Контакт

Бизарно

Властите во Мајорка апелираат до туристите: Престанете да умирате тука

Објавено пред

Градоначалникот на Магалуф на Мајорка воведе нови законски мерки за да стави крај на бранот трагедии што се случиле во ова шпанско летувалиште. Алфонсо Родригез Бадал истакнува дека што побргу мора да се спречи умирањето на млади луѓе кои скокаат во базен од балкони. Тој објаснил дека е шокиран со бројот на трагедии што  се случиле на овој начин, а посебно ова лето.

„Не смееме да дозволиме туристите да доаѓаат тука и да умираат на ваков глупав начин“, рекол тој.

Алфонсо ја повикал полицијата да ги заостри контролите, но и локалците да престанат со агресивната продажба на алкохол.

„Станува збор за едноставни мерки со кои сакаме да спречиме вакви инциденти. Од година в година продолжуваат да се случуваат трагедии, и тоа баш во нашата општина, која и оваа година е шокирана од смртта на млади луѓе“, рекол тој.

Скокањето од балкони во хотелите е толку застапено во шпанските хотели па локалците поставиле знаци со кои ги исмеваат Британците поради скокањето од високи балкони во базени.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Бизарно

Куче починало 15 минути по неговиот сопственик кој боледувал од рак

Објавено пред

Уште кога во 2011 година Стјуарт Хачисон бил дијагностициран со тумор на мозокот, неговиот лојален француски булдог, по име Неро, постојано бил покрај него.

Кога младиот пациент болен од рак починал на возраст од само 25 години на 11 август 2019 година, животот на Неро згaснал само 15 минути подоцна, пишуваат британските медиуми.

Кај Стјуарт бил дијагностициран тумор на мозокот пред 8 години, по што тој бил подложен на операција и хемотерапија со цел да ја лекува тешката болест. Но, карциномот се раширил на неговите коски и се формирал уште еден агресивен тумор.

Стјуарт, кој се оженил со сопругата Даниела (22), во јануари, неговиот двегодишен француски булдог го именувал Неро.

Двојката имала уште две други кучиња, Нала, на возраст од четири години, и Амелија – кутре од Нала и Неро.

Мајката на Стјуарт, Фиона Конахан (52), скршена од болка изјавила:

„Стјуарт почина околу 13:15 часот тој ден, а Неро почина приближно 15 минути подоцна. Имаше три кучиња, но со Неро беа особено блиски“.

„Неро беше кучето кое секогаш беше со него. Даниела е скршена што ги загуби двајцата, но се бори со болката“, додала мајката.

Фиона објаснила дека четири недели пред да почине, Стјуарт од болница бил префрлен во неговиот дом.

„Тој сакаше да умре дома, таму каде што се родил. Се грижевме за него. Го очекувавме тоа. Го очекувавме, но сепак е тешко. Tрауматично e кога конечно ќе се случи“, објаснила мајката, додавајќи дека во текот на последните 4 недели од животот на Стјуарт кај Неро ветеринарите детектирале проблеми со ‘рбетот иако претходно кучето немало никакви здравствени компликации.

Прикажи повеќе...

Бизарно

(Видео) Вработена на аеродром добила отказ зашто му порачала на патник дека е грд

Објавено пред

Вработена во обезбедувањето на аеродром во Њујорк доби отказ од работа кога на еден патник му врачила ливче со рачно напишана порака „Ти си грд!!!“

Инцидентот се случил во текот на јуни, но за него се дозна пред неколку дена кога патникот Нил Страснер добил снимка од надзорните камери и ја поставил на „Јутјуб“.

На снимките од меѓународниот аеродром „Грејтер Рочестер“ се гледа како вработената во обезбедувањето му врачува порака на Страснер кога тој поминал низ детекторот за метал.

Страснер вели дека во тие моменти не размислувал за пораката и се упатил кон излезот, но работничката викнала по него: „Зарем нема да ја прочиташ пораката?“

Кога му довикнала, таа почнала да се смее, a Страснер подоцна се пожалил кај нејзините претпоставени.

Одделот за безбедност во сообраќајот соопшти дека жената била привремено вработена како припадник на обезбедувањето додавајќи дека има нулта толеранција за такво поведение на работниците.

Прикажи повеќе...

Бизарно

(Видео) По 50 години, најдена порака во шише од руски морнар

Објавено пред

На брегот на западна Алјаска на почетокот на овој месец било пронајдено шише во кое се наоѓала порака од руски морнар напишана пред 50 години, а благодарение на социјалните мрежи набргу бил пронајден и авторот.

Пораката во зелено шише ја нашол човек додека собирал дрва.

Тајлер Иваноф го објавил откритието на „Фејсбук“, а корисниците што знаат руски јазик ја превеле пораката и таа значела поздрав на руски морнар уште од времето на Студената војна. Во неа е напишана адреса и се бара одговор од лицата што ќе ја најдат.

Новинари на руската телевизија „Русија 1“ откриле дека авторот на пораката е капетанот Анатолиј Ботсаненко.

„Изгледа дека е мој ракопис. Сигурно!“ рекол Ботсаненко наведувајќи дека пораката ја испратил додека бил на бродот „Сулак“, чија изградба ја надгледувал во 1966 година и со кој пловел до 1970 година.

Ова откритие стариот капетан го примил многу емотивно и се расплакал кога слушнал од новинарите дека неговата пловна база е фрлена во отпад во деведесеттите години.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ31 минута

2019 е најцрна година на патиштата во земјата – за шест месеци загинале 70 лица

Декларативни заложби, намален интизитет на активности и реформи, никакви суштински и системски промени. Искршени возила, семејства што живеат во трагедии...

Топ1 час

(Видео) Очевидци раскажуваат: Возачот се обиде да го изгасне пожарот во автобусот, но огнот бргу се ширеше

Двокатниот автобус со број 5 на ЈСП, кој гореше во близината на Oпштината Ѓорче Петров, се запалил пред автосервис. Возачот...

Македонија2 часа

Фатиме Фетаи: Секој што згрешил мора да одговара

„Никој не е недопирлив“, вели обвинителката Фатиме Фетаи по проширувањето на истрагата за случајот „Рекет“ и приведувањето на шефицaта на...

Македонија3 часа

(Видео) Се запали автобус на ЈСП во Ѓорче Петров, нема повредени патници

Автобус на ЈСП со број 5 утрово се запали во близина на Општината Ѓорче Петров. Од ЈСП информираат дека при...

Македонија3 часа

СДСМ: Правната држава функционира, законите важат за сите

Правната држава функционира, а законите важат за сите еднакво, коментира СДСМ преку соопштение кога вчера беше приведена специјалната обвинителка во...

Свет4 часа

Во Тексас извршена смртна казна, осуденикот тврдел дека е невин

Во Тексас е извршена смртна казна над Лери Сверинген (48), кој беше осуден на смртна казна во 2000 година за...

Македонија4 часа

„Ла Верита“: Катица Јанева е осудена да стане громобран за сите судии и политичари вклучени во системот за изнуда

Италијанскиот весник „Ла Верита“ најавува дополнителни докази кои потврдуваат директна контрола од страна на државниот врв врз активностите за изнудувањето...

Европа5 часа

Меркел и Џонсон се уверени дека ќе се најде решение за брегзитот

Британскиот премиер, Борис Џонсон, и германската канцеларка, Ангела Меркел, во Берлин изјавија дека се убедени дека ќе се најде решение...

Македонија16 часа

(Видео) Русковска: Не би барала притвор за Јанева без доволно докази

Обвинителката Вилма Русковска по одлуката на судот да ѝ одреди 30-дневен притвор на Катица Јанева, вели дека нејзината колешка претхдно...

Македонија16 часа

(Видео) Триесет дена притвор за Катица Јанева

Од вечерва шефицата на СЈО, Катица Јанева, е во истражниот затвор „Скопје” во Шуто Оризари. Судија на претходна постапка ѝ...

Регион17 часа

Закани за бомби испратени до редакции и аеродроми во Бугарија

Бугарската полиција почна да истражува неколку закани за бомби испратени преку е-пошта до медиумски куќи во Софија и до најголемите...

Македонија19 часа

Павлески: Јанева е жртва на случајот „Рекет“

Адвокатот Стеван Павлески кој ја застапува шефицата на СЈО, Катица Јанева, за случајот „Рекет“ вели дека таа е жртва на...

Македонија20 часа

(Видео) Влада: Одговорност мора да има за сите инволвирани во случајот „Рекет“.

Од Владата соопштија дека отворениот случај „Рекет“, во кој сега осомничена е и првата специјалната обвинителка Катица Јанева, потврдува дека...

Македонија20 часа

Катица Јанева донесена во Кривичен суд на распит

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева попладнево откако беше уапсена, однесена во специјалното јавно обвинителство и во нејзиниот дом, спроведена е...

Македонија20 часа

Заврши претресот во куќата на Јанева, со полиција однесена на распит во суд

По два часа заврши вториот претрес во куќата каде што живее шефицата на СЈО, Катица Јанева. Таа по претресот во...

Македонија23 часа

Обвинителството бара притвор за Јанева, стекнала имотна корист од 298.000 денари

Јавното обвинителство бара притвор за специјалната јавна обвинителка Катица Јанева по проширувањето на истрагата за случајот „Рекет“ и попладнево беше...

Македонија23 часа

Во присуство на Јанева се врши претрес во СЈО

По приведувањето на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, од нејзиниот дом во скопската населба Козле, таа е донесена во просториите...

Топ1 ден

Скопјанец загина при пад на кран кај зградата на ФФМ, оштетени се и две возила

Скопјанец на возраст од 56-години загинал при работен зафат на зградата на ФФМ во попладневните часови на 20 август. Како...

Регион1 ден

Опозицијата во Албанија го обвини Рама дека украл милијарда евра

Лидерот на албанската опозиција, Љуљзим Баша, во нова видеопорака на социјалната мрежа „Фејсбук“ го обвини албанскиот премиер, Еди Рама, за...

Свет1 ден

Преродба на големата осумка, Трамп и Макрон ја поканија Русија на Г7

Американскиот претседател, Доналд Трамп, го одобри предлогот на Емануел Макрон да ја покани Русија на самитот Г7 во САД в...

Досие