Забава
Витамин Д3 Крка – за сонцето секогаш да биде на ваша страна

Единствениот витамин Д3 кај нас кој е регистриран како лек без рецепт.
Витамин Д3 Крка ја надополни палетата на квалитетни и ефикасни лекови на Крка, една од водечките генерички фармацевтски компании во светот.
Овој значаен витамин има влијание врз бројни витални функции: го регулира метаболизмот на калциум и фосфати, овозможува минерализација на коските и ја подобрува нивната отпорност. Затоа е од клучно значење за развојот и обновувањето на коските и забите, како и за подобра функција на имунолошкиот систем.
Токму недостигот на витамин Д, тема која е број 1 во глобални рамки, беше поставена и на средбата со новинарите, организирана од страна на Крка-Фарма Скопје.
Според д-р Александар Митов, м-р по јавно здравје и влијанија на животната средина врз здравјето, недостигот на витамин Д е честа појава кај луѓето кои претежно се во затворени простории, не се рекреираат на отворено, кај мали деца, тинејџери, бремени жени, постари луѓе бидејќи нивната кожа произведува помалку витамин Д, кај луѓето со прекумерна телесна тежина, кај пациенти со одредени болести (гастроинтестинални, бубрези, црн дроб) и кај оние кои примаат одредени лекови (антиепилептици, глукокортикоиди).
Умерениот недостиг на витамин Д може да резултира со чувство на хроничен замор, некарактеристична хронична болка во мускулите, помала отпорност на акутни респираторни инфекции во текот на зимскиот период, особено вируси, а кај постарите лица може да се карактеризира со помала густина на коските, што предизвикува чести падови и скршеници.
ВИТАМИН Д3 Крка е достапен во форма на таблети кои содржат 1000 IE (25 µg/l) холекалциферол (витамин Д3), што е препорачана дневна доза за превенција и третман на недостаток на витамин Д, истакна м-р Ѓошевска и надополни дека истиот е обезбеден со висока стабилност на производот на три нивоа:
· Активна состојка дополнително стабилизирана со витамин Ц.
· Производствен процес во услови на ниска влажност.
· Алуминиумска фолија која не пропушта светлина и влага и го штити витамин Д3 во текот на целиот рок на траење.
ВИТАМИН Д3 Крка е лесен за употреба, една таблета на ден.
Има пријатен, неутрален вкус и не содржи конзерванси, бои, ароми и глутен. Повеќе за производот може да прочитате на www.vitamind3krka.mk.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Памела Андерсон има нова емисија за приготвување храна од растително потекло

Актерката Памела Андерсон почнува емисија за готвење на билна база на канадскиот ТВ-канал Food Network Canada.
55-годишната ѕвезда ќе ја предводи новата серија со работен наслов Pamela’s Cooking With Love („Памела готви со љубов“), нарачана од студиото „Корус“.
Андерсон ќе се здружи со тим врвни кулинари во својот дом во Канада. Тие ќе работат на разни оброци од растително потекло и менија.
Студиото исто така даде зелено светло за обновување на втората сезона на Garden of Even („Рајска градина“) додека таа го реновира имотот на своето семејство на островот Ванкувер.
Забава
Адвокатите на Алек Болдвин бараат да се дисквалификува специјалниот обвинител за случајот Rust

Адвокатите на Алек Болдвин бараат изземање на специјалниот обвинител во случајот со убиството на снимателката Халина Хачинс.
64-годишниот актер и продуцент на нискобуџетскиот вестерн треба да се појави на суд на 24 февруари во врска со смртта на Хачинс, но адвокатите на Болдвин поднесоа барање, во кое инсистираат Андреа Риб, обвинител и државен пратеник, да биде изземена од случајот нарекувајќи ја нејзината вклученост „неуставна“.
Во барањето поднесено во вторникот адвокатите на Болдвин наведуваат: „На пратеничката Риб уставно не ѝ е дозволено да биде истовремено законодавец и специјален обвинител“.
„Со тоа на иста личност ѝ се доделуваат две темелни овластувања од разни гранки на власт – законодавство и казнено гонење – што е забрането со едноставниот јазик на член 3 од Уставот на Ново Мексико“.
Риб беше избрана во Претставничкиот дом на Ново Мексико во ноември.
Во меѓувреме, Болдвин претходно најави дека ќе се бори против обвинението за убиство од небрежност.
Во случај да биде прогласен за виновен, тој се соочува со казна затвор до пет години.
Забава
Не се обидувам да го сопрам времето: Сара Џесика Паркер за стареењето

Сара Џесика Паркер е легенда и по неколку децении во центарот на вниманието, таа продолжува да биде инспирација за многу жени.
Како дел од кампањата со францускиот бренд за нега на кожа RoC, актерката во интервју за „Вог Париз“ (Vogue Paris) ги споделува своите размислувања за убавината, самодовербата, стареењето…
Запрашана за нејзиниот став за стареењето, Паркер одговори: „Јас навистина не размислувам за мојата возраст, не го гледам тоа како нешто за кое треба да се грижам“.
„Не знам дали е тоа негирање или дека едноставно не сакам да се соочам со реалноста!“
„Не гледам смисла да се обидувам да го застанам времето. Секако, се грижам за мојот изглед и сакам да изгледам репрезентативно кога е треба. Но, во секој случај, навистина не можам да направам многу за тоа што мислат луѓето за мојот изглед“.
„Како се чувствувам кога носам фустан, тоа е она што е важно“, вели актерката. „Се облекувам на начин што ме прави да се чувствувам добро и се надевам дека мојот стил е интересен и за луѓето“.
Ѕвездата на култната серија „Сексот и градот“ и новото поглавје „И едноставно така“ изрази фрустрација поради реакциите што ги добива за нејзините брчки или бела коса како жена во споредба со целосниот недостиг на реакции што ги добиваат мажите.
„Навистина не можам да бидам личност каква што другите очекуваат да бидам“.
Паркер е благодарна и за лекциите што ги научила во своите 57 години.
„Не можам да кажам дека се чувствувам подобро во моето тело, порано можев да поминам два часа на снимање, а колената и стапалата да не ме болат“, откри таа.
„Но, во мојата глава апсолутно се чувствувам 100 проценти подобро. Со текот на времето ги акумулираш сите искуства, знаење и информации, правиш грешки и учиш. Колку повеќе учиш, толку подобро знаеш како да реагираш и да се справиш со предизвиците, проблемите или разочарувањата“.