Контакт

Забава

Викендичка под земја полна со вино

Објавено пред

Осумдесет и тригодишниот Иван Шафариќ со синовите и пријателите во 1977 година изградил подрум под земја и над него засадил лозје. Во овој подрум полн со вино сите сакаат да се веселат бидејќи нема сигнал за мобилен телефон и има одлична изолација.


foto: Robert Anic/PIXSELL

Скриениот подрум се наоѓа во близина на Чаковец во Меѓумурската жупанија во Хрватска. Сопственикот, освен што во него чува вино, скриено неколку метри под земја, често го користи и како викендичка, каде што гостите доаѓаат да уживаат и да се забавуваат.

Оваа градба е уникатна во целиот крај. Сопственикот вели дека често добивал понуди да му ја купат, но дека тој е решен да им ја остави на своите синови да уживаат во неа.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Медоу Вокер многу личи на својот покоен татко

Објавено пред

Медоу Вокер (20), ќерка на покојниот актер Пол Вокер, пред повеќе од една година ги напушти своите профили на социјалните мрежи, а сега повторно се врати и ги воодушеви обожавателите.

За својот природен изглед таа доби многубројни комплименти. „Убава си, исто како Пол“, „Ги имаш очите на татко ти“, „Ти си ангел“, се само некои од комплиментите што ги доби Медоу.

View this post on Instagram

Hi

A post shared by Meadow Walker (@meadowwalker) on

Кога Пол Вокер, кој стана познат во филмот „Брзи и бесни“, загина во ужасна сообраќајна несреќа во 2013 година, Медоу имаше само 14 години. Две години подоцна таа одлучи да се бори за правда. Таа поднесе тужба против „Порше“ обвинувајќи го германскиот производител на спортски автомобили за сообраќајната несреќа и смртта на нејзиниот татко.

Медоу на 18-годишна возраст потпиша договор со модната агенција Women Managemen под чија закрила работат некои од најпознатите модели на денешницата.

Прикажи повеќе...

Забава

Ќерката на Лионел Ричи објави фотографија во топлес

Објавено пред

Софија (20), ќерката на Лионел Ричи (70), на секои два-три дена објавува нова фотографија на својот инстаграм-профил. Горда на своето тело, таа смело ги покажува своите облини во костим за капење.

Но, отиде и чекор понатаму – се соблече топлес, а фотографијата ја воодушеви и милијардерката Кајли Џенер (21).

„Ти си совршена“, ѝ рече Кајли. За само дваесетина часа Софија доби половина милион лајкови и илјадници коментари од обожавателите.

Софија моментно одмора на островите Туркс и Каикос во друштво на Кајли и инфлуенсерката Анастасија Караниколау.

Прикажи повеќе...

Естрада

(Видео) Откажан концертот на Џенифер Лопез во Њујорк

Објавено пред

Поголем дел од Менхетен синоќа остана без струја, по што организаторите мораа да го откажат концертот на познатата пејачка Џенифер Лопез и безбедно да ја евакуираат публиката од салата „Медисон Сквер гарден“.

Повеќе од 70.000 домаќинства минатата ноќ останаа неколку часа без струја, поради пожарот кој избувна на 64. улица на Вест Стрит и Вест Енд.

Мракот настанал веднаш откако танчарите на пејачката излегле на сцената. Пејачката ја смирила публиката, по што организаторите наредиле евакуација. Лопез за настанот објави на „Инстаграм“ и најави дека ќе закаже нов концерт.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет11 минута

Татко и син отвориле фабрика за лажни ,,ламборџини” во Бразил

Татко и син се уапсени, откако е откриена нивната фабрика во која произведувале лажни автомобили од познатите марки „ферари“ и...

Свет17 минути

Во Шкотска најмногу починати од дрога

Во Шкотска минатата година од употреба на дрога починале 1.187 луѓе, што е за речиси 27 отсто повеќе отколку во...

Македонија10 часа

Земјотрес во Струмица, Валандово и околината

Земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала вечерва во 21 и 17 минути бил почувствуван во Струмица, Валандово...

Регион12 часа

Хакери украле податоци на милиони Бугари

Хакери украле лични и финансиски податоци на милиони бугарски граѓани. Тие насилно влегле во системот на државната даночна управа, соопшти...

Европа13 часа

Урсула фон дер Лејен е нова претседателка на Европската комисија

Европскиот парламент официјално ја избра германската демохристијанка Урсула фон дер Лејен за нова претседателка на Европската комисија, на местото на...

Свет13 часа

Трамп: Во мене нема ни трошка расизам

Претседателот на САД, Доналд Трамп, жестоко се бранеше дека не е расист по вербалниот напад на четири конгресменки. Но, неговите...

Македонија16 часа

Владата одобри 9 милиони денари за замена на системот за греење во студентскиот дом „Кузман“

На денешната седница Владата донесе одлука за одобрување средства од буџетот за 2019 година во висина од девет милиони денари...

Европа17 часа

Западна Грција ја погодија поплави

Властите во неделата евакуираа десетици граѓани од поплавените домови во западна Грција, само неколку дена по загинувањето седум лица во...

Македонија17 часа

(Видео) Стефанова: Јас не стравувам од новата истрага, а за Јанева не знам

Обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова, која го води случајот „Империја“, вели дека сите одлуки и списи што излегувале од специјалното...

Македонија18 часа

СЈО се огради од Јанева, од таму бараат да се сочува интегритетот на институцијата

Ленче Ристоска од СЈО, во име на сите обвинители, но и на целиот истражителски тим на СЈО, истакна дека примерен...

Спорт18 часа

Надал во финалето навивал за Ѓоковиќ

Рафаел Надал навивал за Новак Ѓоковиќ против Роџер Федерер во финалето на Вимблдон, им открил на шпанските медиуми Тони Надал....

Македонија18 часа

(Видео) Мицкоски бара притвор за Катица Јанева

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за вчерашното апсење вели дека е голем октопод, дека има злоупотреби на медиум и дека...

Македонија19 часа

Брендирана гардероба, накит, часовници и уметнички предмети меѓу доказите за Боки 13

Тимот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во соработка со Министерството за внатрешни работи во текот...

Македонија21 час

Кривичниот суд му порача на Јовески, место да ги критикува судиите, да си погледне во сопствениот двор

Скопскиот Кривичен суд во соопштение до јавноста реагира на вчерашната изјава на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески дека на судиите,...

Свет22 часа

(Видео) Се урна зграда во Мумбај, над 40 затрупани

Десетици луѓе останаа затрупани по уривање четирикатница во индискиот град Мумбај. Станбената зграда во густо населеното подрачје се урнала затрупувајќи...

Свет22 часа

(Видео) Во Калифорнија експлодира куќа, има и жртви

Еден човек загина, а 15 се повредени кога експлодира куќа во Калифорнија, објави Си-ен-ен. Причина за експлозијата е оштетен гасовод....

Регион23 часа

Еден тон дрогa пронајдена во лабораторија за производство на марихуана во Република Српска

Во операцијата „Уникат“ во областа на Бања Лука полицијата на Република Српска откри голема лабораторија за производство на марихуана и...

Свет23 часа

Асанж нема да биде екстрадиран во земјите каде што му се заканува смртна казна

Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, нема да биде екстрадиран во земјите во кои му се заканува смртна казна, рекол британскиот...

Македонија1 ден

Димитров: Системот почна да се бори со криминалот, сеирџиство и банално ликување не помагаат

Системот, со сите маани, почнува да се бори со криминалот, без разлика од каде доаѓа, напиша министерот за надвореши работи,...

Европа1 ден

На Алпите паднаа 30 сантиметри снег

На Матерхорн, еден од највисоките врвови на италијанските Алпи чија надморска височина е 4.478 метри, паднаа 30 сантиметри снег, кој...

Досие