Забава
Вил Смит тврди дека немало неверство во бракот

Актерот Вил Смит инсистира на тоа дека никогаш немало неверство во неговиот брак.
Џејда Пинкет Смит, сопругата на ѕвездата на „Кралот Ричард“, во 2020 година проговори за својата романса со пејачот Аугуст Алсина, но 53-годишниот Вил инсистира на тоа дека ништо што се случило во нивниот брак не било изненадување.
„Никогаш немало неверство во нашиот брак. Јас и Џејда зборуваме за сè и никогаш не сме се изненадиле еден со друг со ништо“.
Вил, кој го има синот Треј (29) од претходниот брак, и Џејден (23) и Вилоу (21) со Џејда, вели дека не му е грижа дали луѓето шпекулираат за неговиот брак и наместо тоа, тој ги охрабрува муабетите со надеж дека ќе поттикне значајна дебата.
„Решив дека муабетите за мојот живот може да бидат од корист за луѓето“, рече тој во разговор со Гејл Кинг во емисијата „Сандеј морнинг“ на Си-би-ес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Џоан Смолс порача од јахта: Обидете се да ја доловите фантазијата

Моделот на „Викторија сикрет“, Џоан Смолс, се огласи на својот инстаграм-профил во средата за да сподели низа фотографии од крстарење во друштво на пријатели.
Џоан ја покажа својата обликувана фигура во розови бикини.
Супермоделот (33) е фотографирана како стои на грбот на нејзин пријател додека го впиваат сонцето на палуба на јахта.
Џоан сподели и селфи заедно со фотографиите и напиша: „Обидете се да ја доловите фантазијата“.
Забава
Наоми Кембел воодушеви со својот изглед во Кан, но момчето со кое дојде останува енигма

Меѓу многуте ѕвезди што годинава дојдоа на Канскиот филмски фестивал е и славната манекенка Наоми Кембел.
Наоми пред три дена пристигна во Франција, а папараците ја уловија во градот Антиб, каде што престојува со маж, чиј идентитет не е познат.
Со неа и со непознатиот маж е и нејзината едногодишна ќерка, која вешто ја крие од очите на јавноста. Тие беа фотографирани додека шетаат во лежерно издание.
Инаку, таа се појави и на црвениот тепих во раскошна креација на модната куќа „Валентино“ привлекувајќи ги погледите на присутните.
Човекот со кој шеташе низ градот не се појави со неа на црвениот тепих.
Да потсетиме, Наоми минатата година стана мајка и ги изненади сите со веста дека се породила бидејќи не се знаело ни дека е бремена. На почетокот на оваа година манекенката откри дека ќерка ѝ не е посвоена, како што многумина шпекулираа. Сепак, Наоми сè уште не открила кој е таткото на девојчето.
Забава
Џони Деп на суд: Тврдењата на Херд се сурови и лажни

Актерот Џони Деп во средата повторно сведочеше во рамките на судскиот спор против поранешната сопруга Амбер Херд.
Деп се врати како сведок за да го побие тврдењето на Херд во судската битка за клевета потенцирајќи дека наводите за злоупотреба што таа ги изнесе против него се незамисливо брутални, сурови и лажни.
Ѕвездата на „Пиратите од Карибите“ (58) ја тужи Херд и бара отштета од 50 милиони долари бидејќи го клеветела кога тврдела дека трпи семејно насилство. Херд (36) поднесе контратужба за 100 милиони долари поради тоа што Деп и неговиот адвокатски тим ја нарекуваат лажга.
Во средата Деп и неговите адвокати се обидуваа да го побијат сведочењето на Херд дека физички и сексуално ја малтретирал повеќепати пред и за време на нивниот брак, кој заврши во 2017 година.