Забава
Вил Смит ќе глуми во нов трилер на Дејвид Лич

Вил Смит ќе ја има главната улога во нов трилер Fast & Loose („Брзи и лабави“) во режија на Дејвид Лич.
Проектот е развиен на STXfilms со Дејвид како продуцент, но во меѓувреме ниту една sвезда не беше ангажирана, а развојот доби побрзо темпо откако Вил се согласи да го претвори во негов следен филм.
Приказната следи еден човек кој се буди откако бил оставен како мртов, без сеќавање. Тој следи низа траги за да го открие својот идентитет и открива дека живеел два различни животи.
Во едниот, тој е успешен крал на злочинот, опкружен со убави жени, скапи играчки и раскошен начин на живот. Во другиот, тој е таен агент на ЦИА, но со оскудна плата, без семеен живот и со нула успеси.
Сепак, тој не може да се сети кое од овие две лица е неговиот вистински идентитет и кој живот всушност сака да го живее.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Жерар Депардје обвинет за силување и сексуален напад

72-годишниот француски актер е обвинет за сексуални напади врз млада актерка во август 2018 година во повеќе наврати.
Судски извор потврди за агенцијата „Франс прес“ дека против Жерард Депардје била поднесена кривична пријава во декември, откако претходно беа отфрлени првичните обвиненија поради недостаток на докази.
Според обвинението, двете силувања се случиле во домот на Депардје во 2018 година, како и голем број сексуални напади во слично време. Силувањата, наводно, се случиле на 7 и 13 август.
Младата жена е актерка, која, наводно, била во домот на актерот како семеен пријател. Депардје претходно тврдеше дека станува збор за „консензуална врска“ и дека тој ѝ нудел совети за кариера како добар пријател на нејзиниот татко.
Нејзиниот адвокат побара „да биде почитувана приватноста за актерката“ во целиот случај.
Забава
Tаткото на Лејди Гага: Целото семејство е вознемирено од насилниот инцидент

Шетач на кучиња бил застрелан во Лос Анџелес во средата навечер, а осомничените успеале да побегнат со две од трите кучиња на поп-ѕвездата Лејди Гага, пренесува „Фокс њуз“ и го цитира нејзиниот татко Џое Германота, кој вели дека целото семејство е потресено од насилството.
Рајан Фишер, човекот кој ги ѝ ги чува кучињата, бил пренесен во болница со прострелни рани и е во критична состојба.
Магазинот „Пипл“ цитира негов пријател кој тврди дека Фишер буквално би го дал својот живот за оние што се под негова грижа.
Поп-ѕвездата Лејди Гага нуди награда од 500.000 долари за враќање на нејзините француски булдози, Коџи и Густав, украдени во насилна расправија во Лос Анџелес, поради што човек се бори за живот, полицијата и извор близок до пејачката изјавија во четвртокот.
Гага, која беше во Рим на снимање филм кога беа украдени кучињата, првично не коментирала за кражбата. Сепак, полицискиот оддел во Лос Анџелес потврди дека двата француски булдози биле украдени под закана со оружје од 30-годишен маж на авенијата Сиера Бонита во Холивуд ноќта во средата.
Третото куче, Мис Азија, избегало и подоцна било пронајдено.
Инцидентот е последен во низата насилни кражби на француски булдози во САД во последните месеци.
Забава
Пандемиja или не, шоуто „Златни глобуси“ мора да продолжи

„Златните глобуси“ в недела (28 февруари) ја почнуваат сезоната на награди во Холивуд во ерата на пандемијата, по една година која ја испреврте индустријата за забава и ги натера сите селебрити-личности да комуницираат со веб-камери од своите софи дома, наместо да продефилираат по црвениот тепих.
Сепак, шоуто некако се одржува, иако без гламурозни гала-вечери, орди фотографи и дизајнерски фустани поврзани со прославата на најдобрите филмови и ТВ-емисии во годината.
Церемонијата в недела, што ќе се пренесува во живо на телевизијата „Ен-би-си“, за првпат ќе се одржи на два брега и со две водителки, комичарката Тина Феј во Њујорк и Ејми Полер во Беверли Хилс, Калифорнија.
Некои од презентерите, вклучувајќи ги Мајкл Даглас и неговата сопруга Кетрин Зета-Џонс, ќе се појават лично, но номинираните ќе присуствуваат од нивните домови или други локации низ целиот свет.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер