашиот интернет-рутер.

„Хакерите можат да ја преземат контролата врз вашиот незаштитен телевизор. На долниот дел од спектарот за ризик тие можат да менуваат канали, да си играат со јачината на тонот и да им прикажуваат на вашите деца несоодветни видеа. Во најлош случај, тие можат да ги вклучат камерата и микрофонот на вашиот телевизор во спалната соба и да ве шпионираат“, пишува ФБИ во предупредувачкиот текст.

Во своето предупредување, ФБИ исто така истакнува и некои корисни совети за да помогне за заштита на паметните телевизори:

– Знајте ги сите опции на вашиот телевизор и како да ги контролирате. Пребарувајте на интернет со бројот на моделот на вашиот телевизор, особено за контролите на микрофонот, камерата и опциите за приватност.

– Не потпирајте се на поставките за безбедност кои се наместени како стандардни. Променете ги лозинките и научете како да ги исклучите камерата, микрофонот и опцијата за прибирање на ваши лични информации доколку е тоа возможно. Ако не можете да ги исклучите, размислете дали сте подготвени да ризикувате со купување на тој модел или со користење на ваквите услуги.

– Ако не можете да ја исклучите камерата, но не сакате да ве следат преку неа, залепете непроѕирна леплива лента преку леќите.

– Проверете ја можноста вашиот уред да го надградите со нови безбедносни ажурирања. Дали може тоа да се направи и дали веќе сте го правеле во минатото?

– Проверете ја политиката за приватност на производителот на вашиот телевизор и услугата за стриминг што ја користите. Потврдете кои информации сакате да ги направите јавно достапни и како истите можат да се користат.

Прикажи повеќе...

Hitech

Директор управува со компанија вредна 143 милијарди долари преку телефон, нема ниту компјутер

Објавено пред

Главниот извршен директор на Salesforce, Марк Бениоф, има изградено огромна успешна технолошка компанија, која во голема мера е одговорна за воведување на идејата за софтвер како услуга (SaaS).

Неговиот водечки софтвер Sales Cloud го користат милиони стручњаци за продажба во повеќе од 100.000 компании вклучувајќи и некои од најголемите компании во светот. Оваа компанија генерира годишен приход над 13 милијарди долари и вреди приближно 143 милијарди американски долари.

Секоја година илјадници клиенти на Salesforce присуствуваат на годишната конференција на компанијата, што се одржува во Сан Франциско. На годинешната конференција Бениоф спомна нешто што е можеби најинтересно за водењето на компанијата. Верувале или не, тој прави сè од својот „Ајфон“.

Во интервју со извршниот директор на „Епл“, Тим Кук, Бениоф рече дека воопшто не поседува компјутер.

„Телефонот навистина стана замена за мојата канцеларија. Каде и да сум, ако имам телефон, можам да работам“, рече тој.

Иако можеби звучи неверојатно дека некој може да управува со компанија вредна 143 милијарди долари од својот телефон, очигледно не е невозможно. Бениоф не е единствениот претприемач што признава дека неговиот мобилен телефон е неговата најважна алатка за бизнисот. Извршниот директор на „Твитер“, Џек Дорси, еднаш изјави дека повеќе не го користи компјутерот.

Прикажи повеќе...

Hitech

(Видео) Американската полиција тајно тестира кучиња роботи

Објавено пред

Неодамна во САД се дозна дека полицијата во своите акции тајно тестирала хај-тек кучиња роботи поради што реагираа организациите за човекови права.

Кога државната полиција во Масачусетс објави видеодемонстрација на тест на кучеторобот, наречено Спот, Американската унија за граѓански слободи (ACLU) упати јавно барање до компанијата „Бостон динамикс“ да обелодени колку долго се користи овој вид технологија од страна на полицијата.

Организацијата од свои извори има податоци дека полициските кучиња роботи, способни да отворат врати и да избегнуваат друг вид пречки, веќе биле користени за време на неколку акции, пренесува „Индипендент“.

„Владата често почнува да користи нова технологија пред да може да реагираат социјалните, политичките или правните системи“, велат од ACLU.

„Итно ни треба поголема транспарентност од владините агенции, чија должност треба да биде да ја известат јавноста за плановите за тестирање и спроведување нови технологии“, се додава во соопштението на организацијата.

Според информациите што во ACLU ги добиле од „Бостон динамикс“, државната полиција склучила договор со таа компанија и било договорено тестирање кучиња роботи од 7 август до 5 ноември.

Сепак, полицијата во соопштение порача дека таа го користела Спот само во два наврата.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија7 часа

(Видео) Деспотовски: Одговорноста за грантовите на Ласкова и на Анѓушев е моја, не избегав ни тогаш ни сега

На сите 320 фирми што досега добиле грантови од Фондот за иновации може да им се залепат етикети дека се...

Македонија8 часа

Одбиено барањето за апанажа на Катица Јанева

Членовите на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата едногласно го одбија барањето за апанажа на поранешната специјална јавна...

Македонија8 часа

(Видео) Камчев: Филипче ми e пријател и немаше никакви бизнис-зделки со Боки 13

Бизнисменот Орце Камчев по судењето за „Рекет“, запрашан за врските меѓу него и министерот за здравство, Венко Филипче, не сакаше...

Македонија8 часа

Благајник си присвоил пари од касата на „Македонска пошта“

Благајник во подружница на „Македонска пошта“ во Гостивар противправно присвоил за себе парични средства во износ од 1.925.128 денари, кои му...

Македонија9 часа

(Видео) Максим Ацевски најприфатлив предлог за генералан државен ревизор

Пратениците едногласно го прифатија предлогот Максим Ацевски да биде избран за генерален државен ревизор. Предлогот беше усвоен со консензус, без...

Македонија10 часа

(Видео) Камчев: Алчноста на Катица за пари беше клучна во оваа работа

Бизнисменот Орце Камчев по денешното сведочење за случајот „Рекет“ откако излезе од судот уште еднаш потенцираше дека Бојан Јовановски, Катица...

Македонија11 час

На една од средбите меѓу Јовановски и Камчев бил и министерот Филипче

Бојан Јовановски во предметот за случајот „Рекет“ му поставува прашања на сведокот Орце Камчев во судницата. Јовановски го персира, додека...

Македонија12 часа

Боки 13 до Камчев: Oперациите вo „Систина“ не ви се успешни

Присутните се смееја во судницата на рочиштето за случајот „Рекет“ кога Бојан Јовановски почна да го испрашува сведокот Орце Камчев....

Македонија13 часа

Камчев: Не се само Катица и Боки 13, треба да има и други обвинети за „Рекет“

Веќе час и половина сведокот бизнисмен Орце Камчев го дава својот исказ во судот за случајот „Рекет“. Тој, освен кон...

Македонија14 часа

Боки 13 се пожали на здравствената состојба, судијката го опомена дека ќе го извади од судницата

Судијката Васка Николовска-Масевска му рече на обвинетиот Бојан Јовановски, алијас Боки 13, дека ќе го извади од судницата ако говори...

Свет16 часа

Франција втор ден парализирана поради штрајкот

Втор ден продолжува штрајкот во Франција. И денеска нарушен е јавниот превоз, а училиштата се затворени. Синдикатите најавија дека планираат...

Свет16 часа

Меркел во прва посета на Аушвиц, ќе донира 60 милиони долари за Меморијалот

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска за првпат ќе го посети Меморијалот Аушвиц-Биркенау, откако ја презеде функцијата пред 14 години. Меркел...

Свет16 часа

150 пожари ја пустошат Австралија

Пожарникари се обидуваат да ги стават под контрола 150-те пожари во Нов Јужен Велс додека силни ветрови го шират чадот...

Свет16 часа

Пентагон размислува да испрати неколку илјади војници на Блискиот Исток

Министерството за одбрана на САД размислува за дополнително распоредување на 4-7 илјади војници на Блискиот Исток за да се спротивстави...

Македонија17 часа

Во кривичниот суд пак ќе се оценува обвинението за организаторите на насилниот упад во Собранието

Во кривичниот суд по вторпат ќе се оценува обвинителниот акт за организаторите на насилниот упад во Собранието од 2017 година...

Свет17 часа

Туск: Брегзит е најтажното искуство за време на мојот мандат

Брегзит е една од најспектакуларните грешки во историјата на Европската Унија, вели Доналд Туск во интервју за „Гардијан“, што е...

Македонија17 часа

Продолжува судењето за „Рекет“, ќе сведочат Орце Камчев и неговата сопруга

Бизнисменот Орце Камчев и неговата сопруга Ана Камчева денеска треба да се појават во кривичниот суд во Скопје како сведоци...

Европа1 ден

Над половина милион луѓе протестираа во Франција, сообраќајот во колапс

Повеќе од 510.000 демонстранти излегоа на улиците на 70 града во Франција во знак на протест против најавените пензиски реформи...

Свет1 ден

САД со обвинение против руски хакери кои во своите операции украле над 100 милиони долари

Американските власти денеска покренаа обвинениe против лидерот на руската криминална група за компјутерски криминал позната како Evil Corp „Зла корпорација“...

Македонија1 ден

Спасовски: Жалам што Обвинителството немаше храброст да одреди притвори за инцидентот во „Александар палас“

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, изрази жалење што Обвинителството немало храброст да одреди притвори за осомничените за пукањето во...

Досие