Контакт

Забава

Вкусни полнети пиперки по рецепт на вашите баби

Објавено пред

Полнетите пиперки во лето се еквивалент на сарма во зима, а нивната подготовка е речиси иста.

Рецептот за полнети пиперки е прилично едноставен и, ако се придржувате до него, ќе направите вкусен оброк ист како што го правеа вашите баби.

Ова јадење може да се направи на неколку начини, а најдобар е класичниот – пиперки полнети со месо и ориз.

Состојки: Жолти пиперки или бабури со средна големина (10-12 пиперки), 1 кг мелено месо (мешано говедско и свинско или чисто говедско), 7 дл течен домат,230 гр ориз, 1 јајце, 1 кромид, половина чешне лук, вегета, сол, црн пипер, 2 лажички црвен мелен пипер, мало купче ситно сечкан магдонос, 3 дл вода,мала чаша брашно.

Подготовка на смесата за полнење: Кромидот и лукот ситно исечкајте ги и ставете ги да се динстаат во загреаното масло. Кога кромидот малку ќе потемни, додадете го оризот и продолжете да динстате околу две минути. По завршувањето, оставете ја смесата да се излади.

Во поголем сад, потоа измешајте го месото, едно јајце, оризот, кромидот, лукот и зачини. Мешајте ја смесата со рака додека не стане компактна.

Начин на приготвување: Наполнете ги пиперките со смесата. Во голем тенџере или тава, сварете домати со вода. Додадете сол и црн пипер по желба и оставете го сосот да зоврие, а потоа во него додадете ги претходно наполнетите пиперки.

Гответе на тивок оган додека месото не омекне. Од час и половина до два.

Кон крајот на готвењето, додадете лажичка брашно измешано со малку вода во која сте додале мелена црвена пиперка. Ако сте љубител на традиционална запршка, испржете го брашното во малку масло, лук и црвен пипер. Истурете вода и мешајте додека не ја добиете саканата густина на сосот и додадете го во садот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Многу од она што слушате во документарците не е вистина, вели Бритни

Објавено пред

Бритни Спирс реагира на најновите документарни филмови за нејзиниот проблематичен живот – серијалот на „Њујорк тајмс“, „Еф-икс“ и „Хулу“ под наслов Controlling Britney Spears, како и Toxic: Britney’s Fight for Freedom на „Си-eн-eн“.

Иако не прецизираше за кој документарен филм се однесува, а двата беа објавени изминатиот викенд, Бритни напиша дека гледала еден од нив, и им кажа на фановите дека многу од она што видела не е вистина.

Обраќајќи им се на фановите во долга објава на Инстаграм во понеделникот, таа рече: „Мразам да ве известам, но многу од она што го слушнавте не е вистина!“

Едно од тврдењата дојде од поранешен припадник на обезбедувањето, кој рече дека таткото на Бритни, Џејми Спирс, имал постојан надзор над сите комуникации на својата ќерка во текот на спорното старателство.

„Гледав малку од последниот документарец,“ призна Бритни, а потоа почна саркастично да ја критикува програмата за која таа смета дека ја прикажува во невкусно светло.

„Навистина се обидувам да се оградам од драмата! Тоа е минато !!! “, напиша таа и сподели нова фотографија од себе.

Прикажи повеќе...

Забава

Ронда Роузи и Тревис Браун добија ќерка

Објавено пред

Американската професионална борачка и поранешен уметник во борачки вештини, Ронда Роузи, ја откри среќната вест преку својот инстаграм-профил во понеделникот поздравувајќи го своето прво дете со сопругот Тревис Браун.

34-годишната Роузи објави две фотографии на кои се гледа раката на новороденчето, кое го доби името Лакеа.

„Добредојде на овој свет Лакеа Макалапуаокалан Браун. Ти си неверојатно сакана!“, напиша таа покрај фотографиите.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Ексклузивен клип од „Црвено известување“

Објавено пред

Стриминг-платформата „Нетфликс“ објави ексклузивен клип од претстојниот филм Red Notice („Црвено известување“), акција-трилер со Двејн Џонсон, Гал Гадот и Рајан Рејнолдс.

Red Notice е еден од најскапите филмови во историјата на оваа стриминг-платформа. Сторија за агент на Интерпол, кој се обидува да го фати најбараниот крадец на уметнички дела во светот.

„Нетфликс“ го објави клипот во текот на својот прв глобален настан за фанови – „Тудум“, именуван по џинглот што е препозатлив за платформата. За време на виртуелниот настан минатиот викенд, фановите имаа можност да ѕирнат во претстојните содржини и да проследат панел-дискусии со ѕвездите на десетици серии и филмови во продукција на „Нетфликс“.

Премиерата на „Црвено известување“ се очекува на 12 ноември.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Животот во Сиднеј за невакцинираните станува сѐ потежок – може да им се забрани влез и во продавници

Граѓаните на Сиднеј, кои не се вакцинирани против коронавирусот, ризикуваат да добијат забрана за разни социјални активности. Според планот за...

Македонија2 часа

Трета доза вакцина вчера примиле 69 граѓани

На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера, вакцинирани се вкупно 784.244 граѓани. Прва доза вакцина вчера...

Македонија3 часа

Речиси 47 отсто од населението над 18 години е вакцинирано со една доза вакцина

Заклучно со 26 септември со една доза вакцина против Ковид-19 вакцинирани се 46,9 % од населението над 18-годишна возраст, соопшти...

Свет4 часа

(Видео) Силна експлозија во зграда во Гетеборг натера луѓе да скокаат од прозорец, најмалку 25 повредени

Најмалку 25 луѓе се повредени во експлозија што се случи денеска во станбена зграда во Гетеборг. Шведската полиција соопшти дека...

Регион4 часа

Нов силен земјотрес на Крит – стотици луѓе ја поминаа ноќта во шатори

По немирна ноќ и неколку силни земјотреси што вчера го погодија Крит, жителите на Ираклион утрово ги разбуди нов силен...

Македонија4 часа

Попишани 1.619.857 граѓани во земјата и 198.589 од дијаспората, остануваат уште два дена од пописот

Во земјата до вчера се попишани 1.619.857 лица, 503.491 домаќинство и 711.695 стана. Можноста за самопопишување на лица во странство,...

Македонија5 часа

Претседателката на Европската комисија денеска во Скопје, а утре еврокомесарот Вархељи

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, денеска попладне ќе допатува во посета на Скопје. Како што беше најавено,...

Македонија18 часа

Од модуларната болница во Штип избегал 84-годишен пациент

Вчера попладне, 84-годишен пациент избегал од модуларната болница во Штип, но подоцна бил вратен од полициски службеници. „На 26.09.2021 во...

Македонија21 час

Регистрирани 112 нови случаи на коронавирус, починаа 13 лица

Во последните 24 часа направени се 1.726 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 82, Кавадарци...

Европа24 часа

Олаф Шолц: Дојде време ЦДУ/ЦСУ да замине во опозиција

Пo објавувањето на нецелосните официјални резултати од парламентарните избори во Германија денеска рано наутро, социјалдемократите (СПД) и нивниот кандидат за...

Македонија24 часа

Пендаровски: Политичките тензии на моменти ја парализираат државата

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на свечениот научен собир „Современата македонска држава – две етапи во процесот на нејзиното...

Македонија1 ден

Црвенковски: Ако нашата идеја е „НАТО ќе нѐ брани, ЕУ ќе нѐ храни“, ниту ќе се одбраниме ниту ќе се нахраниме

Како поранешен премиер и претседател на Република Македонија имам право, но и обврска да проговорам, за тоа каде според мои...

Македонија1 ден

Шефицата на Европската комисија утре во Скопје

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, утре ќе допатува во земјатаа, а ќе ја пречека премиерот Зоран Заев...

Европа1 ден

(Видео) Најмалку една жртва по серијата земјотреси во Грција, Турција издаде предупредување за цунами

Неколку земјотреси утрово го погодија грчкиот остров Крит, а најсилниот беше со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала, јавуваат...

Свет1 ден

По три месеци, Сиднеј го укинува целосното затворање

Австралиските власти најавија крај на тримесечното целосно затворање за вакцинираните жители на Сиднеј. Карантинот во Сиднеј и во преостанатиот дел...

Македонија1 ден

СДСМ со митинг во Битола, ВМРО-ДПМНЕ во Охрид – почнува кампањата за локалните избори

Од денеска почнува изборната кампања за локалните избори, кои се закажани на 17 октомври. Кампањата за првиот круг ќе заврши...

Македонија1 ден

Почнува вакцинирањето со трета доза во Македонија

Граѓаните што имаат над 60 години, здравствените работници и лицата со имунолошки болести од денеска со потврда ќе може да...

Топ2 дена

Пронајден починат лекар во Психијатриската болница „Скопје“

Дежурен лекар во Психијатриската болница „Скопје“ бил пронајден починат синоќа по полноќ на работното место. Како што соопшти МВР, здравствениот...

Регион2 дена

Борел: Ја следиме ситуацијата на северот на Косово, провокациите се неприфатливи

Високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел рече дека внимателно се следи ситуацијата на северот на Косово и им кажа на...

Македонија2 дена

Регистрирани 336 нови случаи на коронавирус, починаа 17 лица

Во последните 24 часа направени се 3.425 тестирања, а регистрирани се 336 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 169, Велес...

Досие