Контакт

Забава

Викторија Бекам ја почести ќерката третман за лице од 230 долари

Објавено пред

46-годишната модна дизајнерка и нејзиното деветгодишно дете во текот на викендот уживаа во сеанса мајка и ќерка.

Поранешната „Спајс девојка“ Викторија – која во бендот девојки беше позната како Пош Спајс – сподели фотографија на Харпер на која специјалистката за кожа Тереза Термеј ѝ го негува лицето.

Објавата на својата инстаграм-приказна ја наслови: „Ден за лице со мама“.

Во меѓувреме, Викторија претходно откри дека по долг работен ден, Харпер е секогаш подготвена да ѝ помогне да се опушти и релаксира дома.

„Харпер честопати ми подготвува Епсом бања кога ќе се вратам од работа. Исто така, таа се занимава со третмани за убавина, што е навистина слатко. Понекогаш правиме наши маски за лице со малку мед од манука и органски овес”, вели Викторија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Кети Пери се здружи со „Покемон“ за нова музичка програма

Објавено пред

Поп-sвездата Кети Пери се здружува со култниот серијал на P25 Music во нов потфат по повод 25-годишнината на „Покемон“.

36-годишната Кети, која во август се породи со своето прво дете, ќерката Дејзи, сега е уште повеќе заинтересирана за оваа соработка, откако стана мајка.

„Сакам да бидам дел од сè што е разиграно… раскажување приказни кои имаат навистина добри пораки што треба да се споделат со светот. Сега, имам дете и сфаќам колку е важно да се игра“, вели таа.

Кети се потсети на неверојатното искуство што го имала кога била во Pokemon Cafe во Јапонија во 2019 година.

Таа во изјава за „Пипл“ рече: „Бев бремена кога бев таму. Тоа место е неверојатно. Ги донесе сите прекрасни спомени од детството. Одам во Јапонија од мојата 17-та година секоја година и навистина сакам сè што е создадено таму “.

Кети признава дека може да се поистовети со главниот јунак на Покемон, Пикачу.

 

Прикажи повеќе...

Забава

Ким Кардашијан и семејството подарија 30 часовници „ролекс“ за крај на нивното шоу

Објавено пред

Ток-шоуто „Дружење со семејството Кардашијан“ ги заврши своите последни сцени неодамна и за да го прослават крајот на една ера, Кардашијанови им подарија часовници од 10.000 долари на секој од 30-те членови на персоналот, пренесува порталот „ТМЗ“.

Под фотографијата со чаша шампањ што ја сподели за своите милиони следачи на Инстаграм, таа напиша: „Официјално плачам. Благодарам за секоја секунда”.

Најпопуларната sвезда на реалното шоу (40) сподели кусо бекстејџ-видео, на кое зад сцената со својата екипа го обележа крајот на шоуто „Дружење со семејството Кардашијан“.

„Тукушто го завршивме снимањето засекогаш. Зар не е тоа лудо? Сега пиеме со мојата екипа во мојот двор, се дружиме. На здравје – не знам – за 15 години, 20 сезони лудости и многу љубов“, вели таа во клипот.

Минатиот септември семејството Кардашијан соопшти дека по 14 години и 20 сезони, нивното ток-шоу завршува.

 

Прикажи повеќе...

Забава

Кевин Бејкон потфрли во депилирањето на бикини-зоната на сопругата Кајра Сеџвик

Објавено пред

Актерката го ангажирала сопругот да ѝ помогне во негата бидејќи салоните за убавина се затворени поради пандемијата и затоа што тој „обично е снаодлив и добар во многу работи“.

Сепак, се покажало дека неговите способности не се преточиле и во вешт козметичар за депилација со восок.

Кајра Сеџвик гостуваше во „Џими Кимел лајф“, кога на водителот му рече: „Сфатив дека ми треба депилација на бикини-зоната. Си реков колку тешко може да биде да се направи тоа. Сум гледала жените како го прават тоа со години. Отсекогаш го ценев нивното внимание на деталите, но не мислев дека ќе биде толку тешко“.

„Кев е неверојатно практичен, тој е навистина добар во многу работи. Тој е добар готвач, знае како да поправи работи … И двајцата рековме зошто да не го направи и тоа. Влегов на интернет и го нарачав најдобриот прибор со восок, ги погледнавме упатствата…“

Но сепак, 55-годишната актерка имала болен „агонизирачки“ третман благодарение на неконвенционалната техника на депилација на својот сопруг.

„Не велам дека тоа беше катастрофа, но вистинско чудо е што не завршив во оддел за итни случаи“, се пошегува таа.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија20 минути

Во последните 24 часа нема нови ковид – пациенти на интерните клиники во Скопје

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 14 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, а...

Европа2 часа

Унгарија отстапува од регулативите на Брисел, Орбан бара одобрување на кинеската вакцина

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изрази надеж дека во рок од неколку дена, националниот регулатор на лекови јасно ќе одговори...

Македонија2 часа

Новите членови на ДИК дадоа свечена изјава во Собранието

Новите членови на Државната изборна комисија дадоа свечена изјава пред претседателот на Собранието, Талат Џафери. Нови членови на највисокото изборно...

Македонија2 часа

Пендаровски: Палењето на знамето на Бугарија е за осуда

Палењето на знамето на Република Бугарија за време на карневалот во Вевчани е недопустливо и за осуда. Меѓу соседите е...

Свет3 часа

Поради недостиг од кислород починале сите пациенти во болничко крило во Бразил

Гувернерот на најголемата бразилска сојузна држава Амазон, Вилсон Лима, прогласи полициски час поради извештаите за голем пораст на бројот на...

Свет4 часа

СЗО: 95 отсто од произведените вакцини се распоредени во само 10 земји

Шефот на европскиот огранок на Светската здравствена организација (СЗО), Ханс Клуге, изјави во Копенхаген дека 95 проценти од вакцините против...

Свет5 часа

(Видео) Пјонгјанг ги покажа новите ракети – „Ова е слика на нашата апсолутна моќ“

Северна Кореја организира воена парада во центарот на Пјонгјанг со цел да го одбележи крајот на осумдневниот конгрес на Работничката...

Македонија5 часа

Захариева: Остар вербален демарш за Скопје поради палењето на бугарското знаме во Вевчани

Софија упати вербален демарш за Скопје поради запаленото знаме на Бугарија на карневалот во Вевчани, објави бугарската министерка за надворешни...

Македонија16 часа

Заев најави 50 отсто поевтина регистрација за возилата со странски таблички

Возилата со странски регистарски таблички ќе може да се регистрираат со 50 проценти намалени давачки од утврдената вредност на сите...

Европа17 часа

Во Австрија задолжителен негативен тест за влез во театар и за хотелско сместување

Австрискиот парламент денеска одобри владата да воведе задолжителен негативен тест за одење во театар и за хотелско смесутвање и покрај...

Македонија18 часа

15 починати и 396 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.192 тестирања, а регистрирани се 396 нови случаи на...

Домашен21 час

Игор Ангеловски ќе ја предводи фудбалската репрезентација на Европското првенство

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, ќе ја предводи нашата селекција на Европското првенство, кое ќе се одигра во...

Македонија21 час

Лекари од Македонија дел од мировната мисија „Одлучна поддршка“ во Авганистан

Претседателот Стево Пендаровски денеска имаше средба со шестчлениот медицински тим од јавното и военото здравство којшто ќе биде упатен во...

Свет22 часа

Трамп: САД се сведок на невиден напад врз слободата на говорот

САД се сведок на невиден напад врз слободата на говорот, рече американскиот претседател во заминување, Доналд Трамп, во видео-обраќањето. „Сакам...

Свет23 часа

Германска студија: Ризикот од ширење на коронавирусот во концертни сали е незначителен

Ново истражување во Германија за движење на честички во воздухот во затворен простор покажа дека постои незначителен ризик од инфекција...

Европа24 часа

Шефот на институтот „Роберт Кох“: Пандемијата ќе ја ставиме под контрола до крајот на годината

Германија ќе воспостави контрола над пандемијата на коронавирус до крајот на годината, но нов, позаразен вид на ковид може да...

Македонија1 ден

Од 21 јануари угостителските објекти ќе работат до 21 часот

Од следниот четврток, 21 јануари, угостителските објекти повторно ќе работат до 21 часот, а Комисијата за заразни болести размислува да...

Свет1 ден

СЗО: 13 експерти пристигнаа во Вухан, двајца задржани поради сомнение дека имаат вирус

Светската здравствена организација соопшти дека двајца експерти од нејзината мисија за утврдување на потеклото на новиот коронавирус во Кина сè...

Топ1 ден

Дете загина откако во него удрил автомобил во Тетово

Дете загина во сообраќајна несреќа што се случила вчера доцна попладнето на ул. Видое Смилевски-Бато во Тетово. До несреќата дошло...

Свет1 ден

(Видео) Протести во Брисел – запалена полициска станица, нападнато возилото на кралот

Во Брисел за време на протестите поради смртта на младо момче од африканско потекло, кој починал во притвор, избија немири...

Досие